3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
АвтомобилизамПрегласната музика добра за расположението, но штетна за возењетоРечиси секој возач додека вози, сака да слуша музика. Во зависност од вкусот и расположението, се слуша рок, поп, џез, фолк… Но, истражувањата покажуваат дека видот и јачината на музиката влијаат врз расположението на возачите, а со тоа и врз брзината на возење. Експертите тврдат дека погласната музика и музиката со побрз ритам влијае врз адреналинот на возачот и го тера да вози побрзо, а потивката и музиката со побавен ритам не предизвикува адреналински скок кај возачот и тој вози повнимателно. – Општопознат факт е дека возењето е мултитаскинг-активност која бара концентрација, внимание и посветеност. Основна задача на секој возач е внимателно да ги следи состојбите и случувањата во сообраќајот. Внимателното и будното следење на состојбите и случувањата во сообраќајот му дава можност на возачот брзо и ефикасно да интервенира во случај на непредвидени и несакани ситуации, кои неретко се случуваат во сообраќајот. Согласно наведеното, секое дејство, случување или настан (слушање гласна музика, зборување на телефон, јадење, козметичко средување, пушење цигари итн.) што го одвлекува вниманието на возачот, директно влијае во насока на загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, бидејќи на тој начин се намалува возачката способност на возачот. Прегласната музика едноставно е штетна при возењето, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Едно истражување во кое биле вклучени волонтери ставени на симулатор покажа дека оние испитаници на кои им беше пуштена тивка музика или кои воопшто не слушаа музика ја променија сообраќајната лента околу 70 пати, а оние кои слушаа музика со брз ритам истата лента ја променија дури за 140 пати или двојно повеќе од првите. Оттука препораките на експертите се да се слуша музика со помалку од 120 бита во минута додека се вози. Британската кредитна и лизинг-компанија за автомобили Манибар анализирала 96 најпопуларни песни и има составено листа на најопасни и најбезбедни песни за возење. Така, во групата најопасни песни за возење оваа британска компанија ги вбројува American Idiot – Грин деј, Party in the USA – Мајли Сајрус, Mr. Brightside – Килерс, Don't Let Me Down – Чеинсмокерс и Born to Run – Брус Спрингстин. Најбезбедни песни за возење, пак, според Манибар се Stairway to Heaven – Лед цепелин, Under the Bridge – Ред хот чили пеперс, God's Plan – Дрејк, Africa – Тото и Location – Калид. Според експертите, прегласната музика не само што влијае врз брзината на возење, туку е штетна и за самото возење бидејќи од јачината на музиката во автомобилот, возачот не може да ги слушне надворешните звуци во сообраќајот ниту, пак, звукот на моторот на автомобилот, кој е главниот репер за исправноста на возилото. – Прегласната музика оневозможува возачот да ги следи и да ги регистрира надворешните звучни сигнали, како што се свирките од останатите возачи, сирените на противпожарните возила, полицијата, амбулантните возила и слично. Исто така, гласната музика оневозможува да се слушне звукот на моторот, кој може многу да кажува за моменталната состојба на возилото. Исто така гласната музика оневозможува да се следат реакциите и случувањата во околината, посочуваат од РСБСП. Оттаму апелираат возачите да бидат внимателни и концентрирани секогаш кога се наоѓаат зад управувачот на возилото и да не преземаат никакви дејства кои на кој било начин, директно или индиректно, имаат ефект на одвлекување на вниманието на возачот и на намалување на неговата возачка способност. РСБСП препорачува да се вози со музика со бавен ритам и гласност која овозможува да се слушне моторот на автомобилот и која овозможува да се следат случувањата во сообраќајот. – Внимателно, концентрирано и одговорно управување на моторното возило е предуслов за безбедно одвивање на сообраќајот, нагласуваат од РСБСП. Во државава досега не е изготвена студија или истражување за тоа како влијае гласната музика врз однесувањето на возачите. Но, истражувањата од релевантни меѓународни организации покажуваат дека слушањето гласна музика, возењето на повеќе лица во еден автомобил или други слични активности се значаен ризик-фактор што ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот. – Наведените ризик-фактори особено се изразени и влијаат на однесувањето на младите и неискусни возачи. Истражувањата исто така покажуваат дека на глобално ниво, бројот на сообраќајни незгоди кои се последица на одвлечено внимание се во континуиран раст и токму затоа оваа проблематика заслужува многу сериозно внимание во периодот што следува, посочуваат од РСБСП./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook