Прегазен човек на булевар во Ново Лисиче - Канал 5

Прегазен човек на булевар во Ново Лисиче

Вечерва на булеварот Видое Смилевски Бато во населбата Ново Лисиче е прегазен човек на околу 50 години .

Прегазен човек на булевар во Ново Лисиче

Според информациите кои за Канал 5 ги потврдија од полицијата , прегазен е средовечен маж , кој им подлегнал на повредите.

Во 20,23 часoт во СВР Скопје пријавeno e дека на бул.В.С.Бато во близина на Стопанска банка е случена сообраќајна незгода во која автомобил „ Шкода Октавија“ со германски табличкии, управувано од М.Ц. (49) удрило во пешак.Станува збор за машко лице на возраст од околу 50 год..По доаѓање на итната медицинска помош констатирана е смрт кај пешакот. Увидот е во тек .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Нова фекална канализациона мрежа во Пинтија

 Општина Кисела Вода ја финализираше изградбата на новиот крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. 

​Нова фекална канализациона мрежа во Пинтија

Со овој инфраструктурен проект се надминува повеќегодишниот проблем на жителите од овој дел на општината, кои конечно добиваат соодветно и стандардизирано одведување на отпадните води. Изведена е нова фекална канализација во должина од 320 метри, при што се поставени 15 нови ревизиони шахти. Новата мрежа е директно поврзана со постоечката канализациска инфраструктура на улицата „Саса“. Се работи за проект финансиран од Општина Кисела Вода, додека дел од материјалите беа обезбедени во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

-Реализацијата на овој проект е директен одговор на барањата на граѓаните од овој дел на Пинтија. Моето ветување до нив беше дека ова прашање ќе биде решено во најскоро време, и денес тоа ветување е реалност. Со изградбата на новата мрежа, го надминуваме овој комунален предизвик и обезбедуваме достоинствени услови за живот. Општина Кисела Вода продолжува со континуираните инвестиции во изградба и реконструкција на подземната инфраструктура во секое населено место- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Ирена Гетцова.

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

Министерот Сали ѝ посака добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

На средбата се разговараше за билатералните односи и европската перспектива на Северна Македонија. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешка за членството на земјата во Европската Унија, нагласувајќи ја важноста на партнерството со земјите членки во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Внимание беше посветено на можностите за размена на чешките искуства од процесот на пристапување и користењето на европските фондови, како и на потенцијалот за проширување на економската, образовната и културната соработка.

Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочувањето на соработката со Чешката Република, во функција на унапредување на процесот на европска интеграција и остварување конкретни придобивки за граѓаните.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес - конференција. 

Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче посочи дека промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот. Тој посочи дека падот на Виктор Орбан во Унгарија и политичките промени во Србија се сигнал дека системот на поврзаност меѓу власта, бизнисот и медиумите постепено се распаѓа.

„Некој ќе коментира зошто славиме и дали славиме туѓи избори. Не. Туку го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот. Затоа што тие бизнис, политички и медиумски спрегi на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите кои што го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим“, рече Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ подолго време предупредува за поврзаноста на власта на Мицкоски со политичките и бизнис-структури во регионот, додавајќи ВМРО го следи моделот на Српската напредна странка, а Александар Вучиќ е политичкиот ментор на Мицкоски.

„Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека зад ваквиот модел стојат бизнис-интереси, особено во енергетиката, трговијата со електрична енергија и финансискиот сектор. Тој потсети на врските со компанијата „Руднап“, министерката Сања Божиновска и Душан Адамовиќ, влезот на Алта банка, поврзаноста на луѓе од српската власт со наркобизнисот и релациите со компании во Македонија блиски до премиерот Мицкоски.

„Пет тони дрога во „Скај“ преписките, пред некое време, излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот. Од највисокиот врв, преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин. Луѓето кои што тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски. Пет тони дрога кои што директно водат до овие луѓе во Србија, а компаниите овде кај нас имаат директна релација со фирми блиски до премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Во делот на медиумите, Филипче нагласи дека на медиумскиот пазар во Македонија, власта овозможи влез на српските медиуми „Алo“ и „Еуроњуз“, без соодветна регистрација и тие служат за ширење пропаганда и дискредитирање на политичките противници.

„Српски медиуми, кои што не се никаде регистрирани, добиле тука, спротивно на законот, дозвола да работат. А кои луѓе? Се знае. Луѓето кои што испорачуваат тука тоа што Александар Вучиќ нарачуваше. Латас и неговата компанија. Дискредитираше, лажеше, ширеше лажни вести. Се служеше со секакви механизми. Мене лично ми дискредитираа. Убиец сум бил на деца, доктор Менгеле, згради во Дубаи и така натаму. Со години на нас ни рушеа кредибилитет, незаслужено, и за тоа да знаат дека ќе одговараат, ќе дојде денот кога ќе одговараат за тоа. Влезот на „Ало“ медиумите, влезот на „Еуроњуз“, тие луѓе работат тука, новинари, а немаат лиценца за работа. Сакаа, како последен чекор, свесни дека им се руши балканскиот октопод, авторитарен и криминален, како последен чекор да ги внесат тие медиуми тука кај нас “, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер