Предлог-буџетот за 2021 година на расправа во Собранието

Собраниската расправа по Предлог-буџетот за наредната година почнува од денеска во матичната Комисијата за финансирање и буџет. 

Согласно Деловникот на Собранието, во Комисијата може да трае до 10 работни дена, потоа со дополнување, доколку има прифатени амандмани, ќе се расправа на пленарна седница. На владиниот Предлог-буџет се поднесени 528 амандмани, од кои најголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ – 390 и останатите од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Владата го усвои Предлог-буџетот на 11 ноември, а министерот за финансии наредниот ден, на 12 ноември, го достави до Собранието, предавајќи го официјално на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

Буџетските приходи со предлогот се проектирани на 212,6 милијарди денари или за 8,3 отсто повеќе во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Расходите за 2021 година се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско ниво од расходите предвидени со вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 34,8 милијарди денари или 4,9 отсто од БДП, што е за 3,6 процентни поени помалку во однос на проектираниот буџетскиот дефицит за 2020 година.

Во фокусот на овој буџет се заздравување на економијата, забрзан раст, заштита на здравјето на граѓаните, на работните места, на стопанството, кратење на неприоритетните трошоци и подобра реализација на капиталните расходи.

Очекувањата се дека ефектите од рестриктивните мерки поради пандемијата во следната година ќе ослабнат и се очекува растот на економијата да достигне 4,1 отсто и 4,6 отсто во 2022 година.

Од Владата оценија дека предложениот буџет е за економска стабилност и забрзан раст, со долгорочна фискална консолидација за 2021-2025 година.

– Предлог Буџетот за 2021 година, обезбедува одржливост, рационализирање на трошењата со оптимизација на расходите на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги, како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата. Дополнително, обезбедена е буџетска резерва и во случај на продолжено траење на пандемијата, рече премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција со министерот за финансии на која го претставија предлог-буџетот.

Министерот за финансии Фатмир Бесими наведе дека со овој буџет се почнува нов концепт.

– Кога се подготвуваше буџетот за 2021 пристапивме согласно концептот на СМАРТ финансии. Планираме стратешки, подолгорочно и одговорно, воедно планираме тоа да биде одржливо, реформски и транспарентно. Планиравме паметно. Се консултиравме со деловната заедница, експерти, универзитетски професори, Делегацијата на ЕУ, Светска банка, ММФ, меѓународната заедница и останати општествени чинители. Со овој буџет почнуваме нов концепт, одиме подалеку од фискалната година од 12 месеци и ја менуваме со петгодишна рамка. Оваа среднорочна рамка го опфаќа растот, дефицитот, јавниот долг, како и капиталните проекти – кои вообичаено се реализираат во повеќе буџетски години и немањето среднорочна рамка е една од причините за послабата реализација, рече Бесими.

Со овој буџет предвидена е стратегија за заздравување на економијата и забрзан раст или SmartER Growth, политики за буџетска консолидација од 2021 до 2025 година и план на јавни инвестиции 2021-2025.

Стратегијата за заздравување на економијата и забрзан раст е насочена, пред се, кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, понатаму забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкуретноста и забрзување на растот по завршување на фазата на ревитализирање.

Очекувањата за 2021 година за нашата економија е дека ќе забележи раст од 4,1 отсто во 2021 година, по што во 2022 година се очекува раст од 4,6 отсто, во 2023 од 5,2 отсто, во 2024 од 5,6 отсто и во 2025 од 5,9 отсто. Проекцијата за 2025-2030 година е просечен раст на економијата од 5,75 отсто.

Предвидено е економското заздравување од Ковид-19 преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита на најзагрозените категории, како и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места. По економското заздравување, предвидени се мерки и политики за забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Тие ќе бидат во насока на добро управување – односно владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите. Исто така, обезбедување фискална одржливост, макроекономска и финансиска стабилност. Обезбедување и на локален и рамномерен регионален развој, одржлива и здрава животна средина и дигитализација на економијата и јавните услуги. Ќе се работи и на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири, а меѓу врвните приоритети ќе бидат и инвестициите во човечки капитал.

Предвидени се политики со кои во следните пет години постепено ќе се намалува дефицитот и истиот – во 2022 година е проектиран на -3,8 отсто, во 2023 година на -3,2 отсто, во 2024 на -2,8 отсто и 2025 година на -2,1 отсто. Со ова, според Бесими, на среден рок ќе се стабилизира и јавниот долг, односно проекцијата е дека до 2025 ќе се намали на 58,8 отсто од БДП.

Неговите оценки се дека Предог буџетот за 2021 година е буџет за ревитализација на економијата и враќање на патеката на економски раст – раст кој треба да биде двојно поголем во однос на изминатата деценија, или во просек 5 отсто од БДП. Со овој буџет, според него, поставуваме основи за градење на добар систем кој ќе гледа долгорочно, ќе има поголеми капацитети за антиципирање и планирање на политиките и соодветно ќе одговори на различни ситуации создава здрави основи за поголема предвидливост. Новиот систем на финансии – СМАРТ финансии е ориентиран кон стратешко планирање и мерење на резултатите. Ваквите системи се проактивни и даваат резултати. /МИА.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер