Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
БалканПреданието за Женската плажа во УлцињОд мај до октомври, влезот на познатата Женска плажа во Улцињ, Црна Гора, е дозволен само за дамите. Местото е совршено за жени кои сакаат да уживаат во приватноста, а имајќи предвид дека овде водата има повисок удел на сулфур, многу лекари ја препорачуваат и за лекување стерилитет. За овој дел од Јадранското Крајбрежје се раскажува и едно предание... Претседателот на Здружението на пријатели на Стариот град, Исмет Караманга во својата книга „Стар град, легенди и уметност“ ја запишал легендата за извесен Алија Уручиј од Улцињ... Тој бил во брак со Султанета. Но, за несреќа, тие не можеле да имаат деца, па според тогашните отомански закони, тој требало да ја остави својата сакана и да се ожени со друга. Мажот тоа не можел ни да го замисли... Поради тоа, како што оди натаму приказната, Али ѝ рекол на мајка сѝ дека има намера да се убие. Нејзе потоа на сон ѝ се јавил ангел и ѝ рекол да ја одведе снаата на едно место кај Улцињ каде што има извори со сулфурна вода и таа да се капе во нив 21 ден. Така и направиле... А, желбата на Султанета и Алија да станат родители набрзо станала стварност. Термалната вода оттука првпат била тестирана пред повеќе од 80 години, па oтогаш е и научно посочено нејзиното благотворно дејство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроника20 лица се уапсени викендов поради трговија со дрогаTask Force и викендов активно против недозволената трговија со дрога: 20 лица лишени од слобода.Од 2 до 4 октомври 2026 година, припадниците на Министерството за внатрешни работи, преку координирани активности на Работниот тим – Task Force, постапуваа во 13 случаи поврзани со недозволена трговија со дрога, на подрачјето на повеќе Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи. Во рамки на преземените активности извршени се повеќе прегледи и претреси на лица, возила, домови и други простории, при што е запленета поголема количина наркотична дрога, а 20 лица се лишени од слобода, меѓу кои и двајца странски државјани – од Полска и Чешка. Во текот на викендот, на подрачјето на СВР Струмица во еден од случаите полициските службеници пронашле и одзеле 59 стебла марихуана со вкупна тежина од околу 680 килограми, додека во друг случај пронајден е и одземен голем патнички куфер полн со марихуана. На подрачјето на СВР Скопје, при претреси на три локации што ги користело едно лице, одземени се осум кеси со околу 800 грама марихуана, при што лицето е лишено од слобода. На подрачјето на СВР Велес, при претрес на дом и преглед на лице, одземени се 29 помали кеси со вкупно 15 грама кокаин, 14 грама кафеавкаста материја и околу 5.000 евра. Во рамки на активностите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, извршени се претреси на четири локации, при што две лица се лишени од слобода, а пронајдени и одземени се околу 200 грама кокаин, 505 милилитри масло од хашиш и 4,58 грама марихуана. За преземените активности ќе следуваат соодветни кривични пријави. Ова се конкретни резултати од координираната работа на полициските службеници на терен и продолжение на засиленото постапување против лицата и криминалните структури инволвирани во производство и недозволена трговија со наркотична дрога. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога и откривање на лицата инволвирани во овој вид криминал, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаТројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување. На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter