ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ЖивотПред точно една година регистриран првиот заболен од Ковид-19Прв роденден на коронавирусот. Пред 365 дена или точно една година, регистриран е првиот случај на заболен од коронавирусот. Станува збор за 55-годишен маж од провинција Хубеи во Кина.Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19, пишува РТС. „Верувале или не, коронавирусот го слави својот прв роденден. Кога беше забележан првиот случај, никој не ни помислуваше дека вирусот ќе преживее толку долго, а камоли дека толку многу луѓе ќе умрат од него", стои во објавата на РТС. Нулта пациентот е регистрирана, според „China Morning Post“, на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи. Тоа беше повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во градот Вухан, во Кина. Научниците се сомневаат дека вирусот Ковид-19 преминал од лилјак на друго животно кое подоцна било конзумирано од човекот, по што вирусот започнал да се шири меѓу луѓето. Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, секојдневно се пријавуваат по неколку заболени пациенти, за на 15 декември 2019 година тој број да стигне до 27 заболени. Потоа бројот на заболени започнува брзо да расте, а заразата да ја премине кинеската граница и да се пренесе во скоро сите земји во светот. Денеска во Кина каде започна пандемијата бележи само по неколку случаи на заболени на дневно ниво, а во САД бројот на заболени е околу 150 000 луѓе на ден. Во Кина од почетокот на пандемијата па се до денес заразени се околу 86000 луѓе, а починале 4634 лица. Во моментов најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело СкопјеУтре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност. Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензииФилипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст.РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДС и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата. Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко. Во однос на пензиите, СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС. СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари. За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард. Филипче и СДС знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи. Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти. За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДС во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако да се заштитат жртвите на родово базирано насилство и дали институциите потфрлаат?Само лани биле регистрирани 7.163 жртви на семејно насилство – бројка зад која стојат човечки судбини, страв и последици што најчесто остануваат зад четири ѕида.Насилството и натаму е реалност за илјадници жени и девојчиња. Само лани биле регистрирани 7.163 жртви на семејно насилство – бројка зад која стојат човечки судбини, страв и последици што најчесто остануваат зад четири ѕида. Од 2021 до 2025 година се регистрирани 30.292 пријави за семејно насилство, со растечки тренд низ годините. Како да се подобри заштитата на жртвите и каде потфрла системот, беше во фокусот на денешната панел-дискусија за заштита од родово насилство врз жените и децата, на која беше промовиран и извештајот „Каква ти е Среќата“ на авторката Стојанка Мирчева. Проектот го спроведоа Министерството за социјална политика, демографија и млади и Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со повеќе национални институции и со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. „Ова истражување укажува на жените кои живеат со насилство, кои се обратиле на институциите за зажтита и поддршка но, ефектот во најголем дел провејува низ овие искуства дека е рамнодушност на системот...,,Нема толеранција за насилство врз жени, нема сама си го барала, нема таква ти е среќата,нема сама го избра“ -Стојанка Мирчева. Мирчева вели дека силна превенција е јасно да се покаже дека државата реагира на насилството. Затоа, според неа, објавувањето во билтените на МВР како постапила полицијата по секоја пријава испраќа јасна порака и до насилниците и до јавноста. Гласот и искуствата на жртвите се вградуваат во новите мерки за заштита, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Целта е ниту една жена која се соочува со насилство да не остане без институционална поддршка. ,,За нас останува приоритет заедно со Владата да работиме со справувањето со насилството, да го градиме системот што сега го воспоставивме за да биде ефикасен и ниту една жена да не остане надвор ос системот на помош и поддршка,, - Светлана Цветковска. Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Данел Фајлер, порачува дека вистинската заштита се мери во моментот кога жртвата ќе побара помош – дали институциите ќе реагираат координирано, сторителот ќе одговара, а жената ќе добие достоинствен и професионален третман. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter