Пред 17 години во пад на авион загина нејзиниот сопруг – пилот, сега и таа загина како копилот - Канал 5

Пред 17 години во пад на авион загина нејзиниот сопруг – пилот, сега и таа загина како копилот

Најмалку 70 луѓе загинаа, но властите стравуваат дека сите 72 лица во авионот загинале во најтешката воздушна несреќа во Непал од 1992 година.

Пред 17 години во пад на авион загина нејзиниот сопруг – пилот, сега и таа загина како копилот

Меѓу загинатите најверојатно е и копилотот Ања Кативада (44), чиј сопруг исто така загинал во авионската несреќа што се случила пред 17 години. Кативада се приклучила на непалската „Јети ерлајнс“ во 2010 година.

Во 2006 година, нејзиниот сопруг Дипак Покрел загинал во падот на мал патнички авион, со кој што летал за домашен превозник, неколку минути пред планираното слетување. Кативада ги платила часовите за летање со исплатата за осигурување што ја добила по смртта на Покрел, потврди портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула.

Авионот на Јети ерлајнс со Кативада летал од Катманду до Похара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна. Хативада, која имала повеќе од 6.400 часови летање, веќе ја поминала оваа популарна туристичка рута, пишува Дејли Мејл.

Пронајдено и идентификувано е телото на капетанот на летот, кој имал повеќе од 21.900 часа лет. Посмртните останки на Кативади не се идентификувани, но се стравува дека таа е мртва. „Во неделата таа управуваше со авионот со пилот-инструктор, што е стандардна процедура на авиокомпанијата“, рече претставник на Јети ерлајнс, кој лично ја познавал Кативада.

„Таа секогаш беше подготвена да преземе каква било должност и веќе леташе за Покара претходно“, рече службеникот, кој сакал да остане анонимен, бидејќи не бил овластен да зборува со медиумите. Да потсетиме, авионот АТР-72 вчера удри во клисура во близина на аеродромот Похара и се запали.

Спасувачките екипи ги пронајдоа двете црни кутии на патничкиот авион, кој се урна по ведро време. Податоците од кутија што ги снимала информациите за летот и другата што ги снимала разговорите од пилотската кабина со контрола на летот би можеле да ѝ помогнат на истрагата да ја утврди причината за авионската несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот.

На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови.

Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните.

Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасени 300 лица во Мавританија

Мавританската крајбрежна стража денес соопшти дека повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 40 деца, се пронајдени покрај брегот на земјата, најверојатно обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови.

Спасени 300 лица во Мавританија

Тие беа пронајдени ноќта помеѓу среда и четврток и се вели дека се во сериозна состојба, пренесува „Euronews“.

Нивниот дрвен чамец тргнал од Гамбија и превезувал 315 лица, 191 од Сенегал, 123 од Гамбија и едно од Мали, се додава во соопштението.

„Меѓу овие луѓе има мажи, жени и малолетници, вклучувајќи бебиња, кои се во тешка хуманитарна ситуација“, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека тие биле спасени во близина на рибарското пристаниште Нуадибу, економскиот главен град на земјата.

Во последните месеци, стотици мигранти, главно од Сенегал, Гамбија и Мали, беа спасени во мавританските води додека се обидуваа да стигнат до Европа, но стотици загинаа или исчезнаа откако нивните чамци потонаа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер