ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!
2ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!
3„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотПразникот Тримир со силна традиција во ПрилепПрилепчани денеска го одбележуваат празникот Тримир, кој има силни традиции во овој град.Тримир е на третиот ден по Велики поклади-Прочка. Меѓу народот се смета како „женски празник" зашто денеска на посна трпеза мајките ги покануваат на гости ќерките, младите невести, снаите, девојките. Поканети се за мајките да ги благословат и да ги поучат помладите за хармоничо и почитувано семејство. Традиционало, адетите за Тримир ги претставуваат жените од здружението „Преродба" од Прилеп. Прилепчанката Илка Илиоска вели дека традициите се одржуваат со генерации. -Уште мојата баба, па мајка ми, а секако и јас ја продолжив традицијата да се собереме за Тримир. Два дена пред Тримир, по Прочка, е строг пост. Дури ни зејтин не се користи. На Тримир ја правиме посната трпеза. Си ги викам ќерка ми, така е адетот, и сите кои се млади невести, кои преку годината се омажиле, доаѓа сваќата, свекрвата, која може да си покани гостинки. Трпезата е посна: гравче, посна сарма, баклава, кравајче и секако блага пченица. Гостинките носат подароци: овошје, боза. Традицијата е вековита. Тогаш мајките ги поучуваат ќерките за новото семејство, каде се омажиле, да го почитуваат како дома, да имааат меѓусебно разбирање и хармоичност, објаснува Илиоска. Менче Пејоска од здружението „Преродба" вели дека трпезата не може да се замисли без блага пченица. Има посебен рецепт, едноставен е, ама има и симболика. -Порано нашите баби прво, ден пред Тримир, ја просејувале пченицата, се оставала да накисне за да може полесно да се свари. Се внимавало на темните зрна, а денеска е лесно – се купува бела пченица. Се толчат конопни зрна и се додаваат во пченицата. Пченицата е симбол на плодност, а и како што е таа блага, така да биде благ животот во семејството, со благослови и со радост, вели Пејоска. Мајките денеска ги упатуваат благословите до своите ќерки за хармонично и среќно семејство. Традициите, велат од здружението „Преродба", ги одржуваат повозрасните за новите генерации да не ги заборават, зашто се полни со симболика за зацврстување на семејствата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо понеделник (19.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васил МихаилСостојки за денешниот рецепт: 5 јајца 1 пиперка 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук 100 гр. кашкавал 100 гр. маслинки 10 шери домати масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог 3 потпечени лепчиња 2 парчиња сирење Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп има нов план: Дали Орбан би можел да застане на чело на Обединетите нации?Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да стане нов генерален секретар на Обединетите нации (ОН), пренесува „Џерузалем пост“, повикувајќи се на извори од три земји.Според извештаите, американски претставници веќе разговарале со Орбан и му предложиле да се кандидира за таа функција. Тој покажал интерес, но сè уште нема донесено конечна одлука. Според извештајот, Вашингтон смета дека Орбан би можел да ја обезбеди поддршката од Русија и Кина. Тоа би значело дека неговата кандидатура би била поддржана од три големи светски сили кои имаат право на вето во Советот за безбедност на ОН. Еден американски функционер проценува дека Орбан би можел да добие поддршка од најмалку осум од 15-те членки на Советот за безбедност, со можност бројот на гласови да достигне десет. Сепак, досега ниту една земја јавно не ја потврдила својата поддршка за него. Орбан е „кандидатот од соништата“ на Трамп Според извештајот, американските претставници подолго време разговараат за тоа каков профил на личност би сакале да видат на чело на ОН. Во текот на овие дискусии, често се спомнувала идејата да се најде „некој како Орбан“ – замисла со која, наводно, се согласиле и претставниците на Русија и Кина. Претставник на Стејт департментот на САД го опиша Орбан како „кандидат од соништата за конзервативците од движењето MAGA“, првенствено поради неговото противење на масовните миграции и либералните невладини организации. За време на своето владеење, Орбан често бил во судир со Европската унија, додека истовремено одржувал добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и со Кина. Трамп му даде поддршка за време на унгарските парламентарни избори во април, а во неговата кампања учествуваше и новоизбраниот потпретседател на САД, Џ. Д. Венс. Извори тврдат дека Трамп и Венс се подготвени да ја поддржат кандидатурата на Орбан, но само доколку тој одлучи да влезе во трката. Не се очекува никакво официјално објавување на неговата кандидатура сè додека не завршат американските избори на средината на мандатот. Дали Европа ќе го поддржи? Франција и Обединетото Кралство би можеле да се покажат како едни од најголемите пречки за кандидатурата на Орбан. Двете нации се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и имаат право на вето, што значи дека би можеле да го блокираат изборот на некој кандидат, дури и ако мнозинството од другите членки го поддржуваат. Сепак, американските претставници сметаат дека Лондон и Париз можеби нема да сакаат да блокираат кандидат зад кој стојат САД, Русија и Кина. Ниту една од овие две европски земји сè уште нема изнесено став. Кој ќе го наследи Гутереш? Меѓу кандидатите за следен генерален секретар на ОН е Лана Нусеибе, дипломат од Обединетите Арапски Емирати, која минатата недела ја објави својата кандидатура и, според извештаите, добива сè поголема поддршка. За среда е закажано уште едно неофицијално гласање во Советот за безбедност на ОН, со цел да се утврди нивото на поддршка за различните кандидати. Сè уште не е јасно дали меѓу нив ќе биде и Орбан. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, истекува на 31 декември. Извор: Индекс.хрТагови: Виктор Орбан Доналд Трамп ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите. Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота! Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо! И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook