Пратеничката Фросина Ременски,во моментот е во Кривичниот суд

Пратеничката Фросина Ременски,во моментот е во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка.

Судијката треба да одлучи дали ќе и одреди некоја од мерките на претпазливост, кои ги бара обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи од вчера и Ременски е осомничена во проширената истрага за „Рекет“’.

Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка.

За Јасна Мандиќ пак синоќа беше донесена одлука за куќен притвор.

Инаку обвинителството денеска ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди синоќа обвинителката Вилма Рускоска.

Обвинителката Рускоска по исказот на Мандиќ синоќа рече дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес. Обвинителката посочи и дека еден од осомничените побарал спогодба за првиот дел од истрагата.

Но тоа не се официјализирало. За пратеничката Фросина Ременски, Рускоска кажа дека се определени мерки на претпазливост, односно одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот.

Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер