Скопје 2028 ги отвора вратите кон Европа: Отворени три клучни повици за уметници, експерти и евалуатори
1Скопје 2028 ги отвора вратите кон Европа: Отворени три клучни повици за уметници, експерти и евалуатори
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
АвтомобилизамПознато кога ќе започне сериското производство на првиот руски електричен автомобилПочетокот на сериското производство на првиот руски електричен автомобил „Зета“ е планиран до крајот на 2021 година, изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.На прес-конференција во Самара, тој рече дека времето на започнување на сериското производство ќе зависи од завршувањето на истражувачките и развојните активности. „Сериското производство ќе започне до крајот на годината. Сè ќе зависи од завршувањето на истражувачките и развојните активности“, посочи Мантуров. „Зета“ е првиот руски електричен автомобил што сериски ќе се произведува во градот Тоyatата. Автомобилот може да развие брзина до 120 километри на час, а цената на првите модели се очекува да биде околу 7.200 долари, јави ТАСС.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураСкопје 2028 ги отвора вратите кон Европа: Отворени три клучни повици за уметници, експерти и евалуаториФондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028.Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а преку кои истовремено се воспоставува и професионален и независен механизам за подготовка и оценување на програмата. Повиците претставуваат можност креативните идеи, знаење и професионално искуство да станат дел од официјалната програма на Скопје 2028 и да добијат европска видливост. Целта е да се поттикнат нови уметнички проекти, меѓународни партнерства и активно учество на локалната културна сцена, со силен придонес кон создавање содржини кои ќе остават трајно културно наследство за градот. Преку отворен, инклузивен и транспарентен процес, Скопје 2028 ја гради програмата заедно со културната и креативната заедница и граѓаните, во духот на мотото „Culture Over Division“. Првиот повик е наменет за уметници, културни организации, јавни институции, универзитети, граѓански организации, креативни професионалци, културни оператори, претставници на креативните индустрии, локални заедници од Македонија, земјите членки на ЕУ и други земји подобни за учество во програмата, кои имаат проектна идеја што може да стане дел од официјалната програма на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 Проектите се поделени во три категории според нивниот обем и финансиска вредност. За мали проекти предвидена е поддршка од 3.000 до 9.999 евра, за средни проекти од 10.000 до 24.999 евра, додека за големи проекти финансиската поддршка изнесува од 25.000 до 150.000 евра. Од проектите се очекува да придонесуваат кон програмските цели на Скопје 2028, да имаат јасна европска димензија, да поттикнуваат соработка и вклученост на граѓаните и да придонесуваат кон развојот на културниот живот и долгорочното наследство на градот. Официјалниот повик ги опфаќа петте програмски линии на Скопје 2028: Art4Hope, Togetherness, rECOvering, CreARTing и Heritage. Вториот јавен повик е за домашни и меѓународни независни експерти кои ќе бидат вклучени во Регистарот на експерти за советодавна и програмска поддршка на програмата „Скопје 2028“. Експертите ќе можат да бидат ангажирани согласно нивната област на професионална експертиза и потребите на Фондацијата во различни фази од развојот и реализацијата на програмата. Повикот опфаќа експерти од области како уметничко програмирање и курирање, современа уметност, европска културна соработка, развој на публика, културно наследство, културен туризам, креативни индустрии, инклузија, работа со млади, одржливост, мониторинг и мерење на влијанието. Кандидатите треба да имаат најмалку пет години релевантно професионално искуство, а искуството со Европски престолнини на културата, Creative Europe и други меѓународни културни програми ќе се смета за предност. Третиот јавен повик е за независни домашни и меѓународни експерти – евалуатори, кои ќе бидат дел од Регистарот на независни експерти – евалуатори на Скопје 2028. Нивната задача ќе биде независно, објективно и професионално да ги оценуваат проектните предлози доставени во рамки на јавните повици за програмата. За евалуаторите се бараат најмалку пет години релевантно професионално искуство, одлично познавање на англискиот јазик, способност за работа со дигитални алатки и онлајн платформи за евалуација, како и професионална независност и отсуство на конфликт на интереси. Предност ќе имаат експерти со искуство во програмите на Европската Унија, Creative Europe, Европските престолнини на културата, меѓународната културна соработка, грант-шеми и независна евалуација на проекти. „Со отворањето на овие три јавни повици започнува една од најважните фази во подготовката на Скопје 2028. Сакам да ги повикам сите уметници, културни работници, организации и институции да ги достават своите идеи и проекти, а домашните и меѓународните експерти да го понудат своето знаење и искуство. Нашата цел е да создадеме квалитетна и современа програма во која ќе има простор за различни идеи, уметнички изрази и партнерства, но и јасни професионални критериуми во процесот на селекција. Затоа, паралелно со повикот за проекти, отвораме и повици за експерти и независни евалуатори. Верувам дека токму преку отворен процес и вклучување на што поголем број луѓе можеме да создадеме програма достојна за Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година и за европското значење на оваа титула“, изјави Марјан Цветковски, директор на Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Скопје 2028 ја гради својата програма во духот на мотото „Culture Over Division“, со фокус на културата како простор за соработка, поврзување и создавање нови партнерства меѓу луѓето, заедниците и европската културна сцена. Деталните услови за учество, критериумите, роковите и начинот на аплицирање за сите три повици се објавени на официјалната веб-страница на Фондацијата: www.skopje2028.mk Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМал авион со осум лица се урнал на АлјаскаМал авион се урнал на Алјаска, нема преживеани.Нема преживеани Мал авион со осум лица се урна во оддалечен дел на Алјаска и, според последните информации, никој не преживеал. Командата за Алјаска ја потврди несреќата на авионот и соопшти дека нема преживеани, пренесува Ројтерс. Раководителот на Националниот одбор за безбедност во транспортот за регионот на Алјаска, Клинт Џонсон, претходно изјави дека во авионот имало двајца пилоти и шестмина патници. Според Федералната управа за авијација на САД (FAA), авионот „Цесна 441“, кој полетал од Анкориџ, бил на пат кон радарската станица Кејп Њуенхам и се урнал западно од аеродромот. Во објава на социјалните мрежи, гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, изјави дека Националната гарда на Алјаска спроведува операција за пребарување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти -Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. „Добар ден и од мене. Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Во оној неврзан муабет со градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто од страна на Владата се финансираат во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата коишто Општина Прилеп ги издвојува како средства за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка и огромна бројка на проекти коишто ќе имаат за задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп. Би сакал да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот и да честитам за посветената работа којашто ја прави изминатиов период, на советниците коишто ја поддржуваат неговата работа како градоначалник, на пратениците коишто се од Прилеп и коишто се борат за проект повеќе за Прилеп и овој дел од Македонија. Да се заблагодарам се разбира тука и на колегите од Владата, на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овие проекти бидејќи нашата цел како Влада уште на самиот почеток беше да испорачаме што е можно повеќе проекти во рамките на нашите можности со коишто ќе го подобриме онолку колку што можеме квалитетот на живот на нашите сограѓани. Така што уште еднаш еве честитам на сите и би посакал да се движиме во рамките на роковите коишто се зададени за да овие проекти бидат пуштени во употреба и ја имаат својата полна намена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter