Познато е колку заработил Харисон Форд за улогата во франшизата Blade Runner - Канал 5

Познато е колку заработил Харисон Форд за улогата во франшизата Blade Runner

Харисон Форд го играше Рик Декард во два филма за Блејд Ранер.

Познато е колку заработил Харисон Форд за улогата во франшизата Blade Runner

Тој се појави во таа улога за прв пат во 1982 година, а ја повтори 35 години подоцна во продолжението Blade Runner 2049.

Иако неговиот лик Декард не е толку познат како ликовите на Хан Соло и Индијана Џонс, Форд може да се пофали дека заработил завидна сума за неговата улога во тие два филма.

Првиот дел заработил 41,6 милиони долари на бокс офисот, додека вториот бил нешто поуспешен со заработка од 267,7 милиони. За двата филма на Форд му биле исплатени вкупно околу 12 милиони долари. Според проценките на Money Nation, првиот филм му донел 1,65 милиони долари.

YouTube video

За споредба, Форд заработи нешто повеќе од 15 милиони долари за оригиналниот Star Wars. Што се однесува до Индијана Џонс, актерот исто така заработи нешто повеќе од 15 милиони долари во трите филма од 1980-тите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука.

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта.

Професионализмот и големиот креативен потенцијал на уметниците ги одразуваше не само нивните индивидуални квалитети, туку и префинетоста во заедничкото музицирање што беше видливо уште при првата композиција од репертоарот, меланхоличната мелодија „Хризантеми“ од Џакомо Пучини.

Диригентката Бисера Чадловска, како и секогаш, и овојпат покажа голема уметничка зрелост, креативност и енергичност.

-За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука. Изведовме неколку композитори, Џакомо Пучини, Бенџамин Бритн, Џовани Батиста Перголези, но и македонски автори како Ристо Аврамовски, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Програмата беше специјално креирана за фестивалот „Охридско лето“, рече маестра Чадловска, која од 2022 до 2024 година беше и музички селектор на „Охридско лето“, а во 2021 година ја диригираше програмата на свеченото отворање на 61. издание на фестивалот.

Маестра Чадловска редовно диригира со Симфонискиот и Оперскиот оркестар во Националната опера и балет, но, како што кажа, првпат со Камерниот оркестар на најголемата национална установа од областа на културата во земјава.

Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ. Во своето постоење настапувал на бројни сцени надвор од Македонија, а во својот репертоар секогаш отстапува голем простор за македонските композитори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги нападна Бахреин и Кувајт

Бахреин и Кувајт утринава соопштија дека биле цел на ирански напади со ракети и беспилотни летала.

Иран ги нападна Бахреин и Кувајт

Сирените за воздушна опасност беа активирани во Бахреин само неколку часа откако американската војска соопшти дека ја завршила тринаесеттата ноќ на напади врз Иран, објави Ал Џезира.

Кувајтската војска соопшти дека во текот на ноќта ја активирала противвоздушната одбрана за да се спротивстави на иранските напади со ракети и беспилотни летала.

Кувајт е една од неколкуте земји од Заливот кои се цел на ирански напади откако пред две недели повторно избија судири меѓу САД и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата за пиење во Крушево бактериолошки неисправна

Центарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.

Водата за пиење во Крушево бактериолошки неисправна

До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути.

Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер