Познато е колку милиони изгубија основачите на пропаднатата Суперлига - Канал 5

Познато е колку милиони изгубија основачите на пропаднатата Суперлига

Дванаесет богати европски клубови доцна во неделата постигнаа договор за воспоставување Супер лига, ново фудбалско натпреварување со учество на 20 клуба.

Познато е колку милиони изгубија основачите на пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан и Интер би учествувале во ова ново натпреварување. Покрај трите други клуба што ги поканија во проектот, тие ќе требаше да бидат основачи на Супер лигата, а уште пет клуба ќе се квалификуваа во таа лига врз основа на резултатите во националните шампионати.

Многу брзо, уште вчера, проектот не успеа.

Огромното мнозинство клубови се повлекоа од него по протестите на навивачите, заканата од Уефа за санкции и недостатокот на поддршка од владите. Каков ќе биде епилогот за нив, сè уште не е целосно познато, но сега е познато дека основачите на Суперлигата изгубиле сериозни пари со таа идеја.

Поточно, секој основачки клуб влегол во проектот со удел од 8 милиони фунти за да купи удел во сопственоста на натпреварувањето, а англиските медиуми објавија дека парите биле изгубени за англиските клубови. Казните за повлекување од натпреварувањето во кое требаше да играат 23 години, допрва следуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер