Познато е колку ќе му плати Баерн на Тухел за раскинување на договорот - Канал 5

Познато е колку ќе му плати Баерн на Тухел за раскинување на договорот

Томас Тухел по крајот на сезоната ќе го напушти Баерн откако со славниот клуб не успеа да го освои германското првенство.

Познато е колку ќе му плати Баерн на Тухел за раскинување на договорот

„Баерн и Томас Тухел заеднички одлучија да го прекинат работниот однос, кој првично требаше да трае до 30 јуни 2025 година, една година порано на 30 јуни 2024 година. Ова е резултат на конструктивна дискусија помеѓу извршниот претседател на клубот Јан-Кристијан Дрисен и Томас Тухел“, објави Баерн на крајот на февруари.

Сега е откриено колку Тухел ќе добие за раскин на договорот. Баерн ќе му ја исплати целата годишна плата, односно 10 милиони евра. Претходно во кариерата Тухел беше тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Челзи.

Се уште не е познато кој ќе го наследи во Баерн. Најголемиот германски клуб сакаше да го доведе Чаби Алонсо, но Шпанецот ќе остане уште една сезона во Леверкузен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

Ирански трговски брод бил погоден рано утринава во близина на островот Кешм, во близина на Ормускиот Теснец, во нападот загина едно лице, а тројца се повредени, објавија иранските државни медиуми.

 Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно ги блокираше иранските пристаништа и ги напаѓаше бродовите што пловеа под иранско знаме.

Нападот врз иранскиот брод се случува во време кога продолжуваат тензиите околу овој воден пат, кој се сметаше за меѓународен пред САД и Израел да започнат војна против Иран на 28 февруари оваа година.

Иран објави дека министрите за надворешни работи на земјите од регионот денес ќе се состанат за да разговараат за напорите на Иран и Оман – земја што се наоѓа на спротивната страна од Ормускиот Теснец – во управувањето со поморскиот сообраќај што се одвива низ него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зверев на тронот во Њујорк за втора Грен слем круна

Германскиот тенисер Саша Зверев го освои Ју-Ес Опен, триумфирајќи во финалето над Бен Шелтон – 6:3, 7:6 (2), 5:7, 6:2.

Зверев на тронот во Њујорк за втора Грен слем круна

Со победата во Њујорк, Зверев ја освои втората Грен слем титула во кариерата, по онаа освоена во Париз оваа година. Ова беше негово второ финале во Њујорк во кариерата.

Пред шест години загуби од Доминик Тим, иако водеше со 2-0 во сетови.

На патот до трофејот, Зверев ги победи и Лоренцо Сонего и Квентин Алис – и двајцата по пет сета – како и Алехандро Табило, Лучано Дардери, Ботик ван де Зандшулп и Карен Хачанов со максимален резултат.

Најдобриот резултат во кариерата на Шелтон на Грен слем турнирите ќе му донесе највисок пласман во кариерата – четвртото место – почнувајќи од понеделник.

„Сè до оваа година не освоив ниту една титула, а сега освоив две во истата година. Мислам дека Бог виде колку напорно работевме и низ каква болка поминавме. 2026 година е резултат на сите претходни години. Ви благодарам на сите; немаше да бидам овде без вас. Сакам да ѝ се заблагодарам и на уште една личност која никогаш не ги гледа моите натпревари – тоа е најважната личност во мојот живот. Кога на четиригодишен син ќе му дијагностицираат дијабетес, потребна е силна мајка за да излезе од таа ординација и да каже: ’Мојот син ќе биде она што сака да биде; ако сака да биде тенисер, ќе биде тенисер‘. Среќен сум поради она што го правиме. Мајка ми е најважната и најсилната личност што ја познавам; потребна е навистина силна личност за да се направи она што го направи таа“, рече емотивниот Зверев во шампионскиот говор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер