Спарс до крајот на сезоната ќе ги водат помошниците тренери Рајан Мејсон и Крис Пауел.
Мурињо доби отказ по 17 месеци во Тотенхем, со кого не ги постигна очекуваните резултати. Спарс не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите, сензационално беа исфрлени од Динамо во Лигата на Европа и во моментов се на седмото место во Премиер лигата.
Мурињо бил поканет денеска на состанок во клубот каде му било кажано дека повеќе не го води тимот. Дејли Меил пишува дека Португалецот ќе добие 23 милиони отпремнина, значително помалку отколку што можел да добие, поради лошите резултати.
Мурињо заработуваше 12 милиони евра по сезона, а бонусите и отпремнината зависеа од резултатите што не ги постигнал. Според договорот што го имаше до летото 2023 година, Спарс ќе продолжат да му плаќаат сè додека не најде нов ангажман.
Во меѓувреме, Тотенхем е во потрага по нов тренер, а Леви најмногу би го сакал тренерот на Лајпциг, Џулијан Нагелсман, кого Германците нема да го пуштат без отштета од 20 милиони евра.