Познато е името на биографскиот филм на Мадона, таа самата го преправала сценариото - Канал 5

Познато е името на биографскиот филм на Мадона, таа самата го преправала сценариото

Мадона објави на социјалните мрежи дека работи на пишување на сценариото за биографскиот филм кој сега е насловен Who's That Girl.

Познато е името на биографскиот филм на Мадона, таа самата го преправала сценариото

Филмот го доби името по нејзиниот истоимениот албум од 1987 година, пишува магазинот People. Овој биографски филм се работеше веќе неколку години, но минатиот јануари проектот беше ставен во мирување.

Во објавата на Инстаграм споделена во вторникот, пејачката позира со машина за пишување и претходно отфрленото сценарио. Иако се нејасни, ажурираните страници на сценариото ги прикажуваат промените и поправките на кои таа работи. „Ми требаат многу пари за да го направам ова (Приказна за мојот живот)“, напиша таа во описот на објавата.

Во интервју за списанието Variety пред две години, Мадона рече: „Имав неверојатен живот, морам да снимам неверојатен филм“ и објасни зошто таа мора да биде сценарист и режисер на филмот. „Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна.“

Минатиот месец британските медиуми објавија дека ѕвездата избрала актерка која ќе ја портретира. Станува збор за Џулија Гарнер, најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалистичката драмска серија на Нетфликс, Озарк и серијата Измислување на Ана. Наградуваната актерка првпат била вклучена во проектот во 2022 година, откако беше подложена на исцрпувачка 11-часовна аудиција. Меѓу актерките кои беа кандидати за улогата се Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Лерд.

Европските сили го повикуваат Иран да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма со САД

Европските сили го повикаа Иран да продолжи со дипломатијата за да најде решение за неговата нуклеарна програма, додека Израел продолжува со бомбардирањето на Исламската Република.

Европските сили го повикуваат Иран да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма со САД

„Добриот резултат денес е што ја напуштаме просторијата со впечаток дека Иран е подготвен дополнително да разговара за овие прашања“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во изјава заедно со неговите британски, француски и колеги од ЕУ по разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече - „ние сме заинтересирани да ги продолжиме тековните дискусии и преговори со Иран и го повикуваме Иран да ги продолжи разговорите со САД“, додека францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека „не може да има дефинитивно решение преку воени средства за нуклеарниот проблем на Иран“.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ју-Ес-Ес Џералд Р. Форд“ ќе замине за Европа следната недела, изјави официјален претставник на морнарицата, тоа ќе биде трет американски носач на авиони во близина на Блискиот Исток.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ударната група на носачот на авиони Џералд Форд ќе замине од Норфолк (Вирџинија) утрото на 24 јуни за редовно распоредување во зоната на одговорност на Европската команда на САД“, изјави официјален претставник на морнарицата.

Американскиот носач Карл Винсон е на Блискиот Исток од почетокот на оваа година, учествува во воздушна кампања против јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран.

И официјален претставник на американската одбрана потврди дека шефот на Пентагон, Пит Хегсет, наредил ударната група на носачот Нимиц да се испрати на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа е „за да се одржи нашата одбранбена позиција и да се заштити американскиот персонал“.

Трамп изјави вчера изјави дека ќе одлучи дали да се придружи на нападите на Израел врз Иран во следните две недели, наведувајќи ја можноста за преговори за прекин на конфликтот.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Претходно, Велика Британија најави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените во Амбасадата и во Конзулатот во Израел поради безбедносни причини.

Додека претходно привремено беа затворени Амбасадата на Словачка и Амбасадата на Австралија во Техеран.

притисни ентер