Шоу бизПозната причината за смртта на девојката на концертот на Тејлор Свифт Стигнаа официјалните резултати, откриени причините за смртта на 23 годишната девојка на концертот во Бразил на светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт.Ана Клара Беневидес се онесвестила за време на втората песна на концертот одржан на 17 ноември во Рио де Жанеиро, а починала неколку часа подоцна. Исцрпеноста поради топлото време е причината за смртта на младата Ана на концертот на Тејлор Свифт во Рио, покажува форензичкиот извештај до кој дојде Асошиетед прес. Ана Клара Беневидес се онесвестила за време на втората песна на концертот одржан на 17 ноември во Рио де Жанеиро, а неколку часа подоцна починала во локалната болница. Температурите во градот тој ден беа околу 40 Целзиусови степени. Фановите чекале со часови пред концертот, а многумина ги обвинија организаторите дека не обезбедиле доволно вода за повеќе од 60.000 луѓе кои присуствуваа на концертот на стадионот Нилтон Сантос. Тие рекоа дека не смеат сами да внесуваат вода на стадионот. Во извештајот на Институтот за судска медицина во Рио се наведува дека изложеноста на Ана на топлина довела до кардиореспираторна депресија. Наведено е и дека во телото и крвта немала супстанци кои би можеле да доведат до смрт. Судскиот вештак кој го анализирал нејзиното тело во документот рекол дека поради жештината имала „тежок компромис на белите дробови и ненадејна смрт“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИмпресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра ЧадловскаЗа мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука.По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта. Професионализмот и големиот креативен потенцијал на уметниците ги одразуваше не само нивните индивидуални квалитети, туку и префинетоста во заедничкото музицирање што беше видливо уште при првата композиција од репертоарот, меланхоличната мелодија „Хризантеми“ од Џакомо Пучини. Диригентката Бисера Чадловска, како и секогаш, и овојпат покажа голема уметничка зрелост, креативност и енергичност. -За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука. Изведовме неколку композитори, Џакомо Пучини, Бенџамин Бритн, Џовани Батиста Перголези, но и македонски автори како Ристо Аврамовски, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Програмата беше специјално креирана за фестивалот „Охридско лето“, рече маестра Чадловска, која од 2022 до 2024 година беше и музички селектор на „Охридско лето“, а во 2021 година ја диригираше програмата на свеченото отворање на 61. издание на фестивалот. Маестра Чадловска редовно диригира со Симфонискиот и Оперскиот оркестар во Националната опера и балет, но, како што кажа, првпат со Камерниот оркестар на најголемата национална установа од областа на културата во земјава. Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ. Во своето постоење настапувал на бројни сцени надвор од Македонија, а во својот репертоар секогаш отстапува голем простор за македонските композитори.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран ги нападна Бахреин и Кувајт Бахреин и Кувајт утринава соопштија дека биле цел на ирански напади со ракети и беспилотни летала.Сирените за воздушна опасност беа активирани во Бахреин само неколку часа откако американската војска соопшти дека ја завршила тринаесеттата ноќ на напади врз Иран, објави Ал Џезира. Кувајтската војска соопшти дека во текот на ноќта ја активирала противвоздушната одбрана за да се спротивстави на иранските напади со ракети и беспилотни летала. Кувајт е една од неколкуте земји од Заливот кои се цел на ирански напади откако пред две недели повторно избија судири меѓу САД и Иран.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата за пиење во Крушево бактериолошки неисправнаЦентарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути. Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.Тагови: вода Крушево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter