Позната пејачка ослабна 18 килограми и откри што ја мотивирало (ФОТО) - Канал 5

Позната пејачка ослабна 18 килограми и откри што ја мотивирало (ФОТО)

Американската пејачка Сијара пред помалку од една година го роди синот Вин Вилсон, а после тоа нејзина цел беше да ја врати тежината што ја имала пред бременоста.

Позната пејачка ослабна 18 килограми и откри што ја мотивирало (ФОТО)

"Збогум за последните пет килограми на кои работев последните пет недели. Поздрав до мојата тежина пред бременоста", напиша Сијара на Инстаграм.

Таа открила и колку вкупно килограми изгубила.

"Горда сум на себе. Изгубив 18 килограми", вели Сијара.

Користела програма за слабеење, што, како што вели, и го олеснило процесот и го направило забавен.

"Ако верувате во себе и си поставите цели, сè е можно. Одете напред", ги охрабри пејачката своите придружници.

Фановите и честитаа за постигнувањето на целта.

„Вие сте вистинската мотивација, секоја чест“, „Честитки, успеавте“, „Изгледате одлично“, се само некои од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 27. август 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 27. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 27. август 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами.

Кариера

Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план.

Здравје и совет

Изразувајте се слободно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската.

Кариера

Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални.

Кариера

Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите.

Здравје и совет

Јадете помалку, движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете.

Кариера

Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето слатки.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити.

Кариера

Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете.

Здравје и совет

Подобро да верувате отколку да се сомневате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали.

Кариера

Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност.

Здравје и совет

Ви се подобрува формата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор.

Кариера

Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе.

Здравје и совет

Размислувајте додека се шетате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто.

Кариера

Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања.

Кариера

Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни.

Здравје и совет

Наспијте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна.

Кариера

Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно.

Здравје и совет

Останете какви што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите.

Кариера

Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски.

Здравје и совет

Динамични сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога жената прва ќе престане да праќа пораки, се случува една од овие работи

Што се крие зад тишината според психолозите.

Кога жената прва ќе престане да праќа пораки, се случува една од овие работи

Во модерните врски, пораките се едни од главните начини на поврзување. Кој прв се јавува, колку често партнерите разговараат и кој вложува повеќе труд во комуникацијата, често открива многу за динамиката на односот. Кога жената ненадејно ќе престане прва да испраќа пораки, промената може да значи само едно, а психолозите наведуваат неколку можни причини.

Сака да провери колку партнерот е заинтересиран

Ако дотогаш најчесто таа го почнувала разговорот, можно е да сака да види дали и другата страна ќе покаже иницијатива. Стручњаците за односи истакнуваат дека стабилните врски почнуваат со заемен одговор на секојдневните обиди за поврзување. Кога едната личност ќе стекне впечаток дека таа е единствена во одржување на контактот, не е невообичаено да се повлече и да чека реакција од другата.

Го преиспитува односот и своите чувства

Малкуте пораки не мора автоматски да значат и крај на љубовта. Понекогаш тоа е знак дека жената размислува за тоа дали нејзините потреби се исполнети и дали односот има иднина. Според теоријата на афективно поврзување, луѓето во период на несигурност, често се повлекуваат за да размислат и да ги проценат своите емоции.

Емотивно се дистанцира

Во некои случаи, кога жената престанува да иницира разговор, може да значи дека интересот постепено слабее. Сепак, според стручните лица за односи, не треба да се носат заклучоци само врз основа на пораките, туку е важно да се разгледа целокупниот однос на партнерот – дали разговорите изостануваат, заедничкото време и желбата за поврзување.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Го купувате вашиот прв SUV?

 Пет прашања што ќе би помогнат да го избегнете погрешниот избор

Го купувате вашиот прв SUV?

Купувањето на првиот теренец честопати започнува со едноставна желба за повеќе простор, подобра видливост и попрактичен автомобил. Иако понудата е огромна, разликите меѓу моделите не се секогаш очигледни, а ниската почетна цена не мора да значи најдобар избор. Автомобил кој на прв поглед изгледа прифатливо може да стане значително поскап по додавање на посакуваната опрема, додека поголем модел не значи дека е и покорисен. Пред да донесете одлука, вреди да одговорите на овие пет прашања што откриваат колку добро автомобилот навистина ги задоволува вашите потреби.

Колку простор навистина ви е потребен?

Не мора да купите голем SUV за да биде практичен. Поважно е колку лесно со него се снаоѓате низ градот, дали лесно може да се смести багаж и дали нуди доволно простор за патниците. Компактен SUV често е добро решение за возачите кои сакаат повеќе простор од класичен градски автомобил, но не сакаат отежнато паркирање и непотребно големи надворешни димензии.

При проценка на просторот, не е доволно да се земе предвид бројот на литри во багажникот. Вреди да се провери колку лесно се влегува на задните седишта, дали ентериерот може да собере поголеми предмети и дали автомобилот е доволно практичен за секојдневните градски обврски.

Што е вклучено во цената?

Два автомобила со слична почетна цена можат значително да се разликуваат по додавањето на посакуваната опрема. Затоа, не треба само да ги споредите основните износи, туку и да проверите дали камерата, сензорите за паркирање, поврзувањето со паметни телефони и системите за помош на возачот доаѓаат како стандардна опрема или се плаќаат дополнително.

Која опрема всушност ќе ја користите?

Подобар избор не е нужно моделот со најмногу карактеристики, туку оној со корисни функции достапни во пакет што одговара на вашиот буџет. Опремата што возачот ја користи секојдневно е поисплатлива на долг рок отколку некој атрактивен додаток што ќе се заборави по првите неколку недели.

Дали погонот одговара на вашите навики?

Возач кој поголем дел од патот го поминува низ град нема исти потреби како некој што често вози на отворен пат. Пред да купите, треба да ја процените годишната километража, типичните рути и очекуваната потрошувачка.

Дали автомобилот ќе ви одговара за неколку години?

Првиот теренец често се купува поради промени што допрва доаѓаат, почести патувања или нови семејни потреби. Затоа треба да размислите однапред: дали ќе има доволно простор и опрема, колку лесно ќе се користи автомобилот на дневна основа и дали ви дава чувство дека нема набргу да стане премногу мал или застарен.

Најдобриот баланс помеѓу цената, опремата и долгорочната вредност не се наоѓа во една информација. Тој доаѓа кога автомобилот се вклопува во реалниот живот, кога корисната опрема не бара низа додатоци и кога купувачот добива доволно простор и технологија без да плаќа за она што не му е потребно. Овој баланс е најважниот критериум при изборот на вашиот прв теренец.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер