Позната манекенка заврши во болница во петтиот месец на бременоста

34-годишната славна манекенка Криси Тајген е хоспитализирана во петтиот месец од бременоста поради обилно крварење од плацентата, пишува Entertainment Tonight.

Ова е нејзина трета бременост, а претходно таа зборувала за компликациите во последните месеци од бременоста. Вчера вечер, таа станала од болничкиот кревет и ги известила своите придружници дека поминала цел ден и ноќ во болница, откако само лежела во кревет со недели.

"Чудно е затоа што се чувствувам добро. Обично сум многу среќна бремена жена, секогаш добро расположена. Посреќна сум отколку кога не бев бремена. Затоа ми е тешко да прифатам дека тоа се случува", рече таа во видеото што го објави на InstaStory.

"Бебето е здраво и големо. Многу се движи. Едвај чекам да го запознам малото момче", додаде таа.

„Тој е најсилното мало момче во куќата што се распаѓа“, додаде таа алудирајќи на сопствената матка.

"Сепак, тој немаше добра основа од самиот почеток. Не ја доби вистинската можност. Едноставно е тешко затоа што не можете да направите многу. Би било опасно да пробате нешто. Во суштина, ако успеам да преживеам следните неколку недели, и ако момчето успее да преживее во следните неколку недели, тогаш знаете дека најлошото помина “, рече таа.

Таа исто така ги замоли обожавателите да престанат да и даваат медицински совет и да поставуваат дијагнози.

„Ме прави да се чувствувам навистина вознемирено и нервозно и како да сум направила нешто лошо“, рече таа.

Нејзиниот сопруг Џон Леџенд цело време бил со неа во болницата и и правел сендвичи, а еден го снимил и објавил на Инстаграм.

Двојката веќе ги има заедно четиригодишната Луна и двегодишниот Мајлс.

Уставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер

Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.

„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ.

„Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој.

„Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс.

„Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ.

Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот.

„Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.

Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет.

Облечен во негов препознатлив стил, навидум во добра физичка состојба за која рече дека не одраз на здравствените проблеми со кои се соочува, Бојан Јовановски познат како Боки 13 за прв пат се појави пред медиумите откако доби прекин на издржувањето на затворската казна. Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет. Тужбата на бизнисменот Орце Камчев која Основниот граѓански суд ја одби а со која бараше 1, 5 милиони евра од Јовановски и Катица Јанева од Рекет, исказите на Ана и Ратка Камчеви пред тој суд, се доволна причина според него Кривичен да ја повтори постапката за случајот Рекет со што како што вели, јавноста ќе дознае каде завршија парите од Луј Витон чантата.

-На крајот на краиштата сите не занима каде се парите. Одговорот мислам дека многу добро го знае Русковска, го знае Јордан Камчев, го знаат неколку политичари, а одговорот го знам до некаде и јас зошто сум учествувал во сите тие дејствија и тоа не го спорам. – Бојан Јовановски – Осуден во случај Рекет

За случајот Рекет Боки 13 доби 9 години затвор, екс специјалната обвинителка Јанева 7 години. Апелација ја потврди пресудата а Врховен суд кој и сега треба да одлучи по барањето за повторување на постапката, еднаш веќе им ги одби жалбите за вонредно преиспитување на пресудата. Јовановски беше првостепено осуден и за случајот Меѓународен Сојуз, но оваа пресуда Апелација ја укина на почетокот на април и го врати предметот на повторно одлучување.

Петрова: Вишиот управен суд оспори преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор

Вишиот управен суд оспори преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор, донесени без врзан потпис.

Од формирање на техничката влада до денот на распишување на изборите, вработени се 1.200 лица на неопределено време, 448 на определено, ангажирани се 1227 лица со договор на дело, а 99мина се унапредени, и сето тоа без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер , за што Вишиот управен суд донел две пресуди со кои се оспоруваат вработувањата. За ова информираше дополнителната заменичка министерка за финансии, Елена Петрова, која нагласи дека сега треба да се води повторна постапка, односно Државната изборна комисија (ДИК) ќе треба да го разгледа секој предмет за вработување поединечно и да донесе одлука.

Врзаниот потпис е предвиден како гаранција дека дискрециските овластувања на министерот нема да се применуваат заради постигнување на политички цели и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните.

Претходно Петрова обвини за незаконски вработувања во Министерството за здравство.

притисни ентер