ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
1ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
3Вуди Харелсон откри дека неговиот татко бил интимен со мајката на Метју Меконахи- можеби се браќа?! (ВИДЕО)
СветПозната е содржината на меморандумот за примирје во Украина- сега на потег е Русија Украинскиот меморандум за решавање на конфликтот со Русија предвидува прекин на огнот на копно, море и во воздух, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименуван украински функционер.„Мониторингот (на договорот) ќе го вршат меѓународни партнери“, рече функционерот, осврнувајќи се на украинскиот меморандум, пренесе Киев Индипендент. Во исто време, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја обвини Русија за одложување на мировните преговори, велејќи дека Москва сè уште не доставила ветен меморандум во кој ќе ги наведе своите мировни услови. Тој рече дека украинските претставници сакаат да го видат документот пред да испратат делегација на нова рунда разговори што Москва ја предложи за понеделник во Истанбул. Сибиха на прес-конференција во Киев изјави дека за секој состанок да биде „суштински и значаен“, Украина мора „да го добие документот однапред, така што делегацијата што ќе присуствува има овластување да разговара за релевантните позиции“. Но, Русија рече дека ќе го достави својот меморандум за време на новата рунда разговори, што го натера Киев да ја обвини Москва за одложување. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во понеделник изјави дека меморандумот „не може да се објави“ и дека руската делегација ќе биде подготвена да се сретне во Турција во понеделник наутро. Украинските власти изјавија дека Русија би можела да предложи неприфатливи услови, како што е барањето украинските трупи да се повлечат од териториите што сè уште ги контролира, а потоа да ја обвини Украина за прекин на преговорите.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана.Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче. Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС, дополнително оправданоста за истите мора да е силна и да влијае на развојот на локалната заедница. Бенефитот за општеството мора да е голем. Кадрите на СДС прават се спротивно на тоа. Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта нека им каже на неговите пајташи, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
ЗабаваИбрахимовиќ прави акробации на море, се спореди со „Аквамен“ (ВИДЕО)Златан Ибрахимовиќ сподели видео од морски акробации во кои изведува акробации на флајборд, уред кој користи моќни водни млазови за да „лета“ над површината на морето.Видеото го прикажува 44-годишниот Ибрахимовиќ како „лебди“ неколку метри над водата додека е држен во воздух од моќни млазови. Контролирањето на таков уред бара добра рамнотежа и контрола на телото, а поранешниот фудбалер покажа дека е сè уште во одлична физичка форма. Во еден момент, тој нурна со главата напред во водата од флајбордот и накратко исчезна под површината. Не долго потоа, повторно се искачи во воздух, ги рашири рацете и позираше пред камерата. View this post on Instagram A post shared by Zlatan Ibrahimović (@zlatan) Се спореди со Аквамен Не му требаа многу зборови за да го опише снимката. Ибрахимовиќ накратко го напиша „Аквамен“ и на тој начин се спореди со познатиот суперхерој од светот на DC Comics кој е поврзан со океаните. Неговата објава брзо го привлече вниманието на следбениците, а многумина се потсмеваа на неговата позната самодоверба. „Аквамен ги добил своите моќи од Златан“, „Златан не се плаши од океанот, океанот се плаши од него“, „Злаквамен“ и „Само Златан може да го направи ова“ се некои од пораките што ги оставиле неговите следбеници.Тагови: Златан Ибрахимовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ утре многу топло време со температура до 37 степени, на места ќе има дожд со грмотевици И утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 24 Попова Шапка, 29 Крушево, 31 Маврови Анови, Берово, 32 Претор, 34 Прилеп, Крива Паланка, 35 Охрид, Струмица, 36 Тетово, Битола, Виница, Гевгелија, 37 Демир Капија, 38 Скопје Петровец, Штип, Кавадарци, 39 Скопје Зајчев Рид, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во некои планински предели имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. До крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на сончево и топло време. Попладне наместа ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter