Позната актерка бремена во 44-тата година - Канал 5

Позната актерка бремена во 44-тата година

Актерката и sвезда позната по серијата „EastEnders“, Кели Брајт (44) е бремена со своето трето „чудотворно“ дете откако помина низ ин витро оплодување.

Позната актерка бремена во 44-тата година

Брајт, која веќе ги има синовите Фреди (9) и Џин (4) со нејзиниот сопруг Пол Стокер, во август годинава ќе го добие своето трето дете.

Во интервју за најновото издание на „ОК!“, Кели призна дека очајно сака да има трето дете и покрај тоа што се ближи кон средните четириесетти, но ги советува другите девојки за вонтелесното оплодување во подоцнежната фаза од нивниот живот.

-Важно е младите жени да знаат дека - да, можете да добиете дете и на четириесет години, и да имате среќа и да бидете среќни исто како сè да се случило природно. Но, за многумина од нас, тоа не функционира така, па не би предложила за ваков избор да се одлучите доцна - објасни актерката.

Кели своето прво дете го роди природно во декември 2011 година, додека нејзиното второ дете го роди во 2017 година, по ин витро оплодување. Таа замрзнала уште три ембриони, но кога другите два не успеале, актерката откако прокрварела и по третиот ембрион помислила дека е готово.

Во моментот кога дознала дека чека трето дете била во шок. Размислувајќи за нејзиното крварење, таа додаде:

-Тоа никогаш не е објаснето, но тоа не е имплантација и не влијаеше на бременоста. Одеднаш престана, па и понатаму бев решена да го направам тестот, иако во срцето мислев дека не успеало. Кога тестот покажа „бременост“, за малку ќе се онесвестев. Знаев дека тоа е мојата последна шанса, па фактот дека тестот беше позитивен беше неверојатно прекрасен. Навистина прекрасен, луд момент во животот - возбудено рече Кели.

Извор: www.srbijadanas.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер