Познат спортист шест години оди бос по светот, со татко му се сретнал во Македонија (ВИДЕО) - Канал 5

Познат спортист шест години оди бос по светот, со татко му се сретнал во Македонија (ВИДЕО)

Бос, запуштен, но со чист поглед - сликата на овој млад аџија го обиколи светот.

Познат спортист шест години оди бос по светот, со татко му се сретнал во Македонија (ВИДЕО)

И покрај сите негови планови, тој се најде во центарот на вниманието. Но, не само затоа што изминативе три години постојано шета. Причината е неговото име - добро познато на љубителите на мото трките - Аксел Понс, пренесе Блиц.

Спортистот, возач на MotoGP патува низ целиот свет, и тоа бос. Аксел Понс ја заврши најпребирливата рута - од Барселона до Пакистан - без чевли.

Понс не импресионираше многу натпреварувајќи се во категориите Moto2 и Moto3, но имаше надеж дека ќе стигне до шампионатот во MotoGP благодарение на неговиот татко, Сито Понс, поранешен светски шампион и сопственик на тим.

Тој израснал во богатство, бил популарен и стекнал многу симпатии со манекенството.

Сепак, решил сето тоа да го фрли во обид „целосно да се поврзе со Алах или Бог“.

Во јули минатата година, Понс открил дека пред 15 месеци решил да го направи напорниот пат од Шпанија до Пакистан, иако наиде на проблеми со визата на индиската граница.

После тоа заминал на Хималаите, каде што поминал пет месеци.

- Шест години не носам чевли - беше првото нешто што го кажа во виралното видео, во кое се претстави како Иса.

- Носам папучи за секој случај, но обично одам без чевли.

Тој истакна дека поминал низ десет земји, а следна цел му е Кина.

-Почнав да бидам побавен и побавен и побавен, додека не почнав полека да го поминувам светот, да ги ценам малите нешта кои го сочинуваат животот. Имавме само желба целосно да се поврземе со Алах или Бог, а тоа е мојот начин на молитва и вежбање: одење – објасни тој во една прилика.

YouTube video

Оваа приказна привлече големо внимание, особено во неговата родна Шпанија.

- Она што го прави Аксел ми изгледа необично и покажува неверојатна храброст и дрскост. Поминаа години откако тој ја напушти Барселона, секогаш пеш. Почна да ни објаснува дека треба да оди, да го види светот, да ја разбере филозофијата на животот, на религијата и го започна своето патување - објасни Понс постариот.

За да успее во својата цел, сега веќе поранешниот мотоциклист секое утро станува во пет, вежба медитација и јога и оди на прошетки. Патува со ранец, не посетува хотели, а во еден момент му се придружил и татко му.

- Во еден од неговите повици му кажав дека сакам да го видам, тоа беше во јули 2023 година. Ми кажа дека е во Македонија и ми даде инструкции како да го најдам. Не беше лесно да го најдам, но успеав и поминавме една недела заедно, шетавме, разговаравме, спиевме во шумата. Беше тоа незаборавно искуство – додаде Сито.

Тој истакна и дека е горд на патот по кој тргнал неговиот син.

- Приказната на Аксел е восхитувачка поради неговиот труд и способност да се жртвува, да живее мирен живот, воден од љубовта и желбата да го разбере светот преку различни култури и религии - рече Сито.

Самиот Аксел не е свесен за сите реакции кои ги предизвика неговата приказна, бидејќи повеќе не ги користи социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат  нови околу 1200 нови добро платени работни места .

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка.

Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, рече вицепремерот Николоски.

“ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави Николоски.

Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места.

“Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности “ – изјави Николоски.

Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на автопатот Прилеп-Битола, соопшти МТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила

На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.

Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила

На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституција

На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.

Уапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституција

На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга.

Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава.

За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер