Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година
1Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаШтерјова: Нов удар на Мицкоски врз граѓаните - поскапо парно за 20%, следува и поскапа струјаКако што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување следува покачување.Од следната недела следува нов ценовен удар врз семејните буџети на граѓаните. За дури 7,56 % поскапува парното. Ова е трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%. Со новата цена, едно просечно домаќинство ќе плаќа за парно околу 460 денари повеќе месечно, во споредба со почетокот на годината. И ова не е последен ценовен шок. Од 1 јануари следната година поскапува и струјата. А секое поскапување на струјата повлекува и нови повисоки цени на храна и услуги. Додека платите на граѓаните не мрдаат. Криминалната власт нема пари за мерки, нема пари за поголеми плати, има само за криминални тендери. Со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување - во борба за опстанок. Цените храната веќе се до плафон. Една цела минимална плата 26.000 денари оди само за храна. Како луѓето да обезбедат 71.000 денари, за да покријат само за основните животни потреби. Ниту три минимални плати не стигнуваат. Каде се сметки, облека, превоз, трошоци за деца, кирија. Народот живее крпен живот. Граѓаните прават математики како да врзат крај со крај од прво до први. Наместо конкретни мерки за помош на граѓаните, владата на Мицкоски не прави ништо. Ги оставија граѓаните сами да се справуваат со растечките трошоци и не прифати ниту еден предлог на СДСМ за воведување мерки. Одбива мерки, одби да ја покачи минималната плата на 600 евра минимална плата. Со Мицкоски и ВМРО граѓаните се осудени на сиромаштија, неизвесност и секојдневна борба за гол опстанок, додека функционерите на власта уживаат во луксуз. Ова не е економска политика, ниту трета економија од бајките на Мицкоски, ова е свесна политика на осиромашување на народот за богатење на неколкумина од врвот на власта!, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКоњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата годинаВладата покажа дека младите се еден од главните приоритети и дека вложувањето во нивното образование, развој и подобар животен стандард е важен дел од владините политики.Од почетокот на мандатот веќе се преземени повеќе конкретни чекори во таа насока. Постојано се работи на отворање нови можности за вработување и самовработување на младите, реконструкција и подобрување на условите во студентските домови, воведување нови категории стипендии, како и намалување на дигиталната нееднаквост. Тоа се мерки што одговараат на различните потреби на младите и имаат за цел да им овозможат подобри услови за образование, работа и личен развој. Владата продолжува со нови решенија преку кои студентите ќе добијат дополнителни поволности и конкретни финансиски придобивки во секојдневниот живот. Станува збор за ново законско решение, со кое секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година. За подготовката на ова законско решение се вклучени повеќе надлежни институции, кои работат во меѓусебна координација. Во процесот учествуваат Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии. Исто така, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка. Почитувани, Нашата цел е поддршката за студентите да одговори на повеќе аспекти од нивниот секојдневен живот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки и законски решенија насочени кон младите. Преку подобри услови за образование, нови можности за вработување и дополнителни финансиски поволности, целта е младите да имаат повеќе причини и можности да ја градат својата иднина дома, рече Дамјан Коњановски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе судрија патнички авиони на пистата на аеродромот во Вашингтон (ВИДЕО)Два патнички авиони „Боинг 737“ на „Американ ерлајнс“ се судрија во петокот кратко пред полетувањето на меѓународниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон. Врвот на крилото на еден авион се открши, предизвикувајќи силен судир на патниците. Во инцидентот нема повредени, објави Би-Би-Си. Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) потврди дека инцидентот се случил околу 17:10 часот по локално време, додека двата патнички авиона се приближувале кон пистата. Летот AA638, кој требало да полета за Далас, го отсекол крилото на летот AA2152, кој требало да полета за Чикаго. Објавена е снимка од разговорот на пилотот со контролата на летање Снимката од комуникацијата со контролата на летање, објавена од услугата LiveATC, покажува како пилотот ги информира контролорите дека има контакт со друг авион. Едниот авион имал откршено крило, крај на крилото што се извиткува нагоре и служи за намалување на аеродинамичниот отпор. Пилотот ги предупредил контролорите дека целиот скршен врв на крилото е на земја од десната страна на авионот. Инцидентот ги натера контролорите на летање да му наредат на еден авион да го прекине слетувањето, додека другите пилоти беа предупредени за можни одложувања. Патник: Целиот авион се тресеше Еден патник, кој побара да остане анонимен, го опиша моментот на несреќата за CNN. „Ударот беше навистина силен. Целиот авион се тресеше“, рече тој. Тој додаде дека многу патници гласно се задишале од изненадување, а потоа почнале да зборуваат и да гледаат низ прозорците за да видат што се случило. Откако вработените на аеродромот го отстраниле скршеното крило, двата авиони се вратиле на терминалот, каде што биле проверени од противпожарните и спасувачките служби. „Американ ерлајнс“ ги повлече двата авиона од употреба за технички преглед, им се извини на патниците и објави дека ќе им обезбеди резервни авиони. 67 лица загинаа на истиот аеродром минатата година Во близина на истиот аеродром во јануари минатата година се случи една од најлошите воздухопловни несреќи во САД во последните неколку децении. Во судирот помеѓу патнички авион на „Американ ерлајнс“ и американски воен хеликоптер, загинаа сите 67 лица во двата авиона. Новиот инцидент се случил за време на еден од најпрометните периоди на американските аеродроми, викендот по Денот на благодарноста.Тагови: аеродромот патнички авиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter