Никола Роквиќ ја заврши мисијата од 1.060 километри- бос влезе во црквата Св.Нектарија на Евиа - Канал 5

Никола Роквиќ ја заврши мисијата од 1.060 километри- бос влезе во црквата Св.Нектарија на Евиа

Никола Роквиќ по едномесечно планинарење и исцрпувачките 1.060 поминати километри пеш, пристигна во манастирот Свети Нектариј Егински.

Никола Роквиќ ја заврши мисијата од 1.060 километри- бос влезе во црквата Св.Нектарија на Евиа

Пејачот влезе во манастирот бос и завиткан во српското знаме и им се поклони на моштите, објави Телеграф .

Никола ја бакна иконата и ги почитуваше сите обичаи, а на грбот го носеше вечниот симбол на Србија.

Потоа се одржа богослужбата, а Никола беше на работ да заплаче, цело време држејќи се за гради.

Гордиот пејач потоа испеа една од црковните песни, по што на присутните им се обрати:

- Ви благодариме драги луѓе за поддршката, ви благодариме за вашата љубов. Ви благодарам што ми дозволивте да изразам сѝ што чувствував, што чувствувам. Најпрвин, благодарност до милиот Господ Бог, благодарност до свети Нектариј, благодарност до сите светци.“

Потоа го спомна својот покоен татко, кој за жал починал од рак.

- Не знам како да го опишам ова патување, не знам, како да го чекав ова цел живот. Од кога влегов во верата, го засакав свети Нектариј, одев кај неговите акатисти, ги водев болните, ги упатував болните кај Свети Нектариј. И јас имав желба да го донесам татко ми овде, не ми се оствари, но благодарен сум на свети Нектариј што духовно го исцели татко ми, а тоа е многу поважно од физичкото. Понекогаш во животот не може сѐ да биде како што ние сакаме. Затоа треба да се радуваме на оние моменти кога не е како што сакаме да бидеме. Затоа што тоа е волја Божја. А Господ во миг, ако за миг ја достигнеме таа радост, испраќа благослов и ни отвора нови хоризонти. Ни отвора пат кој покажува дека ова не е сѐ, дека ова е само момент. И тоа не е ни момент во споредба со целата вечност, во споредба со она за што живееме.“

Во многу емотивниот говор, низ солзи, Роквиќ изјави дека секој ден е еден живот.

Роквиќ вели дека најмногу се радува што сето тоа им го пренесува на својот народ и на другите луѓе.

- Радувајте се луѓе - рече Роквиќ на крајот и доби аплауз од луѓето кои случајно се нашле во храмот на Свети Нектариј.

Роквиќ со хуманитарна цел пропешачи од Србија, низ Македонија , преку Грција и денеска со траект стигна на островот Евиа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат  нови околу 1200 нови добро платени работни места .

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка.

Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, рече вицепремерот Николоски.

“ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави Николоски.

Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места.

“Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности “ – изјави Николоски.

Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на автопатот Прилеп-Битола, соопшти МТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила

На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.

Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила

На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституција

На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.

Уапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституција

На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга.

Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава.

За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер