ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
2ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
ЖивотПознат инфлуенсер е осуден на 50 години затвор , организирал киднапирањеМексиканскиот ЈуТубер Герман Лоера (25) е осуден на 50 години затвор за организирање на киднапирање во февруари 2018 година.Герман Абрахам Лоера Акоста бил еден од шесте мажи кои киднапирале 33-годишна адвокатка во мексиканската држава Чивахуа и ја присилиле да влезе во нивниот автомобил. Ја однеле во куќа изнајмена од Лоера, каде ја држале и барале 2 милиони пезоси во биткоини (околу 100 000 долари). Полицијата ја спасила киднапираната жена два дена подоцна и во исто време ги уапсила четворицата киднапери. Покрај затвор, сепак треба да платат и половина милион пезоси казна, пренесува Би-Би-Си. Генералниот јавен обвинител на Чивахуа, Цезар Пениче изјави дека Лоера е личност која е добра во комуникацијата преку интернет преку кој преговарал за условите, но на крајот истиот ден им се влегло во трагата на биткоините. View this post on Instagram Yo vivo hoy porque el ayer ya se fue, y mañana no sé si estaré. #cdmx #entrepreneur #actitud #emprende #motivacion #foodporn #gains #mentesmillonarias #emprendimiento A post shared by Germán Loera (@germanloeramx) on Dec 1, 2017 at 3:42pm PST Лоера е поранешен инфлуенсер кој го поседува каналот LoeraMX на YouTube и бил извршен директор на фирма за маркетинг и дизајн. Тој зборувал на YouTube за маркетинг и бизнис, а во неговиот опис се вели дека „умот е единственото нешто што нè ограничува“. Тој со своите придружници споделувал мотивациони совети за тоа како да го подобрат својот професионален и личен живот. View this post on Instagram El amor es el mejor combustible que conozco, mueve montañas, nos hace lograr lo que ni siquiera nosotros mismos sabíamos que estaba dentro de nuestras capacidades. No le teman al amor emprendedores, témanle a la ausencia de él. #emprendimiento #entrepreneur #negocios #actitud #emprende #motivacion #amor #exito #mentesmillonarias A post shared by Germán Loera (@germanloeramx) on Dec 13, 2017 at 6:33pm PST „Вие не сте иднина, вие сте сегашност, затоа живејте и постапувајте соодветно. Можеме да ја претвориме оваа земја и овој свет во нешто посебно“, е еден од неговите совети. Тој, одржа мотивациони говори и учествуваше на Светскиот конгрес на млади лидери за мир во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЃоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможноНовак Ѓоковиќ не успеа доволно да се опорави од заморот и освојувањето на Пекинг, па загуби од Хуберт Хуркач на првиот тест на Мастерсот во Шангај, но немаше причина за очај.- Пекинг беше одличен, а потоа рана елиминација овде... Но, добро. Имав одлична недела во Пекинг, сега сакам малку да одморам и да се подготвам за затворениот дел од сезоната - изјави Новак, а потоа подетално објасни: - Површината е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако изгубите сервис еднаш по сет, може да биде доволно да го изгубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се врати неговиот сервис, речиси невозможно - сервираше навистина добро. Не се адаптирав, а соочувањето со него веќе на првиот меч овде беше многу тешка ждрепка за мене - изјави Новак, пренесе Телеграф. Потоа го коментираше мечот со Хуркач кој го загуби во два сета каде Полјакот сервираше навистина неверојатно. - Ако претрпите пауза, доволно е да го загубите натпреварот. Еден брејк по сет и тоа се случува. Многу е тешко да се врати на негов сервис, беше речиси невозможно. Не се адаптирав, имав многу тешка ждрепка, особено што морав да играм со него веќе на првиот меч - потенцира Ѓоковиќ. Сега го чека турнирот „Шест кралеви“ во Ријад, но најголема желба му е да обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино, за кој моментално ја држи позицијата, но ќе биде многу тешко да остане таму. - Би сакал да го одиграме завршниот Мастерс во Торино. Се уште планирам да играм во Париз, па да видиме... Се надевам дека таму ќе имам добар резултат - заврши Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
ЖивотКрадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во ИталијаНевообичаена кражба во Италија.. Крадци украле 30.000 шишиња вино во вкупна вредност од околу 5 милиони евра од позната италијанска винарија, објави Би-Би-Си.„Марчези Антинори“, една од најголемите семејни винарии во Италија, соопшти дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила во саботата, додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство. Се претпоставува дека најмалку седум маскирани мажи ги деактивирале алармите и ги исклучиле камерите пред да натоварат два големи камиони со тоскански црвени Вина Тињанело, Солаја и Гвадо Ал Тасо на компанијата. Извршниот директор котарела изјавил дека ова е најголемата кражба од ваков вид во Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПедијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирусОд три до четири пациенти дневно со вирусот коксаки се потврдуваат од страна на матичната докторка Мира Атанасова. Таа објаснува дека вирусот што се манифестира со исип на рацете, стапалата во устата и грлото се чест симпот за коксаки и тоа најчесто кај деца од предучилишна возраст. Доктор Атанасова објаснува дека најчесто лекувањето трае и до седум дена и треба детето да не оди во градинка, доколку има проблеми со грлото и висока температура со денови треба да се побара и болничко лекување. Коксаки вирусот може да го добијат и возрасните кои најчесто се пренесува од нивните деца. Најважно е изолација и терапија со витамини и течности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter