Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
БалканПожари беснеат низ Србија: Едно лице загина, пристигнува помош од Русија (ВИДЕО)Авион ИЛ-76 на руското Министерство за вонредни ситуации се упати кон Србија за да помогне во гаснењето на шумските пожари.„По наредба на рускиот претседател Владимир Путин, авион Ил-76 со екипаж и оперативна група на руското Министерство за вонредни ситуации беше испратен во Србија за да помогне во гаснењето на шумските пожари. Српската страна директно побара помош од Русија поради критичното влошување на ситуацијата со пожарите и заканата за населените области“, соопштија од Министерството за односи со јавноста, објави Индекс. „Ние остануваме цврсто посветени на поддршката на нашите партнери“ Србија се соочува со исклучително тешка ситуација поради шумските пожари кои ја загрозуваат инфраструктурата и населението. Рускиот авион е опремен со специјализирана противпожарна опрема, вклучувајќи системи за испуштање вода дизајнирани да гаснат големи пожари. „Русија е подготвена да и ја обезбеди потребната помош на Србија и тесно да соработува со своите надлежни служби, водени од хуманитарните принципи и целта за намалување на последиците од катастрофата. Заедничките напори на руските и српските спасувачки служби ќе бидат насочени кон ставање на пожарот под контрола и заштита на населените области и критичната инфраструктура од опасност од ширење на пожарот“, се вели во соопштението на министерството. „Русија останува цврсто посветена на обезбедувањето поддршка на партнерите во справувањето со последиците од природните катастрофи. Испраќањето на воздухопловна единица на руското Министерство за вонредни ситуации во Србија јасно ја покажува подготвеноста на Москва да дејствува за заштита на луѓето и териториите, негувајќи ја традицијата на меѓународна солидарност и взаемна помош“, се додава. Започна нов топлотен бран Низ цела Србија пожарникарите со денови гаснат десетици пожари. При гаснењето едно лице загина, а неколку се повредени. За денеска метеоролозите најавуваат нов топлотен бран кој ќе биде пропратен со ветер. Ветерот веќе го зема својот данок на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во природниот резерват Делиблатска пешчара, а во текот на ноќта пожарот се запали и на Столови кај Краљево, каде активно горат неколку пожари. Вонредна состојба е прогласена на дел од територијата на општина Кладово, бидејќи пожари се закануваат на повеќе села на површина од околу 13 километри квадратни. Како последица на новиот топлотен бран, заедно со јужниот и југозападниот ветер, значително ќе се влошат метеоролошките услови за гаснење на пожарите, предупредуваат од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ). Засилен ветер утре ќе дува во областа Кошава во Банат и на планините, а од сабота и во другите делови на Србија. Од РЗМЗ предупредуваат дека ќе следи период со значителен дефицит на врнежи, што дополнително ќе придонесе за сушење на вегетацијата и ќе го зголеми ризикот од брзо ширење на пожарите на отворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - КичевоНа терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево. Одличен напредок!Што би рекол нашиот народ - „Се гледа крајот“ Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок. Ја градиме Македонија- објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнализа: Политизацијата на раководните позиции го урива квалитетот во јавното здравствоКој и според кои критериуми ги добива директорските позиции во јавните болници? Стручноста и искуството треба да бидат пред политичките влијанија при изборот на раководен кадар. Токму на ова предупредува анализата на „Солуција“, која ја отвора потребата од департизација во здравството. Целта е да се отвори прашањето за потранспарентен избор на раководен кадар, во кој предност ќе имаат стручноста, искуството и менаџерските способности. „Ако не ги имате компетентните луѓе да раководат со ваквите установи, тогаш граѓаните ја губат вербата во системот...тогаш граѓаните не го добиваат здравството кое го посакуваат, тоа е една од многуте причини кое граѓаните не се задоволни и се обидуваат да најдат иднина на друго место“-– Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Длабоката политизација е присутна на сите нивоа во јавниот сектор, предупредува евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој посочува дека со секоја промена на власта се менуваат и вработените на раководни позиции, но и кадри на пониските нивоа во институциите „Ако ја следиме историјата на земјата во Јавниот сектор постои длабока политизација на сите нивоа, дури и на најниското.Шокантно е следиме низ годиниве, а јас сум тука само две години меѓутоа имам прочитано многу за тоа кога имате промена на власта луѓето на позициите се менуваат“-– Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Враќањето на довербата во институциите е еден од клучните приоритети на кои се работи заедно со Владата, посочува евроамбасадорот Рокас. Според него, тоа е суштински чекор за граѓаните да ја вратат вербата во системот, да ја гледаат својата иднина во сопствената земја и да останат во неа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСмени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од МакедонијаСе отвора ли нов скандал во Србија по веста објавена во српските мкедиуми за смени и притисоци врз полицајците кои на почетокот од годинава во близина на Крушевац открија рекордна пратка од пет тони марихуана шверцувана од Македонија?Летово српското обвинителство поднесе обвние протиув шест лица повзрани со случајот. Кај нас досега со истрагатакоја се уште трае опфатени се десеттина лица. Од ОЈО ГОКК за Канал 5 велат дека последните случувања во Србија немаат влијание за проширување на истрагата.. „По предметот за организираниот транспорт на пет тони марихуана од Македонија во Србија се преземаат истражни дејствија. Се очекува наскоро да биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.“, велат од ОЈО ГОКК. Претходно на 17 авггуст годинава, Обвинителството соопшти дека истрага е проширена за уште седум лица, со што во постапката беа опфатени вкупно тринаесет осомничени. Двајца од нив веќе ја признаа вината и врз основа на спогодби со Обвинителството, на 10 август беа осудени на три години и шест месеци, односно три години и осум месеци затвор. Постапката продолжува за преостанатите единаесет осомничени, меѓу кои е и Предраг Брковиќ, сосопственик на скопската компанија „Алфафарм“, кој според Обвинителството учествувал во организирањето на транспортот на дрогата. Во однос на случајот со притисоци врз српски полицајци поврзани со запленетата марихуана, истражувачкиот портал „КРИК“ објавува дека 15 раководители на Службата за борба против дрога биле сменети од функциите и прераспределени на други работни места по рекордната заплена на дрогата. Тринаесет полицајци во писмо до српскиот премиер Ѓуро Мацут испратено вчера тврдат дека веднаш по акцијата започнале смени и притисоци врз нив и нивните семејства. Побарале средба со премиерот, но според порталот, до објавувањето на истражувањето не добиле одговор. Инаку, шверцот на дрогата беше откриена на 29 јануари годинава во Коњух кај Крушевац, на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија. Тогаш српските полицајци пронашче документација од македонската компанија „Алфафарм“, по што сознанијата им биле доставени на македонските истражни органи. На почетокот на февруари следуваше голема полициска акција во Македонија, во која од повеќе компании беа запленети над 40 тони марихуана и биомаса. Според досегашните наоди на Обвинителство, криминалната група во најмалку пет наврати транспортирала големи количини на марихуана преку граничниот премин Табановце, прикриена во камиони со друга декларирана стока. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter