Повторно раст на заболените и на починатите од Ковид-19

 Нови 125 случаи на Ковид-19 беа регистрирани вчера, што е повторно висока бројка на заразени од овој вирус. Најголем број новозаболени имаше минатата недела кога беа регистрирани 180 случаи.

Од 1019 тестови што биле направени вчера, нови случаи има најмногу во Скопје – 89. Во Куманово нови четири, во Штип, Прилеп и Струмица по двајца, Тетово – 11, Струга три, Велес еден, Охрид осум и во Гостивар, Кичево и Ресен по еден новозаболен.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира и шест оздравени пациенти и тоа во Скопје и во Прилеп по еден и во Велес – четворица. Починаа седум лица од кои тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера почина 79-годишен пациент од Скопје, на клиниката од 19 мај, потоа пациентка од Струга на 66 години хоспитализирана на 8 јуни, 54-годишна пациентка од Скопје примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово на 46 годишна возраст, која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 Септември" почина пациентка од Скопје на 77 години примена на 8 јуни и 73 годишна пациентка од Струга примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Министерството за здравство вчера соопшти дека сите од наведените пациенти кои починале имале претходни коморбидитети, односно спаѓале во ризична група.

Од починатите на Инфективна клиника – 79-годишниот пациент од Скопје – Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберколоза), пациентката 66-годишна од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабет, пациентката – 54 години од Скопје – Студеничани е хоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и гојазност.

Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. И бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника,

Од починатите во ГОБ „8 септември" – пациентката 77-годишна од Скопје, хоспитализирана на 8 јуни имала срцева слабост, пациентката (73 години) од Струга, примена на 7 јуни имала хронична леукоза, висок притисок и дијабет. Пациентите биле примени како сомнителни на Ковид и потврдени по прием. Пациентот 87-годишен кој почина во Штипската болница е лекуван болнички од 26 мај, а имал кардиоваскуларни заболувања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.

Вкупно најмногу активни случаи има во Скопје – 844, потоа во Штип каде има 186, во Куманово – 155 и во Тетово 145.

Во однос на дистрибуцијата по градови за вкупниот број, најмногу активни случаи со Ковид-19 и натаму има во Скопје – 844, а потоа следат Штип со 186 случаи, Куманово со 155 случаи, Тетово – 145.

Од 19 теста кои биле направени вчера во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на Ковид-19.

На Инфективната клиника вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На кислородна поддршка се 29, а нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември" вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респираторна машина се осум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 35 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според податоците од ИЈЗ, скопската општина Чаир и натаму со најголем број активни случаи со Ковид-19 каде има 195 заболени, потоа следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи.

Активни случаи има и во Кисела Вода – 39, Ѓорче Петров – 26, Студеничани – 24, Арачиново – 24, Шуто Оризари – 21, Илинден – 19, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2, а има и двајца странски државјани.

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на Ковид-19.

Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис .

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, демантирајќи ги написите во медиумите дека Атина ќе му помогне на Киев со противвоздушни ракетни системи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис откри дека било побарано од Грција, но објасниле зошто не можат да го сторат тоа.

Грција ја поддржа Украина на различни начини со одбранбен материјал. Но, од првиот момент рековме дека не можеме да ги отстапиме оружените системи кои се клучни за нашата способност за одвраќање. Имавме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина и го направивме тоа и сметам дека тоа е правилно. До степен до кој можеме да најдеме таков материјал, ќе продолжиме да го правиме тоа. Сепак, системите за противвоздушна одбрана се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да и бидат доделени на Украина, објасни Мицотакис.

За односите со Турција и во пресрет на средбата со турскиот претседател во Анкара на 13 мај, грчкиот премиер рече дека целта на посетата е да се направи „чекор напред во грчко-турскиот пристап, кој даде некои важни мерливи резултати“.

Како пример спомена дека над 12 месеци нема прекрушувања на грчкиот воздушен простор, но и дека постои екстремно намалување на мигрантските бранови.

Истакна дека иако постојат различни ставови за одредени прашања, „тоа не значи дека нема да разговараме, дека нема да го препознаеме подобрувањето на односите и дека нема секогаш да се трудиме да ги градиме позитивните работи, наместо да се фокусираме само на негативните и нашите несогласувања“.

Во однос на европските избори на 9 јуни, рече дека другите партии „сакаат да ги сведат на референдум против Владата“, истакна дека го прифаќаат овој предизвик и политичката порака од евроизборите треба да биде „стабилност, сигурност и континуитет“.

Дополнително посочи дека не станува збор за национални избори на кои се одбира влада и мерката за споредба, според него, треба да бидат претходните европски избори.

Нова демократија на евроизборите во 2019 година освои 33,12 отсто од гласовите, додека пак на ланските парламентарни избори победи со 40, 56 проценти.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

На состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ вчера во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објавија украинските медиуми.

– Во последните месеци членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија, рече Столтенберг.

Месечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на украинскиот фронт, а градовите низ земјата се изложени на руски беспилотни летала и ракетни напади поради недостаток на воздушна одбрана, пишуваат украинските медиуми.

Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

притисни ентер