Повторно раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978.

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројката на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи.

Од 37-те новозаболени од Ковид-19, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром.

Најголем број дијагностицирани досега има во Скопје – 713, а активни се 199 случаи, потоа следат Куманово со 433 заболени и 34 активни случаи, Прилеп со 210 заболени и 48 активни случаи, Тетово со 172 заболени и 77 активни случаи, Велес со 127 заболени и 43 активни случаи…

Во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на Ковид -19. Двајца позитивни на Ковид-19 се откриени во рамки на скринингот на вработените во градинките, а вчера е регистриран и еден позитивен случај во Геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува оваа недела и најави дека детските установи ќе почнат со работа кон почетокот на јуни.

Бројот на хоспитализирани со Ковид-19 не се намалува. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 58 пациенти од кои на кислородна поддршка се 24, а на механичка вентилација се двајца пациенти. Во ГОБ „8 Септември" се хоспитализирани 18 пациенти од кои на респиратор се пет пациенти, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на Инфективната клиника во Скопје, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат, работат моловите (секој ден освен во недела, со работно време од 10 до 18 часот, но се уште не е дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем на нарачка или достава), обложувалниците, автошколите, стоматолошките ординации... Се очекува да биде донесен план за отворање на угостителските објекти, но тоа ќе зависи од епидемиолошката состојбата и почитувањето на мерките.

Коронавирусот нема да исчезне, посочуваат здравствените стручњаци и надлежните. Поради тоа граѓаните и натаму треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и да не се групираат, задолжително да носат заштитна опрема (маска, марама) со која ќе им бидат покриени устата и носот, редовно да ги мијат рацете или да ги дезинфицираат и да држат дистанца од два метра.

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест,претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните  им се потребни подобри услови

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест, претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните на оваа земја им се потребни подобри услови за живот, подобра економија и поголеми инвестиции, повеќе работни места и можности за младите, за да останат дома, во својата татковина.

„Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам не ни треба некој да биде повисоко, некој пониско. Нам ни треба подобра економија, подобра социјала, повеќе инвестиции, повеќе работни места. Ако го направиме тоа, можеме да кажеме дека бил успешен мандатот. Сè друго е карање со комшиите и внатре со најблиските, и карање на регионално ниво, со соседите – и тоа е погубно“, рече Пендаровски пред присутните.

Во оваа насока тој додаде дека и натаму ќе се залага за концептот на заедништво, бидејќи смета дека сите граѓани мора да бидат еднакви. „Отсекогаш сме биле мултиетничка држава и единствениот рецепт за просперитет е да се почитуваме едни со други“, рече Пендаровски.

Пендаровски ги повика крушевчани масовно да излезат на гласање и на 8 мај.

„Тогаш ќе ја видиме вистинската слика на тоа каква ја сакаме Македонија – внатре без две или три категории на граѓани, во која сме солидарни, во која си помагаме еден со друг, стари на млади, млади на стари, Македонци на Власи, Власи на Албанци, Албанци на Турци и.т.н. Една сложна фамилија. И убеден сум дека има мнозинство такви граѓани“, додаде Пендаровски.

Пендаровски во Крушево, во споменикот Македониум, положи и свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, соопштуваат од неговиот тим.

Силен земјотрес го погоди Тајван, засега нема информации за штета

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Хуалиен, источниот регион на Тајван, соопшти Метеоролошката служба.

Земјотресот бил почувствуван во главниот град Тајпеј, каде што се нишале згради, објави Ројтерс.

Метеоролошката служба соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 24,9 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Хуалиен беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер на 3 април, при што загинаа 17 луѓе.

После тоа се забележани уште 1.000 последователни потреси.

Карате мајстор победи мечка- со еден удар ја избрка и се спаси

Масато Фукуда (50) посетил водопад во близина на градот Најеро, на северниот остров Хокаидо, а потоа видел две мечки.

Една од нив се нафрлила на човекот и брзо зажалила. Масато е карате мајстор, па реагираше со молскавична брзина за да си го спаси животот.

„Морав да реагирам, бидејќи во спротивно немаше да преживеам“, изјави тој за медиумите.

Огромната мечка се обидела да го гризне Масато, но била принудена да се повлече по прецизен удар во глава, пишува Daily Star.

„Во таа прилика ја повредив ногата, но си го спасив животот“, објасни тој.

Животните веднаш побегнале, а човекот дотрчал до својот автомобил и ги снимал од безбедно растојание.

„Имав многу среќа. Кој знае што ќе се случеше ако не отстапеше“, додаде тој.

притисни ентер