Повторно над 10 000 новозаразени во Франција

Француските здравствени власти денеска пријавија нови 10.569 потврдени случаи на ковид-19, што е помалку од рекордното зголемување од 13.498 претходниот ден.

Бројот на луѓе во Франција кои починале од инфекција со ковид-19 се искачи на 31.585 од 31.274 во саботата, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број на случаи сега изнесува 453.763.

Жителите на Гази Баба и Аеродром од денеска до недела ги предаваат старите печки

Жителите на општините Гази Баба и Аеродром што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје во текот на продолжениов викендќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во Вардариште

Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот.

Во Град Скопје до вчера се пристигнати 4.800 апликации, а само од општините Гази Баба и Аеродром се пристигнати над 1. 000 апликации на овој јавен повик.

Изминатите викенди, ваква акции за предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување се организираа во општините Сарај, Шуто Оризари и Карпош.

Значајно е да се нагласи дека во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, за да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфати граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните можеа да аплицираат онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Целта на јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди е да се придонесе за намалување на аерозагадувањето во Скопје преку намалување на бројот на оџаци кои чадат заради загревање на домовите во текот на грејната сезона, односно во зимскиот период.

Град Скопје

Хрватска: 1867 нови случаи на Ковид-19

Нов неславен рекорд во Хрватска.

Според официјалните податоци кои се објавени после 10 часот, во Хрватска за последните 24 часа се регистрирани 1867 нови случаи со Ковид-19, додека починале седум лица.

Вчера во Хрватска беа регистрирани 1.563 нови случаи на заразени со коронавирус, а починаа 13 лица.

Македонија го празнува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба

Македонија денеска го празнува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Во рамки на годинешното одбележување на празникот Владата организираше положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје, на настанот присуствуваше владина делегација составена од заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, заменик министерот за култура, Седат Сулејмани и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов.

На спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила, претпладнево владина делегација предводена од министерката за култура, Ирена Стефоски ќе положат свежо цвеќе.

притисни ентер