Повредени и приведени на вчерашните протести во Собранието

24 луѓе од синоќешните протести пред собранието завршиле во скопските клиники без сериозни повреди.

Во градската болница Наум Охридски биле примени 12 луѓе кои имале проблеми со дишењето поради солзавецот по прегледот биле пуштени дома. И во ургентен 12мина завршиле со полесни повреди, само кај двајца учесници имало исченици на нозете и завршиле на пластична хирургија. Од повредените во ургентен осум се полицајци и четворица цивили помеѓу кои и новинар.

МВР потврди дека биле приведени 26 луѓе.

Немирите почнале околу 21.30 часот кога 50 демонстранти се упатиле кон плоштадот Македонија и насилно упаднале во два угостителкси објкети, каде кршиле и врз гостите фрлиле солзавец. Во близина на хотелот Холидеј ин запалено е комби Фиат. Состојбата ескалирала кога масата народ ја урнале оградата кај собрание и затоа полицијаците морале да превземат мерки, се вели во соопштението на МВР.

Во врска со новинарот на порталот Инфомакс, од МВР велат дека одбивал да се легитимира, а притоа дал и и активен отпор. Постапувајќи согласно процедурите , лицето е однесено во полициска станица и по утврдувањето на неговиот идентитет, истото веднаш е пуштено.

Најмногу рекации со видеа имаше на социјалните мрежи каде се коментираше дека полцијата употребила поголема физичка сила и солзавец.

Со писмено соопштение и од Советот за етика за медиумите на Македонија:

- Медиумите не смеат да бидат злоупотребени за пренесување повици за обединување поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството, Оваа реакција, според нив, е поради зачестените случаи на ширење шпекулации, еднострано известување и невистини преку некои медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација и по потпишувањето на договорот за името со Република Грција.

Со реакација и Хелсиншкиот комитет за човекови права во соопштението велат дека според нивните согледувања група на граѓани кои биле дел од протестот извршиле насилни дејствија насочени кон полициските службеници. Од Хелсиншки ги повикуваат:

-Надлежните да спроведат темелна истрага за сторените казниви дела. Во синоќешните протести се забележува дека има прекумерена употреба на хемиски средства од страна на полицијата кон граѓаните Согласно Законот за полиција, употребата на средства за присилба мора да биде соодветна и пропорционална се вели во соопштението.

Во Охрид одржан велигденски концерт

 Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.

-Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку визнатиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.

Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.

-Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

Со програмата што ја изведоа на Велигденскиот концерт во организација на НУ „Охридско лето“, Женскиот хор „Менада“ во октомври треба да настапи во Истанбул, Турција.

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз единствената зачувана предвоена синагога во Варшава која се уште служи како место за богослужба и се обиделе да ја запалат, соопшти полската полиција.

„Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Нозика во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа“, изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.

„Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија?“, реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски.

Таа синагога се реновира од 2008 година. /МИА

Повеќе од 40 приведени во операција против „Исламска држава“ во Турција

Повеќе од 40 лица се приведени во Турција за време на операција против „Исламска држава“, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Акциите биле спроведени на територијата на 12 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Истанбул, Ескишехир, Каракале, Невшехир и Маниса. Тие биле извршени од страна на окружните полициски служби под координација на разузнавачките и антитерористичките сили на Генералниот директорат на полицијата.

Како резултат на операциите уапсени се вкупно 41 осомничен, од кои 10 во Истанбул. Запленети се пиштоли во нелегална сопственост, бројни дигитални материјали и поголема количина девизи и турски лири. /МИА

притисни ентер