Потврдено: Се враќа легендарниот Спачак! - Канал 5

Потврдено: Се враќа легендарниот Спачак!

„Citroen“ ги откри првите детали за својот нов електричен модел и го потврди враќањето на „Citroen 2CV“ (на овие простори познат како Спачак).

Потврдено: Се враќа легендарниот Спачак!

За време на презентацијата во „Stellantis“ во Мичиген, извршниот директор на „Citroen“, Ксавиер Шардон, изјави дека „2CV се враќа“. Новиот модел ќе се произведува во Италија од 2028 година, заедно со новата генерација на „Fiat Panda“.

Потврдата доаѓа по претходните извештаи дека „Citroen“ планира враќање на иконскиот модел за да го искористи растечкиот потенцијал на европскиот пазар на буџетски автомобили. Шардон претходно изјави дека новиот модел ќе ја игра истата улога како и оригиналниот „2CV“ кон крајот на 1940-тите, со цел да ги направи автомобилите подостапни за европските купувачи.

Првиот тизер покажува дека новиот градски автомобил ќе ја задржи препознатливата силуета на оригиналниот „2CV“, но со модернизиран дизајн инспириран од концептот „ELO“, кој го претставува идниот дизајнерски правец на брендот „Citroen“. „Stellantis“ неодамна потврди дека ќе произведува електрични градски автомобили со цена под 15.000 евра во својата фабрика во Помиљано во Италија од 2028 година, објави „Автоблог“.

„Fiat“ ќе користи дизајнерски елементи од оригиналната „Panda“ од 1980 година за својот модел, а се очекува името да се врати. Шардон рече дека новиот „2CV“ ќе биде еден од седумте нови модели планирани од „ Citroen “ до 2030 година. Пет од моделите ќе бидат замена за постојните возила, додека „2CV“ и уште еден електричен супермини ќе отворат нови извори на приходи за компанијата.

Новиот модел ефикасно ќе го наследи поранешниот „Ситроен C1“ со бензински мотор. Затемнетата силуета на возилото беше прикажана за време на презентацијата, со најава дека целиот изглед ќе биде откриен на Саемот за автомобили во Париз во октомври. Шардон потсети дека оригиналниот „2CV“ „донел слобода на мобилност на милиони луѓе“ по Втората светска војна и изјави дека новиот модел „ќе има задача да ја популаризира електричната мобилност“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Врз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари.

Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати.

Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите.

Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци.

Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност.

Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии.

Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури.

Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари.

Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани.

Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Народната банка со нови детали околу актуелните случувања во банкарскиот сектор и суперревизорските активности.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Утре се очекува да биде покренат стечај за Алта банка во Србија

Деталите од Андријана Лазова Божиновска.

Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.

Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците.

Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер