Потресни сведоштва на преживеаните во авионската несреќа во Непал

,,Слушнавме силна експлозија , а потоа авионот се затресе и сите плачевме и се молевме за спас” , раскажуваат преживеаните патници од авионската несреќа на аеродромот во Катманду.

Во авионот имало 71 патник и членови на екипажот , а до сега е потврдена смртта на 49 лица. Причината за падот на авионот се уште не е утврдена , додека трае анализата на црната кутија. Авионот бил стар 17 години . Еден од патниците се сеќава дека по падот , имало пожар во авионот и не може да се сети како успеал да излезе .
,, Седев на седиштето до излезот за евакуација и најверојатно сум паднал од таму , кога спасувачите ја отворија вратата “ , раскажува патникот Кешав Пандев.
29- годишната наставничка од Бангладеш раскажува дека се пробивала низ пожар , кога ја здогледале спасувачите и ја извлекле надвор .
,, Авионот се нишаше , одеше лево – десно . Мислев дека се само турбуленции “ , изјави Санам Шакја , кој успеал да излезе низ прозорецот.

Во межувреме е пронајдена црната кутија и почна идентификувањето на жртвите .

Авионот вчера се урна при слетувањето на аеродромот во Катманду, удрил во оградата и се запалил .

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер