Потребен е развој на технологијата за подобар свет на лицата со оштетен вид - Канал 5

Потребен е развој на технологијата за подобар свет на лицата со оштетен вид

Развиената технологија овозможува подобар живот за сите, но таа има „моќ“ да го направи светот уште подостапен за слепите лица.

Потребен е развој на технологијата за подобар свет на лицата со оштетен вид

Сепак, прашање е колку земјите во развој може да им овозможат на овие лица понезависен живот од било кога, токму со помош на технологијата.

Суарет Алиша од коалицијата „Менуваме“ за МИА вели дека нашата држава сè уште не е целосно подготвена да одговори на предизвиците и да ја искористи напредната технологија, поради слабиот развој.

Појаснува дека во развиените земји се користат апликации и технологии, кои доколку Северна Македонија покаже „интерес“ може да бидат достапни и кај нас.

– Постои говорната апликација Џос како пример за слепите лица. Со помош на таа апликација она што вие го гледате, Џосот го конвертира на тонски звук. Тој може да се синхронизира и на македонски јазик, но државата не собра сили да направи нешто, вели Алиша.

Оценува дека во светот е развиена далеку подобра технолошка култура.

– Постојат виртуелни асистенти кои му помагаат на слепото лице да функционира во просторот без проблем. Тоа го има развиено во Индија. Верувам дека може и тука да се развие таа апликација каде паметните уреди се водач на слепите лица. Има и технологии коишто овозможуваат дигитална писменост за деца со различна попреченост, но ние како држава сме настрана од тоа, многу сме назад, оценува Алиша.

Едно од поновите усовршени помагала за слепите лица е токму смарт стапот кој се повеќе се користи ширум светот, бидејќи има вграден тонски звук кој му кажува на лицето што се наоѓа околу него.

-Бидејќи смарт стапот е големо олеснување за овие лица, она за што како организација разговаравме со министерот за здравство изминатиот период, беше тоа да биде на товар на Фондот за здравство и се надеваме дека наскоро Фондот ќе го направи смарт стапот подостапен за овие лица, истакнува Алиша.

Вели дека со развиената технологија, исто така, може да им се помогне на овие лица и во образовниот процес, посочувајќи ги како пример паметните браеви таблети кои, како што вели, ние ги немаме.

– Зборуваме за инклузивно образование, но какво е тоа инклузивно образование ако нема компјутер за слепото лице. Мислам дека веќе е време да се изменаџираат подобро некои работи и лицата да имаат подобар пристап до развиените технолошки уреди, смета Суарет Алиша.

За да го направиме светот поотворен и поповрзан, мораме да поврземе луѓе од сите потекла и способности, а таа поврзаност несомнено може да резултира со поголема самодоверба кај слепите лица, односно лицата со попречености.

– Ние немаме некоја добра алатка која ќе служи во образованиетоза да може да ги надминеме попреченостите односно нервно развојните проблематики со кои се соочуваат родителите на овие дечиња, вели за МИА Моника Тончевска од коалицијата „Менуваме“.

Креирањето и користењето на визуелната содржина предизвик за слепите лица во нашата држава

Секој ден, луѓето поставуваат и споделуваат повеќе од две милијарди фотографии на „Фејсбук“ , „Инстаграм“ и други слични социјални платформи. И додека визуелната содржина обезбедува забавен и експресивен начин за луѓето да комуницираат онлајн, таа понекогаш создава и предизвици за луѓето со слепило.

Како резултат на тоа, некои луѓе може да се чувствуваат изолирани и фрустрирани кога не можат целосно да учествуваат во интеракцијата.

Бојан Кордалов, кој е специјалист за односи со јавност и нови медиуми, за МИА вели дека ако се користи правилно, дигитализацијата ја зајакнува демократијата, оневозможува дел од луѓето да бидат оставени настрана или да бидат дискриминирани.

– Дигитализацијата бара еднакви можности за сите, а тоа е пристап до компјутери, квалитетни паметни телефони и брз интернет. Доколку ова не биде овозможено за секого, тогаш наместо за инклузивност, ќе зборуваме за уште поголем јаз, привилегирани наспроти непривилигирани граѓани, односно за огромна дискриминација и подвоеност во општеството, нагласува Кордалов.

Според него, тука е предизвикот кој, како што вели, секое општество, односно власт и институции мора да го земат предвид.

Посочува дека напредокот на интернетот и технологијата овозможуваат полесен и целосен физички пристап и до најнедостапните локации, напредок на медицината, достапност до извори на информации, образование, работни места…

Во светот, развојот на технологијата се движи со нејверојатна брзина. Покрај смарт стапот, кој им овозможува на корисниците повеќе слобода за да ја истражуваат околината, се појавуват и други технолошки уреди. Едни од нив се 3Д звучните мапи. Станува збор за детална аудио мапа што го поврзува она што е во околината со лицето со оштетен вид. Има и екрани на допир на Брајово писмо кои работат на ист начин како таблетите и кои се покажаа како особено популарни меѓу учениците и наставниците. Тука се и неверојатните електрични возила со вградена вештачка бучава./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?

По успехот кој го имаше СДС на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор.

Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?

Иако знаеше секој ден да излегува и да беседи на прес-конференции, сега по историскиот успех кој го направи во Брвеница, изгледа се уште е во еуфорија, па сигурно отишол да прослави некаде.

Дали прославата од Бихаќка, Филипче ја однесе на јахтата на Заев на Егејското море или отиде на рехабилитација во Дубаи?

По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДС беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да не причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите.

Шегата на страна, СДС со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. СДС со Филипче слави да биде 4 партија во Македонија, а и под знак прашалник е дали на следните избори ќе бидат и прва опозиција по бројот на пратеници во собранието.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ му дава огромна поддршка на Венко Филипче, му ги честитаме успесите и посакуваме уште многу вакви успеси какви што имаше во Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес.

Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање.

Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)

Децата во Русија ќе си играат со плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија.

Русија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)

На натпревар за играчки, поддржан од руската држава, меѓу другото, беа претставени: плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, како и синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија од Втората светска војна, пренесува Ројтерс.

Според организаторите, целта на годишниот натпревар „Домашна играчка“, започнат во 2024 година, е да се промовираат играчки од домашно производство кои ја одразуваат руската култура, историја, како и духовните и моралните вредности.

Во понеделникот, осумдесет финалисти ги изложија своите дела во голем изложбен центар во Москва. На настанот, децата сликаа народни мотиви на дрвени играчки, си играа со реплика на советска вселенска ракета – која наликуваше на комплет од „Лего“ – и градеа куќи во традиционален стил користејќи шарени коцки.

„Во моментов, особено во образованието, постои силен акцент на тоа децата преку игра да научат да ја сакаат својата татковина. Ова е клучно – не преку принуда, туку преку игра“, изјави Валерија Михалева-Устинскаја, претседателка на Националната асоцијација на предучилишни педагози. Таа беше облечена во традиционална народна носија, со украс за глава на кој беше испишан зборот „РУСИЈА“ со фонт во архаичен стил.

Таа позираше за фотографија со кукла обоена во боите на руското знаме, на која стоеше натписот: „Не можете да нè соборите!“

Патриотизмот како дел од образовната политика

Натпреварот е дел од поширока кампања што властите ја спроведуваат од почетокот на отворениот конфликт во Украина во 2022 година. Целта на кампањата е кај децата да се всади патриотизам, заедно со верзии на историјата одобрени од Кремљ и вредности што државата ги нарекува „традиционални“.

Организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“ ги осуди одредени аспекти од руската образовна политика, опишувајќи ги како индоктринација поддржана од државата. Победниците на натпреварот ќе добијат помош во производството и маркетингот, а нивните производи би можеле да бидат вклучени во списокот на Министерството за образование со препорачана опрема за градинките и училиштата.

Воени мотиви и историски теми

„Сакаме да им раскажеме на децата за важни настани од историјата на нашата земја на јазик што тие можат да го разберат“, изјави Татјана Кашина, специјалист за односи со јавноста во компанијата за производство на играчки „Весна“. Нивната колекција кукли „Мои херои“, облечени во униформи од времето на Втората светска војна, беше меѓу 30-те победнички дела.

Нагласувањето на воените мотиви е во согласност со засилениот фокус на „воено-патриотско“ образование во руските училишта. Во образовниот систем е повторно воведена основна воена обука, а учебниците по историја сега ја одразуваат перспективата на Кремљ за војната во Украина.

Сепак, играчката што доби најголеми симпатии од јавноста не содржеше никакви воени елементи. Во онлајн гласањето, наградата на публиката ја освои комплетот „Лабораторија на дабарите“ – кој вклучува микроскоп дизајниран во стилот на ова животно.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер