Договорот беше официјално потпишан од страна на претставниците на двете институции, односно потпретседателот на КФМ, г. Младен Ѓуровски и претставник на „Natura Therapy“ г. Сашко Дрвошански. Со овој договор, „Ad Аstra“ – потбренд на компанијата Натура Терапи како синоним за спортот, фитнесот и рекреацијата, станува генерален спонзор на младинската кошаркарска лига, која од денес гордо ќе го носи името „Ad Аstra младинска кошаркарска лига“.
Ова партнерство заедно со финансиската поддршка ќе овозможи и реализација на серија долгорочни активности, кампањи и едукативни иницијативи кои ќе ја поддржат физичката активност, менталната стабилност и здравиот развој на децата и младите низ целата држава.
.jpg)
Фото: Natura Therapy
„Natura Therapy“ како општествено одговорна компанија ја проширува својата мисија со поддршка на развојот на спортот кај младите и создавање на млади генерации со здрави навики за здрав живот од најрана возраст. Преку ова партнерство, „Natura Therapy“ ја засилува својата улога во заедницата, вложувајќи во иднината на децата и промовирајќи вредности како дисциплина, упорност и тимска работа.
За „Natura Therapy“
„Natura Therapy“ е македонска компанија специјализирана за развој, производство и дистрибуција на висококвалитетни и иновативни природни додатоци во исхраната, создадени за подобрување и одржување на здравјето на човекот. Основана во 2019 година, „Natura Therapy“ преку јасна стратегија и постојан развој создаде повеќе од 80 производи, воспоставувајќи бренд кој денес е синоним за доверба и квалитет.
Компанијата располага со сопствена современа производствена база во градот Штип сертифицирана со ISO 22000 (со HACCP) и GMP стандарти за квалитет и безбедност. Постојано вложуваме во најнови технологии и модерни производствени линии, обезбедувајќи производи од сите форми и типови.
.jpg)
Фото: Natura Therapy
Користиме стандардизирани, патентирани и брендови на состојки со загарантирано потекло, квалитет, безбедност и клиничка ефикасност. Произедуваме додатоци на исхраната во форма на сирупи, таблети и капсули, медицински креми и козметика за нега и функционални напитоци. Продажната палета ја сочинуваат линиите на: „Natura Therapy“ – за превенција и природна поддршка на заболувањата, „Adastra“ – за активен и фит живот и регулирање на тежината, „Elixy“ – ексклузивна козметика.
Имаме сопствена дистрибуитивна мрежа во 22 продажни центри, производите се достапни и во аптеките, како и во голем дел од Балканските земји: Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, како и во членките од ЕУ: Италија, Грција и Бугарија. Грижата за нашите корисници е во срцето на сè што правиме. Од разбирање на корените на здравствените проблеми, преку соодветно советување и едукација, до обезбедување на производи со докажана ефикасност и супериорен квалитет, „Natura Therapy“ ги води клиентите на патот кон подобро здравје.