Потона чамец со четириесетина мигранти , само еден преживеал

Четириесетина мигранти се удавиле, а само еден ја преживеал бродската несреќа на брегот на Мавританија, според Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР).

Само едно лице од Гвинеја го преживело потонувањето на бродот со околу 40 лица на отворено море во близина на Нуадибу, напиша Винсент Кохелет, претставник на УНХЦР на Твитер.

УНХЦР и Меѓународната организација за миграција (ОИМ) со локалните власти и нивните партнери „се обидуваат да ги засилат напорите за да се избегнат вакви трагедии, но шверцерите со луѓе продолжуваат да ги лажат мигрантите“, додаде Кохелет, специјалниот пратеник за централниот Медитеран.

Еден безбедносен извор од Мавританија го потврди бродоломот и прецизира дека се случил во меѓународни води, недалеку од таа западно африканска земја.

„Се сопнавме на единствениот преживеан на плажата во Ноадибу“, додаде неименуваниот извор.

Преживеаниот изјавил дека со пријателите патувал од Мароко кон Канарските острови и дека бродот потонал , а помошта не пристигнала.

Политичарот, кој тврдел дека капењето во кал штити од корона,добил ковид-19(ВИДЕО)

Индискиот политичар Сухбир Синг Јаунапурија, кој бил снимен како седи во езерце намачкан со кал, тврдејќи дека тоа ќе ја спречи инфекцијата со коронавирус, доби позитивни резултати од тестот.

„Излезете, намокрете се на дожд, седнете во калта, работете на фарма, јадете домашна храна, така се создава имунитет“, порача тој во видеото.

Јаунапурија е еден од 24 индиски политичари, наводно, заразен со корона на 14 септември.

Патем, Индија има повеќе од пет милиони случаи на коронавирус, а 83 илјади луѓе починале.За само 11 дена, бројот се зголеми од четири на пет милиони.

Јаунапурија не е единствениот познат политичар кој имал необични идеи за тоа што го спречува коронавирусот.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко им порача на своите луѓе дека возење трактор, пиењето вотка и сауната ќе спречи да се заразат, а претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека носи амајлии кои го штитат од болести.

Парис Хилтон:Јас сум многу интелигентна,само се преправам дека сум глупава(ВИДЕО)

Парис Хилтон, која на луѓето им е позната не само како богата наследничка, туку и по улогите во неколку филмови во кои главно играше ликови на „глупави русокоси“, откри во интервју за „Санрајс“ дека цело време само се преправала дека е таква.

Парис пред камерата откри како навистина звучи нејзиниот глас.

„За сето ова време јас всушност се преправав каква што не сум во реалниот живот и луѓето никогаш немале шанса да ме запознаат подобро“, рече таа.

"Јас сум всушност многу интелигентна и воопшто не сум глупава. Јас сум навистина добра во тоа да се преправам", признала таа.

На прашањето зошто токму сега решила да му го открие на светот своето вистинско јас, таа одговори дека смета дека е вистинско време за овој потег.

"Поминав толку многу и сакам да ги разбијам предрасудите што се појавија во врска со мене. Исто така, важно ми е луѓето да ме паметат по она што го постигнав , а не за моето наследство. Сакам да ме паметат како успешна деловна жена, а не како некоја будала", додаде таа.

Со цел луѓето да имаат подобар увид во животот на оваа славна 39-годишна девојка, Парис реши да сними документарец за сопствениот живот, кој наскоро ќе биде достапен за сите бесплатно на YouTube.

Во документарецот, ќе се види како Парис го снима гласот и се обидува да го направи што е можно поиритирачки.

Ердоган е подготвен за средба со Мицотакис поради спорот во Медитеранот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека е подготвен да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, доколку тој покаже „добра волја“ во кризата што изби меѓу двете земји поради источниот Медитеран.

Изјавата на Ердоган доаѓа во време кога тензиите меѓу двете земји се на врвот среде истражувањето на полиња со гас во водите за кои тврдат дека се на нивна територија и Турција и Грција.

Спорот денеска влезе во нова фаза кога Министерството за надворешни работи во Анкара го повика грчкиот амбасадор во Турција, откако грчкиот весник „Демократија“ објави наслов за Ердоган на турски јазик и му напиша „губи се“.

"Грчкиот весник излезе денес со грд наслов кој се однесува на претседателот Ердоган. Го поканивме грчкиот амбасадор", изјави пред новинарите турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Ердоган претходно денеска рече дека „нема проблем да се состане со грчкиот премиер Мицотакис“.

„Но, важно е да знаеме за што ќе разговараме и во колкава мера“, додаде тој, условувајќи го таквиот состанок со покажување на „добра волја“ од Атина.

Турскиот претседател исто така рече дека враќањето на Оруч Реис во неделата, истражувачки брод испратен од Анкара кон источен Медитеран, кој ги разгоре тензиите со Грција, „ќе и даде шанса на дипломатијата“.

Очигледно повикувајќи се на неодамнешната посета на грчкиот претседател на островот Кастелориз во близина на турската граница, Ердоган ја повика Атина да не „покажува сила“. „Во спротивно можеме да покажеме уште повеќе.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, кој е во посета на Прага, рече дека неговата земја е подготвена за дијалог со Турција доколку таа „престане да провоцира во регионот“.

Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа кон крајот на август кога двете земји организираа ривалски воени вежби.

Кризата е на агендата на Европскиот самит на 24 и 25 септември во Брисел.

Дендиас денеска ја повика ЕУ да состави список со санкции „што би можеле да и бидат наметнати на Турција ако не ги запре своите незаконски активности“.

притисни ентер