Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

Потенцијално опасниот астероид за Земјата, „2024 МК“ мина крај нaшaтa планета на оддалеченост од околу 300.000 километри, соопшти Институтот за применета математика „Келдиш“ при Руската академија на науките.

Инаку, „2024 МК“, релативно голем астероид што ѝ припаѓа на групата Аполо, беше следен од телескопски мрежи додека минуваше околу 300.000 километри покрај Земјата, пренесоа руските меиодуми.

Според Европската вселенска агенција, астероидот првпат е откриен на 16 јуни, а неговата големина се проценува меѓу 120 и 260 метри во ширина.

Отворен 63. Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид

Со традиционално дефиле на учесниците и целовечерен концерт на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ синоќа во Охрид беше отворено 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Со традиционално дефиле на учесниците и целовечерен концерт на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ синоќа во Охрид беше отворено 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, една од најстарите и најреномираните манифестации од тој вид во земјава.

Фестивалот за отворен го прогласи Антонио Милошовски, потпретседателот на Собранието што е генерален покровител на манифестацијата.

- Секоја држава освен тоа што има класична дипломатија, влада, министерство за надворешни работи и други институции е многу добро кога има и културна дипломатија во своето функционирање, затоа што преку културната дипломатија како што е овој Балкански фестивал се создаваат уште поцврсти врски и на мнбогу подобар начин се претставуваат културното богатство и особеностите на една држава како што е Македонија, но и на сите држави коишто биле и ќе бидат дел од овој меѓународен фестивал на народни игри и песни, рече Милошовски пред публиката во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Од има на градот Охрид учесниците на Балканскиот фестивал и посетителите ги поздрави Перчо Божиновски, претседателот на Советот на Општина Охрид.

- Во Охрид оваа вечер го славиме 63 издание на најстариот Меѓународен фолклорен фестивал – Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Овој настан е од огромно значење за одржувањето на фолклорните, обичајните, етнолошките, културните и над се пријателските врски со сите земји на Балканот чии што играорци ќе продефилираат овие денови низ охридската чаршија и низ древнината на нашиот град, рече Божиновски.

Во рамки на манифестацијата денеска на програмата се настапите на „Севернашки ансамбл“ од Република Бугарија, КУД „Илинден“ од Битола со музичко-сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска етнографска целина и Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, што ќе настапи со сплет на ора од Осоговијата.

На „Долни Сарај“ утре ќе настапат „Севернашки ансамбл“ од Бугарија, Фолклорното студио „Блажески“ од Скопје, Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид, КУД „Круг“ од Сиднеј и КУД „Бенџо“ од Мелбурн, Австралија.

Влезот за сите настани е слободен, а aлтернативна сцена на „Долни Сарај“ е големата сала во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолкорна манифестација, основана 1962 година. Првобитното име на фестивалот е „Охридски фестивал на аматерските ансамбли на народни песни и ора“. Свеченото отворање се одржа на 20 јули 1962 година на Градскиот плоштад. Од 1967 година Фестивалот добива концепција на него да учествуваат вокално-инструментални состави и солисти кои ќе го презентираат автентичното народно творештво и традиционалната култура низ ората, игрите, песните, обредите, обичаите, народните носии, инструментите што се употребуваат во музиката и ракотворбите.

Над дваесеттина години Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на двете асоцијации во рамките на УНЕСКО - Интернационалниот совет на организациите за фолкорни фестивали и фолкорна уметност и Меѓународната организација за фолкорна уметност.

На 12 јули свечено отворање на 64-то издание на фестивалот „Охридско Лето”

На 12. јули  на Античкиот театар во Охрид со почеток од 21 часот  започнува церемонината на Свеченото отворање на 64. издание на фестивалот „Охридско Лето”.

Свеченото отворање на 64. издание на фестивалот „Охридско Лето”

На 12. јули на Античкиот театар во Охрид со почеток од 21 часот, Фестивалот ќе биде отворен со концерт на виолинистот Џулијан Рахлин- Литванија и оркестарот на Филхармонија .

Најстарата пронајдена слика, од пред 51.000 години, се наоѓа во Индонезија

Голема црвена свиња опкружена со три човечки ликови - тоа е описот на засега најстарата откриена слика, создадена пред повеќе од 51.000 години, на ѕид во пештера во Индонезија. 

Со тоа, ова е најстарото уметничко дело во светот, објави денеска aвстралискиот Универзитет „Грифит“.

- Иако скромен по изглед, цртежот јасно раскажува приказна што го претставува и најстариот познат доказ за раскажување приказни. Тоа му претходи на пештерските слики во Ласко и Шове во Франција, изјави археологот Адам Брум, еден од авторите на научниот труд објавен во научното списание „Нејчр“ (Nature).

Сликата, иако „нагризана од забот на времето“ јасно го опишува дејството, слично како и енигматичната „Сцена на бунарот Ласко“ (стара 21.000 години) што прикажува човек со птичја глава кој соборува бизон. Претходниот рекорд го држеше сцена на лов, идентификувана од истите истражувачи од Универзитетот во Австралија во 2019 година, во индонезиска пештера, за којашто се процени дека е стара речиси 44.000 години.

Најновото откритие, во блиската пештера Марос-Пангкеп на островот Сулавеси, го означува „првиот пат кога е надмината бариерата од 50.000 години“, според истражувачот Максим Оберт, археолог од aвстралискиот Универзитет.

- Фактот што најраните претставници на нашиот вид можеле да раскажат ваква „софистицирана“ приказна преку уметност може да го промени нашето разбирање за когнитивната еволуција на хомо-сапиенсот... Според мое мислење, ова откритие ја зајакнува претпоставката дека фигуративната уметност првпат се појавила во Африка пред повеќе од 50.000 години и дека концептот станал пошироко распространет како што се проширувал нашиот вид, додаде научникот.

Истражувачите примениле нов метод кој користи ласери и софтвер за да генерира „мапи“ на обрасци на карпите заради одредување старост на сликата.

Оберт претпоставува дека делото веројатно го создале првите групи луѓе кои ја преминале Југоисточна Азија пред да пристигнат во Австралија, пред околу 65.000 години. Инаку, првите слики направени од човечка рака се едноставни линии, откриени во Јужна Африка и датираат од пред 100.000 години.

притисни ентер