Постигнат договор за државната матура: 2 екстерни и 2 интерени предмет - Канал 5

Постигнат договор за државната матура: 2 екстерни и 2 интерени предмет

Постигнат договор за државната матура: Два екстерни и два интерени предмет ќе се полагаат од 5 јуни .

Постигнат договор за државната матура: 2 екстерни и 2 интерени предмет

Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежност на Министесртвото за образование и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни, се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци.

Работната група ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со неа ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а целиот овој процес треба да заврши некаде до средина на март.

Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите по средбата со претставници на Сојузот на средниошколци, рече дека низ дијалог е најдено квалитетно копромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа.

– Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Беше потребно да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто можно решение, рече Заев, додавајќи дека нужно било државната матура да претпри измени.

Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи ги сподели останатите детали од компромисното решение, односно „банките" да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања, зголемување на коефициентот кај соодветниот екстерен испит од 0,5 на 0,9, односно од 5 на 9 поени. Државниот испитен центар да го врати испитот по естетика и филозофија како втор екстерен испит во средните уметнички училишта. Униврзитетите да објават кои од листата на наставни предмети се соодветни за нивните студиски програми.

– Со цел учениците да имаат опција да ги променат своите испити, учениците кои ќе полагаат државна матура треба повторно да ги регистрираат своите испити. Краен рок за ова предлагаме да биде петок 5 март. Во нашите разговори со Владата изнајдовме решение за промена во начинот на добивање на поените за интерните испити. Предвид сега ќе се зема оценката од испитот и просекот по предметот како основа за добивање на поените, рече Ходаи.

Ова, според него, е едно залужено олеснување кое соодвестува на вонредните услови во кои се одвива наставата. Со компромисот што го простигнаа верува дека ќе има реално кратење на испитните програми за екстерните испити, а другите елементи, како што рече, дополнително ќе го олеснат полагањето на државна матура, при што никој нема да биде оштетен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс. На покривот ќе има снајперисти .

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планираната Триумфална капија висока 76 метри, која треба да се изгради на Националните гробишта во Арлингтон, ќе прерасне во „врвен воен комплекс“ со снајперисти на покривот и на плоштадот, како и со голем број дронови и залихи на муниција за снајпери.

Трамп тврди дека одлуката ја донел по „силно барање“ на американската војска. Триумфалната капија првично беше претставена како монументален објект за одбележување на 250-годишнината од американската независност. Трамп сега вели дека таа ќе добие и многу специфична воена намена.

Дронови, снајперисти и муниција Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека комплексот треба да овозможи сместување, складирање и брзо распоредување на голем број дронови, како и складирање на големи количини муниција за снајпери.

Според неговиот план, снајперисти би биле распоредени на покривот и на просторот на плоштадот околу триумфалната капија.

Планираната триумфална капија треба да биде висока 250 стапки (приближно 76 метри) и да се наоѓа на „Меморијал Сркл“ (Memorial Circle), меѓу Меморијалот на Линколн и Националните гробишта во Арлингтон.

Таа би била повисока од Триумфалната капија во Париз. Трамп со месеци зборува дека сака да ја одбележи 250-годишнината од американската независност со монументална градба, но проектот сè уште не ги поминал сите неопходни процедури.

Проектот сè уште нема целосно одобрение Заклучно со почетокот на септември, Комисијата за планирање на главниот град сè уште го немаше одобрено проектот, а не беше завршен ниту целосниот процес на разгледување, предвиден со американските закони за зачувување на историското наследство.

Во меѓувреме, проектот се соочи со правен приговор од ветерани, кои тврдат дека капијата би го нарушила историскиот визуелен поглед меѓу Вашингтон и Националните гробишта во Арлингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мет Дејмон проговори за најголемата драма во својот живот: „Ме отпишаа“

По низата комерцијални неуспеси, Мет Дејмон откри дека телефонот престанал да му ѕвони, но улогата на Џејсон Борн го вратила меѓу големите ѕвезди.

Мет Дејмон проговори за најголемата драма во својот живот: „Ме отпишаа“

По глобалниот успех на филмот „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting), Мет Дејмон брзо стана едно од најбараните имиња во Холивуд.

Сепак, неговиот статус на ѕвезда не остана цврст уште долго. Следуваше низа големи комерцијални неуспеси, што доведе до ситуација во која — како што подоцна и самиот призна — тој беше практично отпишан.

По „Добриот Вил Хантинг“, Дејмон продолжи да добива значајни улоги.

Тој се појави во „Создавачот на дожд“ (The Rainmaker) во режија на Френсис Форд Копола, во „Спасувањето на војникот Рајан“ (Saving Private Ryan) на Стивен Спилберг и во „Талентираниот господин Рипли“ (The Talented Mr. Ripley) на Ентони Мингела. Сепак, ситуацијата набрзо се промени.

Филмот „Раундерс“ (Rounders) не го постигна очекуваниот комерцијален успех, иако Дејмон и денес високо го цени.

Тој исто така соработуваше со Кевин Смит – еден од луѓето што силно го поддржаа неговиот подем по филмот „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting) – на филмот „Догма“ (Dogma).

Потоа уследија три големи неуспеси. Дејмон го позајми гласот на главниот лик во високобуџетниот анимиран филм „Титан А.Е.“ (Titan A.E.), кој доживеа огромен финансиски неуспех; настанатите загуби придонесоа за затворање на студиото.

Потоа следеа филмовите „Легендата за Багер Венс“ (The Legend of Bagger Vance) на Роберт Редфорд и „Сите убави коњи“ (All the Pretty Horses) на Били Боб Торнтон.

„Легендата за Багер Венс“ не успеа да ја врати ниту половината од својот буџет од 80 милиони долари, додека „Сите убави коњи“ се соочи со сериозни проблеми откако Харви Вајнстин ја презеде контролата врз процесот на монтажа.

Трите неуспеси се случија во рок од само неколку месеци, а Дејмон беше едно од главните лица на нивните промотивни кампањи. Токму тогаш почна да чувствува колку брзо може да се изгуби статусот на ѕвезда во Холивуд.

„Имав два филма што доживеаја неуспех, а се чинеше дека и *Идентитетот на Борн* ќе биде катастрофа. Телефонот престана да ѕвони целосно. Навистина можеше да се почувствува тоа. Според сите проценки, во Холивуд веќе ме беа отпишале“, се присети Дејмон, како што пренесува CDM.me. Потоа, конечно, дојде улогата што сè промени.

*Идентитетот на Борн* стана огромен хит, а Дејмон се врати меѓу водечките холивудски ѕвезди. Подоцна, Стивен Содерберг го ангажираше за филмот *Играта на Оушн*, а нивната соработка продолжи и на идни проекти.

Сепак, ликот на Џејсон Борн беше тој што ја пресврте неговата кариера и покажа колку брзо може да се промени една холивудска приказна – од ѕвезда на која престанале да ѝ ѕвонат телефоните до актер што повторно добива големи улоги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекар најави штрајк со глад – тврди дека е дискриминиран за вработување поради возраста

45-годишен лекар и приватен специјализант од Скопје Дарко Василевски се закани со штрајк со глад, откако на социјалните мрежи јавно обвини дека во нетранспарентна постапка по трет пат бил одбиен на оглас за вработување на Медицинскиот факултет.

Лекар најави штрајк со глад – тврди дека е дискриминиран за вработување поради возраста

45-годишен лекар и приватен специјализант од Скопје Дарко Василевски се закани со штрајк со глад, откако на социјалните мрежи јавно обвини дека во нетранспарентна постапка по трет пат бил одбиен на оглас за вработување на Медицинскиот факултет во Скопје. Василевски тврди дека не добил никакво образложение зошто е одбиен, односно дека одлуката не ги содржела критериумите согласно кои е направен изборот. За овој случај, Василсевски пред неколку дена испратил писмо и до министерстото за здравство, но и до министерството за образование и наука.

– Не сум започнал се уште, затоа што очекував дека покрај тоа што институциите се повикани ќе дадат некаков одговор, меѓутоа поради нивниот молк веќе една недела откако го објавив мојот првичен статус нема никаков одговор, па штрајкот веројатно ќе започне до крајот на оваа недела. На првите два конкурси добивме по пошта известување дека врз основ на мојата пријава за работното место избрани се кандидатите тие и тие и дека со нив ќе се склучи договор за неопределено време. Меѓутоа, во самата одлука не стојат критериуми по кои се избрани кандидатите, нема ранг листи, нема правна поука,- изјави Дарко Василевски, приватен специјализант и општ доктор.

Покрај тоа што тврди дека постапката за вработување по јавниот оглас се водела нетранспаретно, Василевски обвинува дека бил дискриминиран и во однос на возраста.

– По кој основ е дискриминацијата не би можел да ви каќам , тоа веројатно треба да го одговорат оние коишто го искоментирале, меѓутоа, На сите три интервјуа, мојата возраст била предмет на коментирање, во смисла дека сум стар, дека не можам понатаму академски да напредувам и така натаму,- изјави Дарко Василевски, приватен специјализант и општ доктор.

Од друга страна пак, министерката Весна Јаневска во телефонска изјава за Канал 5 вели дека не е запозната со случајот, но дека секој сомнеж за дискриминација треба да се пријави и истиот ќе биде разгледан.

– Не сум лично запознаена со случајот, но без оглед на тоа, доколку било кое лице се чувствува онеправдено или како што вие рековте дискриминирано, треба да достави претставка до државниот пазарен инспекторат или до Министерството по што ние би постапиле. Ние постапуваме по секоја претставка и ќе постапиме и по оваа претставка, при што државниот пазарен инспекторат ќе ги утврди фактите кои се случувале во процедурата,- изјави - Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Василевски вели дека претставка до институциите не може да поднесе, бидејќи како што тврди, последниот одговор дека е одбиен го добил преку електронска пошта, што пак вели дека не е официјален документ врз основа на кој тој би можел да испрати претставка.

Канал 5 го контактираше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој до објавување на овој прилог не одговори на нашите повици и пораки. Василевски објаснува и дека не бара привилегии туку еднаква можност, фер постапка и вреднување на трудот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер