МакедонијаПостигнат договор за државната матура: 2 екстерни и 2 интерени предмет Постигнат договор за државната матура: Два екстерни и два интерени предмет ќе се полагаат од 5 јуни .Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежност на Министесртвото за образование и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни, се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци. Работната група ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со неа ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а целиот овој процес треба да заврши некаде до средина на март. Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите по средбата со претставници на Сојузот на средниошколци, рече дека низ дијалог е најдено квалитетно копромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа. – Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Беше потребно да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто можно решение, рече Заев, додавајќи дека нужно било државната матура да претпри измени. Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи ги сподели останатите детали од компромисното решение, односно „банките" да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања, зголемување на коефициентот кај соодветниот екстерен испит од 0,5 на 0,9, односно од 5 на 9 поени. Државниот испитен центар да го врати испитот по естетика и филозофија како втор екстерен испит во средните уметнички училишта. Униврзитетите да објават кои од листата на наставни предмети се соодветни за нивните студиски програми. – Со цел учениците да имаат опција да ги променат своите испити, учениците кои ќе полагаат државна матура треба повторно да ги регистрираат своите испити. Краен рок за ова предлагаме да биде петок 5 март. Во нашите разговори со Владата изнајдовме решение за промена во начинот на добивање на поените за интерните испити. Предвид сега ќе се зема оценката од испитот и просекот по предметот како основа за добивање на поените, рече Ходаи. Ова, според него, е едно залужено олеснување кое соодвестува на вонредните услови во кои се одвива наставата. Со компромисот што го простигнаа верува дека ќе има реално кратење на испитните програми за екстерните испити, а другите елементи, како што рече, дополнително ќе го олеснат полагањето на државна матура, при што никој нема да биде оштетен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрама во Солун: Маж падна од Белата кула (ВИДЕО)Инцидент во центарот на Солун предизвика јавна загриженост во четврток наутро кога маж падна од Белата кула, една од најпознатите и најпосетуваните знаменитости на овој грчки град.Според првичните информации, несреќата се случила околу 11:35 часот по локално време, по што веднаш на местото на настанот биле испратени екипа на брза помош и припадници на грчката полиција, објавува Protothema.gr.. Мажот, чиј идентитет и возраст засега се непознати, е пренесен во болница. Според достапните информации, тој бил жив во моментот на транспортот. Околностите под кои се случил падот се уште се непознати, а надлежните органи утврдуваат што се случило.Тагови: солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваРијана ја вклучи ќерка си Роки во реклама за чантичка на Диор (ВИДЕО)Ријана е заштитно лице на новата кампања за чанти на „Лејди Диор“, во која се појавува нејзината ќерка Роки Ајриш Мајерс.Новите фотографии од пејачката и нејзиното трето дете привлекоа големо внимание на социјалните мрежи. Кампањата за 2027 година ги прикажува Ријана и нејзината ќерка во серија елегантни портрети, објавува „Хајпебе“. Фокус на повеќеслоен идентитет Во кампањата, „Диор“ продолжува да ја слави модерната жена и ја избра Ријана како централна фигура. Серија интимни портрети го истакнуваат нејзиниот повеќеслоен идентитет, од глобална икона до мајка. Фотографиите се од Сем Рок, додека Џонатан Андерсон беше задолжен за креативната насока. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Во некои, Ријана е сама, а во други, таа позира со својата ќерка Роки, додека различните пози и изрази на лицето покажуваат повеќе страни од нејзината личност. Кампањата на тој начин ги слави многуте идентитети што жената може да ги има истовремено, наместо да нуди само една верзија на женственост. View this post on Instagram A post shared by Dior Official (@dior) Долгорочна соработка со „Диор“ Оваа соработка ја продолжува поврзаноста на Ријана со француската модна куќа. Таа е муза на Диор долго време, а од 2024 година е официјално лице на парфемот J'adore. Со Андерсон како креативен директор, кампањата Lady Dior 2027 нуди личен поглед на еден од најзначајните модни додатоци на куќата, на кој Ријана му ја дава својата препознатлива харизма. Целосната кампања и повеќе детали се достапни на официјалната веб-страница на брендот.Тагови: Диор Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин: Не сме против учеството на Европа во преговорите за УкраинаРускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија предложила европски претставници да дојдат во Москва за да го разјаснат својот став за мировните преговори за Украина, пред да се донесе одлука за форматот на понатамошните разговори.Зборувајќи во Кина по самитот со кинескиот и американскиот претседател, Путин рече дека САД „прилично упорно“ ја повикуваат Русија да се согласи со учеството на Европа во разговорите, кои досега се водеа претежно меѓу Москва, Вашингтон и Киев, со мал напредок. Европа мора да каже што носи во преговорите „Разбираме дека дискутирањето за безбедносните прашања, вклучително и безбедноста во Европа, без Европејците е бесмислено“, рече Путин. „Не сме против учеството на Европа, но треба да знаеме што ќе донесе Европа во овие преговори. Преку дипломатски канали, предложивме европските претставници да дојдат во Москва за да го утврдат својот став. После тоа, ќе одлучиме во кој формат ќе го продолжиме дијалогот со Украина“, рече Путин. Преговори во Абу Даби без голем напредок Руски, украински и американски претставници одржаа разговори во Абу Даби минатата недела, први по девет месеци. Москва и Киев се согласија за голема размена на затвореници, но немаше други конкретни чекори напред. Вклучувањето на Европа би означило нова фаза во напорите за ставање крај на речиси петгодишниот конфликт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45