Поставила камера за да види кој краде од фрижидерот- се шокирала кога ги видела крадците (ВИДЕО) - Канал 5

Поставила камера за да види кој краде од фрижидерот- се шокирала кога ги видела крадците (ВИДЕО)

Една жена била збунета кога сфатила дека одмрзнати парчиња сурово месо исчезнуваат од нејзиниот фрижидер, а потоа се шокирала откако ја решила мистеријата.

Поставила камера за да види кој краде од фрижидерот- се шокирала кога ги видела крадците (ВИДЕО)

Како сопственичка на 14 мачки, таа од самиот почеток се сомневала во своите миленици, но не можела да разбере како можат да ја отворат вратата од фрижидерот, објавува „Мирор“.

Ги гледала крадците во шок

Затоа решила да организира „тајна операција“ во сопствениот дом, но не била подготвена за она што го открила.

Жената објавила видео на TikTok, кое ги прикажува настаните во кујната, додека ги гледала крадците во шок.

„Не можев да верувам дека моите мачки земаат одмрзната храна, сè додека не ги фатив“, објавила таа.

Во видеото гледаме црно-бела мачка како го води „крзнениот тим“. Таа ја зграпчила рачката на вратата со шепите и намерно ја повлекла, обидувајќи се да го отвори фрижидерот!

Зад неа стојат три мачки, како да се подготвени да помогнат доколку е потребно. И очигледно мислеле дека успеале, бидејќи вратата малку се отворила.

@rascal_catts I had to lock down the fridge i store their defrosted raw food when I caught this. I kept thinking I didn't shut the door enough but cats are too smart! 😂 #tiktok #cats #funny #cat #fyp ♬ Sneaky Shenanigans - Solis

Видеото стана вирално

Сепак, бидејќи сопственичката претходно го обезбедила фрижидерот, не можеле да ја украдат храната, што очигледно било разочарувачки. И не само тоа! Морале да се соочат со сопственичката, која ги изненадила.

Штом животните ја виделе, почнале да мјаукаат, како да се галат, надевајќи се дека ќе се извлечат.

„Почнав да го заклучувам фрижидерот откако сфатив што прават. Мислев дека вратата не е правилно затворена, но мачките се премногу паметни“, напишала таа.

Видеото стана вирално со повеќе од 12,8 милиони прегледи. Голем број гледачи коментирале за необичната сцена во кујната, додека ги споделувале своите искуства и слични „злосторства“ извршени од нивните миленици.

„Ми се допаѓа како се однесуваат лудо кога ќе сфатат дека се откриени“, напишала една личност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион падна и се запали покрај куќи во Калифорнија, загинаа деца (ВИДЕО)

Две деца загинаа, а двајца возрасни се тешко повредени во авионска несреќа во Калифорнија. 

Авион падна и се запали покрај куќи во Калифорнија, загинаа деца (ВИДЕО)

Едномоторниот авион се урна кратко пред 14 часот вчера во близина на аеродромот Сиера Скај Парк во близина на Фресно. Авионот се запали на брегот на реката Сан Хоакин по несреќата, пренесе net.hr.

Полициски и противпожарни екипи веднаш беа испратени на местото на настанот. Пожарникарите се бореа со голем пожар и густи столбови црн чад за да спречат пожарот да се прошири кон блиските домови.

Во авионот во моментот на несреќата имало четири лица - две деца и двајца возрасни. Децата биле прогласени за мртви на местото на несреќата, додека двајца возрасни биле однесени во болница со тешки повреди. Според првичните извештаи, нивната состојба е критична. Околностите околу несреќата сè уште не се познати, а властите сè уште ја истражуваат причината за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гоцевски: Делчево го насочуваме кон одржлив развој и силна локална економија

Градот Под Голак, нашето убаво Делчево е наша света обврска и завет даден токму пред граѓаните дека ќе работиме неуморно да го вратиме сјајот на градот во кој се крие нашата младост.

Гоцевски: Делчево го насочуваме кон одржлив развој и силна локална економија

Почитувани граѓани на Делчево, почитувани претставници на медиумите,

Градот Под Голак, нашето убаво Делчево е наша света обврска и завет даден токму пред граѓаните дека ќе работиме неуморно да го вратиме сејот на градот во кој се крие нашата младост, се ткае иднината на нашите деца и се чува приказната за нашите родители. Минатото покрај немирната река Брегалница. Тоа Делчево е нашиот мотив како одговорна локална власт да донесеме развој и да ги испишаме новите страници од приказната за Делчево каде што ќе живеат задоволни граѓани. Сите напори, обврски и предизвици изминативе 12 месеци се со заеднички именител, бескомпромисна работа и развој. Со поддршката од Советот на Општина Делчево испишуваме историја и докажуваме дека промените се возможни, дека може да се зборува и да се работи за една поинаква општина.

Општината како реален сервис на граѓаните, општината во функција на одржлив развој и динамична локална економија, унапредување на животната средина и хумани, урбани и рурални услови. Во овие 12 месеци работиме на развој на Делчево во секоја сфера.

Посветено работевме на реализација на кампања ,,Се бориме за почист дом, Делчево со нула толеранција за отпад“, инфраструктура за развој, урбанизација во функција на модерен животен стандард и развој на локалната економија. Програма во која се пакува најдоброто од Делчево, со акцент на развојот на културата и туризмот. Воспоставивме поинаков начин на унапредување, воведовме транспарентност наместо затворени одлуки, конкретна работа, наместо празни зборови, започнавме процеси со кои донесовме одлуки кои ја враќаат довербата во институциите на локално ниво. Нема веќе затворени институции. Во овие 12 месеци ја насочивме нашата енергија кон решавање на клучни проблеми кои со години беа запоставувани.

Ново структурирање на секторот за локално економски развој, урбанизам, градежно земјиште, сообраќај и заштита и спасување каде што локалниот економски развој има главна улога во работењето на нашата општина. Воведување на ново одделение за меѓународна соработка, подобрување на финансиското портфолио и правниот промет на акти и политики на општина Делчево. Воведовме дигитални алатки и платформи за поефикасна служба во интерес на граѓаните и стопанството.

Етаблирање на правичен систем за кариерен раст на нашата администрација со ефикасен мерлив систем за верификација на сите резултати на секој вработен. Ги мобилизиравме сите структури и ги ставивме во пакет за локалниот економски развој којшто е и во основата на нашето работење. Формиравме Совет на интелектуалци составен од наши граѓани кои живеат и работат надвор од Делчево, а чие искуство и професионалност можат да дадат придонес за развојот и промоција на нашето убаво Делчево. Формиравме Совет за развој на туризмот и сите природни раритети ги ставивме во пакет за локалниот развој на оваа исклучително важна економска гранка, бидејќи исконската убавица на пределот Пијанец заслужува да се сподели со добронамерниците и Делчево да прерасне во посакувана туристичка дестинација.

Ги отворивме вратите за нашите иселеници, го слушнавме нивниот глас и заедно презедовме мерки, нивното искуство да биде отсликано и во Делчево. Затоа воспоставивме врски со четири општини од Италија, Монфорте, Новело, Родино, Рихардоне и со нив е интезивирана соработката. Покрај тоа разработивме систем за продлабочување на соработката со Благоевград од Република Бугарија и секако Чернома од Република Словенија. Остваривме студиска потеста во Швајцарија каде произлегоа повеќе иницијативи и активности каде живеат и работат наши луѓе и го ткаеме пријателството во интерес на иселениците и на граѓаните на Делчево.

Бизнис заедницата од Делчево е нашиот партнер и со иста цел создадовме услови за локален економски развој. Досега се одржани два бизнис форуми, каде разговаравме отворено за проблемите и заедно бараме решенија во интерес на развојот. Формиравме нови состави на месните и урбаните заедници како основна клетка во локалната самоуправа. Го слушаме гласот на младите, наценетите граѓани од трета доба, на мажите и жените подеднакво токму во Делчево. Воспоставивме поголема буџетска дисциплина, зголемена транспарентност и јасен увид во трошењето на јавните средства. Секој денар е ставен во функција на јавниот интерес и во оваа прилика сакам да истакнам дека ништо нема да ја запре реализацијата на програмата ветена пред граѓаните, со добра поддршка од централната власт, со добро изработени проекти од нашата општинска администрација, со поддршката од Советот на Општина Делчево и со искрен и максимално ангажиран пристап може да книжиме само реализација на нови проекти и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на општина Делчево.

Капиталните инфраструктурни проекти остануваат да се приоритет број еден и во овој период, само во инфраструктура, во Делчево се инвестирани околу 300 милиони денари инвестиции од Владата на Република Македонија, од донатори и дел од општинскиот буџет, а изградени и реконструирани се улици во должина од над 5км и 5км регионални патишта овде во Делчево. Во завршна фаза е реализацијата на пакетот инфраструктурни проекти поддржани од Министерството за транспорт во износ од над 140 милиони денари. Ги изградивме новите улици во црталното градско подрачје и ги поврзавме со инфраструктура сите нови градби, новите стабени комплекси и го променивме ликот на овој дел од Делчево.

Во средена урбана средина и отворивме можности за нови инвестиции. Ја завршивме критичната инфраструктура во населбата Расадник каде што жителите на улицата Видео Смилевски Бато за првпат имаат современа сообраќајница. Изградивме нови улици и соодветна инфраструктура во новата населба Пролет како и во населбата Басарица. Сите овие населби добија соревен урбан лик. Заврши реконструкцијата на улица Индустриска во должина од 500 метри како една од најфреквентните улици во градот и главна сообраќајница што го поврзува индустрискиот дел на градот, градскиот пазар и населбата Расадник и Трети реон.

Изградивме нови улици во спортско-регативен центар во должина од 400 метри и водна атмосферска и фекална канализација. За првпат жителите на оваа населба добија современа инфраструктура. Се гради, се регулира речниот тек на Брегалница во Делчево во должина од 1 километар. Во тек е изградбата на регулацијата на речното корито на река Брегалница Возводно во должина од 620 метри во две одделни проекти.

Првиот проект се реализира преку проектот за прекугранична соработка ,,Интегрирани преку прекугранични туристички акции во благоевградско-делчевскиот регион. се реализира во рамки на програмата ИПА Бугарија имплементиран од општина Делчево и регионалниот центар застапување од македонската страна и секако општина Благоевград и Алфатур од бугарска страна. Вкупната сума на овој проект е 991,641 евра, од кои 842,895 од Европската унија, а остатокот е национално кофинансирање од 90,441 евра од Бугарија и 58,305 евра од Република Македонија.

Вториот проект за регулација на речното корито во должина од 320 метри, возводно е преку Министерството за животна средина. Вредноста на работните се приближно од 42 милиони денари. Третиот проект за регулација на речно корито на река Брегалница низводно во должина од 300 метри се очекува да се официјализира многу многу наскоро. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициска банка и секако Делчево го доби првиот скејт парк изграден во рамки на проектот за прекугранична соработка. Паркот е лоциран до градскиот парк и претставува одлична понуда за младите, туристите и секако за рекреативците.

Заврши дворното уредување на новата детска градинка, а вкупната вредност на договорот е 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ. Наскоро ќе започне реализацијата на нов проект во градинката за опремување на градинката, со вкупна вредност од 6 милиони денари. Оваа нова градинка ќе пружа современи услови за престој и воспитно-образовна дејност за 130 дечиња.

Очекувам многу наскоро да започне реализацијата на капиталниот проект изградба на нов водовод во село Вирче. Обврска на Министерството за животна средина во рамките на проектот за водоснабдување на Делчево, секако поддржан од швајцарска влада. Наскоро започнуваме со реконструкција на старата спортска сала во спортскиот комплекс на Делчево. Салата повеќе од две децении за жал го наградуваше градот и сведочеше за негрижа и и на домаќинско работење со јавните средства и од локалната и од централната власт. Во текот на оваа 2026 година ќе биде целосно реконструирана, ќе добие комплетно нов лик и ќе прерасне во центар на спортските настани во Делчево.

Во со партнерство со ФФМ се обезбедени нови 1180 седишта за градскиот стадион и продолжуваме со реализација на идејата за подобра спортска инфраструктура. Најавувам реализација на следните проекти. Изработка на техничка документација на ниво на основен проект за реконструкција на постоечката водоводна мрежа Главен цевковод Лошана општина Делчево.

Изградба на улица Педршевска, изградба на улица Чифличка, изградба на улица Ветренска, изградба на улица Власка, изградба на улица Грозданец, изградба на улица во село Град, изградба на улица во село Трвотивиште, во село Стамер и во село Вирче. Реконструкција на стариот водовод во населбата Први реон, набавка на нова урбана опрема за детските паркови, изградба на фекални и атмосферски канализации.

Почитувани,

Значаен сегмент во овие 12 месеци е урбанизацијата која ја ставаме во функција на модерниот живот и стандард и развој на локалната економија, а новиот ГУП на Делчево наскоро ќе биде ефикасен документ кој ќе го планира современиот развој на градот. Исто така за рурален развој на селата во Делчево започнуваме со урбанизација на три села, селото Град, Трботивиште и Габрово. Започната е постапка ТИРЗ Делчево да биде во надлежност на општината и многу наскоро очекувам конкретни инвестиции во оваа развојна зона.

Голак е нашиот таргет за развој на туризмот и секако завршен е проектот за водоснабдување на Голак. Наредниот период ќе биде поставен на конкретна работа на терен и како приоритет останува обврската административната постапка на ДУП на Голак.

За младите го поттикнуваме нивниот активизам и го слушаме токму нивниот глас. Го отворивме младинскиот центар и ја поддржавме работата на локалниот младински совет. За младите и за талентираните го зголемивме износот на стипендии на 2 милиони денари и исплаќаме средства на секое новороденче и за секое прваче токму во Делчево. Даваме стипендии на талентирани ученици, ги наградуваме правниците и 10те најдобри матуранти. Доделивме 18 ученички стипендии и четири студентски.

За секоја стипендија и награда стои млад човек кому му порачуваме дека неговиот труд го препознаваме и го цениме. Зад секоја инвестиција во училиштата и градинките стои нашата најважна инвестиција, инвестиција во иднината на Делчево. За граѓаните кои преминуваат во тежок период поголем буџет во програмата за социјална заштита. Зад оваа мерка за социјална поддршка стои порака дека никој во нашата заедница не смее да биде заборавен. Обезбедивме поголем буџет за социјална заштита во висина од 13,6 милиони денари и воведовме нови мерки со цел да им помогнеме на граѓаните кога на ним најмногу им е потребно.

Еднократна парична помош за еднородителски семејства во износ од 10,000 денари. Еднократна парична помош за лекување на онколошки пациенти во износ од 10,000 денари. Еднократна парична помош за рехабилитација на ученици со мускулна дистрофија во износ од 20,000 денари.

Културата и традицијата секако се душата на мојот народ. Затоа посветуваме посебно внимание и почит кон зачувување на традицијата и негување на културните вредности. Од локалните обичаи, под маските на Сурова преку традиционалната велигденска изложба, настани по повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание. Манифестација Свежо културно лето која донесе илјадници гости во Делчево, настани под името ,,Денови на мојот град“.

Сите овие изброени настани, но и многу други креирани во новоизграденото партнерство со сите институции од областа на културата и граѓанскиот сектор, кој работи на полето на културата, донесоа нова атмосфера во мојот убав град и верувам дека ја постигна целта сите раритети од регионот да се спакуваат како туристичка понуда од регионот и Делчево со сета исконска убавина да прерасне во во посакувана туристичка дестинација.

Во оваа насока е извршено брендирање на туристичко-културен информатор. Во овој преглед на нашата работа и заложбите, на пидестал ја ставаат реконструкцијата на спомен домот посветен на Разловечкото востание кој благодарение на поддршка на нестибичната поддршка на Владата премиерот Мицкоски и Министерството за култура го врати својот сјај и ги отвори вратите за да ја раскажува приказната за едно бурно време на храбрите луѓе кои вложувајќи ги своите животи испишаа историја, кревајќи го првото вооружено востание пред Илинденскиот период.

Почитувани,

За мене најголемиот резултат од оваа една година не е само она што е изградено. Најголемиот резултат е чувството дека Делчево оди напред. Не велиме дека се е завршено, напротив, има уште многу работа, има уште многу проблеми за решавање, има уште многу идеи што треба да станат реалност, но денес имаме јасна насока.

Нашата цел е Делчево да биде општина во која младите ќе гледаат иднина, семејствата ќе имаат подобри услови за живот, а секој граѓанин ќе чувствува дека општината е тука за него. Во следниот период ќе продолжиме уште посилно со инвестиции во инфраструктурата, подобрувањето на јавните услуги, поддршката на образованието, младите и спортот, социјалната инклузија и локалниот економски развој.

Ќе продолжиме да бидеме отворени за граѓаните, ќе прифатиме критика и ќе работиме. Затоа што Делчево не се гради само со проекти. Делчево се гради со доверба, со заедништво и со визија. Пред една година кажавме дека сакаме Делчево да го направиме подобро место за живеење.

Денес, ние велиме тоа не беше само предизборно ветување, тоа е нашата секојдневна работа и ќе продолжиме за секое семејство, за секое дете, за секој млад човек, за секој наш граѓанин, за секоја детска насмевка.

Една година е зад нас, најважните години се пред нас и затоа со уште поголема енергија, со уште поголема одговорност и со уште поголема верба во нашиот град, продолжуваме да го градиме Делчево што го сакаме, Делчево што се развива, Делчево што оди напред. Ви благодарам од срце, рече Иван Гоцевски, градоначалник на Општина Делчево.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор

Пријава од граѓанин овозможи откривање и документирање на кривично дело – поведена истрага за примање награда за противзаконито влијание.

Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да  вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице вработено во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија. Постои основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Постапката е иницирана по пријава на граѓанин од кого осомничениот, во периодот од 24 јули до 4 септември 2026 година, побарал 1.500 евра за да го искористи своето претпоставено влијание. Осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, му ветил на оштетениот дека ќе посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по распишан оглас за прием на пожарникари.

По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.

Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците во постапката, како и околности што го оправдуваат стравувањето дека може да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Навременото пријавување на корупцијата и подготвеноста на граѓаните да соработуваат со надлежните институции е исклучително важно. Пријавувањето на барање или понуда за поткуп и противзаконито влијание овозможува навремена реакција, обезбедување докази и ефикасно постапување на надлежните органи. Јавното обвинителство ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи и да соработуваат со надлежните институции и останува посветено на одлучно постапување по сите сознанија за коруптивно однесување за кои постојат основи за преземање обвинителски дејствија, соопштуваат од Обвинителството.

Неофицијално се дознава дека станува збор з авозачот на гнералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Настанот го потврдија и од МВР, од каде во соопштението се наведува:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за корупција при МВР до надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против Д.Ц.(49) од Скопје, вработен во Службата за општи и заеднички работи при Владата на Македонија.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Единицата за корупција, во координација со надлежен јавен обвинител, постапила по претходно поднесена пријава од граѓанин, кој пријавил дека му биле побарани пари за посредување при вработување во Град Скопје.

Според пријавата, Д.Ц. побарал парична награда во вкупен износ од 1.500 евра, од кои 500 евра како прва рата. Притоа, тој посочил дека познава лица кои можат да влијаат врз постапката за вработување.

Веднаш по пријавата биле преземени мерки и активности за документирање на кривичното дело. На 04.09.2026 година, околу 17:50 часот, на подрачјето на Скопје, пријавителот му предал на Д.Ц. пет банкноти од по 100 евра, кои претходно биле криминалистичко-технички обработени.

При извршената контрола во службеното возило на пријавениот биле пронајдени паричните средства, а одземен бил и мобилен телефон. Д.Ц. бил лишен од слобода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер