Се тресе додека снима: Мечка му се шета низ куќата, го отвора фрижидерот, седи во мијалникот (ВИДЕО) - Канал 5

Се тресе додека снима: Мечка му се шета низ куќата, го отвора фрижидерот, седи во мијалникот (ВИДЕО)

Семејство на планинарење сподели застрашувачко видео на TikTok од моментот кога влегле во кујната на нивната колиба и откриле непосакуван посетител.

Се тресе додека снима: Мечка му се шета низ куќата, го отвора фрижидерот, седи во мијалникот (ВИДЕО)

Сметката @maudesoper го сподели шокантното видео, снимено со телефон со рака што треперела од страв: мечка шетала низ кујната и дневната соба на колибата, објави Њусвик.

Се чинеше дека е несвесна за никого: шмркала низ собата, ѕиркала низ прозорците, одела помеѓу кујната и дневната соба, потоа станала на задните нозе, го отворила фрижидерот и погледнала внатре, се качила на шанкот и седнала во мијалникот, и конечно ја отворила влезната врата, но не излегла...

Снимателот мудро се повлекувал секој пат кога мечката ќе го видела. Зачудувачкото видео, објавено двапати, е прегледано повеќе од 2,5 милиони пати.

Веднаш беше преплавено со коментари. Некои гледачи беа навистина исплашени, а имаше и хумористични коментари.

„Затоа никогаш нема да одам на одмор во колиба“, напишало едно лице.

@maudesoper ♬ Jet2 Advert - ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧

Доколку сретнете мечка во дивината, обидете се да останете смирени, тргнете ги децата од патот доколку сте со нив и засолнете се.

Планинарите треба да патуваат во групи за безбедност и да ја напуштат областа или да се тртгнат од патеката доколку забележат мечка. Никогаш не трчајте, бидејќи мечките, без разлика колку се далеку, можат да го претрчаат теренот и брзо да ве стигнат. Не се качувајте на дрво, бидејќи и мечките можат да ве следат...

Видете сами како изгледал нападот на мечката во колибата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. 

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

-Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година.

Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан.

Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“.

Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Во Македонија до 18 часот се регистрани осум активни пожари, информираат од ЦУК. Во општина Сарај гори во селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Пожар е активен и на подрачјето меѓу селото Трново во општина Гостивар и селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и поединечни дрвја. Пожар има и во селото Копанце во општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума. Во прилеп активни се три пожари – над касарната, кај старите гробишта, како и во селото Црнилиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер