Последните зборови на Деби Рејнолдс: Сакам да бидам со Кери!

Деби Рејнолдс почина само ден по нејзината ќерка Кери Фишер. 84 годишната актерка не можела да се помири со смртта на својата 60 годишна ќерка. Според нејзиниот син Тод, Деби пред да почине рекла: Толку многу ми недостига, сакам да бидам со Кери!

Деби сеуште била на имотот на нејзината ќерка Кери кога и се слошило и била пренесена во болница поради можен удар. Само неколку часа претходно таа се заблагодари на Фејсбук на сите изрази за сочувство за загубата на Кери.

- Ви благодарам на сите што ги препознавте дарбите и талентите на мојата сакана ќерка. Благодарна сум з авашите мисли и молитви кои ја водат до нејзината следна станица...

Во изјава за ТМЗ нејзиниот син Тод рече дека последните зборови на мајка му биле: Сакам да бидам со Кери.

Деби Рејнолдс беше една од последните вистински холивудски легенди. Нејзината слава ги надмина улогите во кои настапуваше, меѓу кои улогта во „Singin’ in the Rain“.





Најголемиот скандал во нејзиниот живот се случи кога нејзиниот сопруг Еди Фишер ја остави поради нејзината пријателка Елизабет Тејлор!

Image result for debbie reynolds elizabeth


Откако сопругот на Елизабет, Мајк Тод, во 1958 година починал во авионска несреќа, Фишер решил да ја теши Тејлор. Во 1959 тој се разведе од Рејнолдс и се ожени со Тејлор. Подоцна, напуштената Деби Рејнолдс за „People“ изјави: не можеш да натераш маж да си замине, не можеш д аго натераш да си оди ако не сака. Тој очигледно избра да си оди, нели? Таа не му фрли ласо! Таа само беше убавата Елизабет Тејлор. Тој ја сакаше, сакаше да биде нејзин љубовник и замина. Тој е себичниот. Таа само му го даде она што го сакаше!

Но деби не остана долго со скршено срце - во 1960-тата се омажи со бизнисменот Хари Карл, а бракот траеше 13 години. Во 1984 се омажи со бизнисменот Ричард Хамлет и тој брак траеше до 1996 година.

Подоцна се смирила со Елизабет а во 2001-та заедно играа во филмот „These Old Broads“ , по сценарио на Кери Фишер.


Image result for debbie reynolds elizabeth

Во 2014 Деби Рејнолдс доби награда за животно дело. На филмското платно Деби Рејнолдс и Кери Фишер повеќе нема да се појават, но нивната внука и ќерка Били Лурд ќе ја продолжи семејната холивудска приказна...



Image result for debbie reynolds billie lourd


Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај

Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците.

„Гласот за број еден, за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, е глас за поголеми плати и унапредени работнички права. Седум години градиме економска атмосфера на постојан раст на платите, да не дозволиме ова да биде загрозено - работниците и работничките тоа не го заслужуваат“, им порача на сопартијците Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 2, на денешниот Првомајски пикник кој беше организиран од партијата во Градскиот парк во Скопје.

„Двојно ја зголемивме просечната плата од 2016 година, денес таа изнесува речиси 40.000 денари. Минималната плата не ја оставивме на егзистенцијалниот минимум, на кој ја затекнавме во 2016, кога изнесуваше 10.000 денари, сега таа изнесува 22.500 денари. Знаеме дека треба уште повеќе, затоа ветуваме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра во наредните четири години. Ова е добриот глас кој треба да го ширите до секој човек, во секое село и град“, порача до членовите на СДСМ потпретседателот Битиќи.

Тој истакна дека СДСМ е силна партија и денешниот Ден на трудот треба да биде дополнителна мотивација за поголемо заедништво во пресрет на денот на изборите на 8 – мај и продолжување на битката за европска Македонија.

„Не смееме да се откажеме, социјалдемократијата не обврзува да водиме грижа за секое работно место, за достоинствена плата. Никој друг, само ние, социјалдемократите можеме тоа да го понудиме на граѓаните со програмата каде работникот е на прво место. Никој да не биде изоставен од економските успеси, што значи повисоки плати и пензии, поголема куповна моќ и подобар квалитет на животот. Ќе се погрижиме секое домаќинство да ужива во сигурна финансиска иднина, со поголем пристап до услуги и можности“, рече Битиќи.

Потпретседателот на партијата посочи дека СДСМ е партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност и секогаш е на страната на работниците, го почитува и вреднува нивниот труд.

Димитриевски: Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните

​Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце.

Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и среќа. Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија да стане држава. Димитриевски рече дека истовремено сака да испрати порака до актуелното раководство на СДСМ, при што рече:

„Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат. Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија. Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте. За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака. Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси.

Кејн: Можеме да извлечеме многу позитивни елементи од ремито со Реал

Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн се осврна на синоќешното реми со Реал Мадрид.

Баерн на домашен терен одигра 2:2 со фаворизираниот Реал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

- Ова се големи натпревари. Атмосферата денеска беше неверојатна. Сигурен сум дека и следната недела ќе биде исто. Сакам да бидам дел од овие големи натпревари и нема ништо поубаво од тоа. Можеме да земеме многу позитиви работи од денешниот натпревар. Има неколку мали детали што треба да ги поправиме бидејќи се виде дека лесно можеме да бидеме казнети и за најмали грешки. Позитивниот став мора да го пренесеме и на реваншот, изјави Кејн.

Возвратниот натпревар ќе се игра на 8 мај на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Во втората полуфинална пресметка на елитното фудбалско натпреварување ќе се соочат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен. Првиот натпревар се игра вечер од 21 часот во Дортмунд. /МИА

притисни ентер