Последните 50 години човекот уништил 70 проценти од животинскиот свет - Канал 5

Последните 50 години човекот уништил 70 проценти од животинскиот свет

Проучуваните популациите на диви видови - цицачи, водоземци, влекачи и риби - се намалиле во просек за 69 проценти од 1970 година, според објавениот извештај на WWF.

Последните 50 години човекот уништил 70 проценти од животинскиот свет

Во извештајот се вели дека природата е сериозно оштетена и дека е потребно итно зачувување на биолошката разновидност. .

Повикувајќи се на наодите од „Извештајот за состојбата на планетата“, генералниот директор на WWF International, Марко Ламбертини рече дека се соочуваме со две вештачки кризи: климатските промени и губењето на биолошката разновидност, кои ја загрозуваат благосостојбата на сегашните и идните генерации.

„Овој извештај прикажува шокантни бројки. Ако сакаме да го запреме и да го промениме губењето на природата и да обезбедиме здрава иднина за луѓето и природата, одговорот мора да биде промена на системот“, рече тој.

Досега, најголемата база на податоци која вклучува речиси 32.000 популации од 5.230 видови, Индексот на животот на планетата, кој е создаден како дел од извештајот на Зоолошкото друштво од Лондон, покажува дека особено остар пад е забележан кај популациите на проучувани 'рбетници во тропските предели.

Извештајот покажува како деградацијата и губењето на живеалиштата, експлоатацијата, воведувањето на инвазивни видови, загадувањето, климатските промени и болестите се главните причини за намалувањето на популацијата на дивиот свет ширум светот.

Некои од овие причини придонесоа за 66 проценти загуба на африканскиот див свет во текот на набљудуваниот период, како и за севкупниот пад од 55 проценти во Азија и Пацификот. WWF е крајно загрижен за овој тренд бидејќи е регион со најголем биодиверзитет во светот.

Податоците од Индексот конкретно укажуваат дека помеѓу 1970 и 2018 година, забележаната популација на дивиот свет во Латинска Америка и Карибите се намалила во просек за 94 проценти.

Бројот на набљудуваните популации на слатководни животни се намалил во просек за 83 отсто, поради што оваа група на видови е пред сите други. Загубата на живеалиштата и пречките на миграционите рути претставуваат околу една половина од сите закани за набљудуваните видови преселни риби.

Ламбертини рече дека светските лидери на конференцијата за биолошка разновидност COP15 во декември ќе имаат можност да ги обноват нарушените односи со природниот свет и да обезбедат поодржлива иднина со амбициозен глобален договор за биолошка разновидност, сличен на Парискиот договор.

„Неопходно е овој договор да овозможи итна акција на теренот, вклучително и трансформација на секторите што доведуваат до губење на природата и финансиска поддршка за земјите во развој“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер