Шоу бизПосле серијата „Сексот и градот“, Ѕверката го следат сериозни обвиненија и уништен угледОбвиненијата за сексуално злоставување, јавните скандали и контроверзните коментари на социјалните мрежи значајно влијаеја врз неговиот професионален и личен живот.Крис Нот, актерот познат по култната улога на Ѕверката во популарната серија „Сексот и градот“ (Sex And The City), со години важеше за еден од омилените холивудски заводници, но последниве години неговата кариера и репутација се значително нарушени. Се започна во 2021 г. кога неколку жени го обвинија за сексуално злоставување, што тој тогаш постојано го негираше. Како резултат на овие обвиненија, Нот изгуби бројни улоги и профитабилни договори со одредени брендови, а неговиот професионален живот значително се промени. И неговото заминување од серијата „The Equlizer“, каде тој го игра ликот на Вилијам Бишоп, поранешен директор на ЦИА кој води приватна агенција, е последица на тие скандалозни обвиненија. Во серијата „И едноставно така“ (And Just Like That...), која следеше како продолжение на култната серија „Сексот и градот“, тој е „убиен“ во првата епизода, со што симболично е означен крајот на неговото присуство во оваа франшиза. За неговото заминување и контроверзиите што следеа се огласија и главните ѕвезди на „Сексот и градот“, кои на различни начини се осврнаа на случувањата и промените во серијата. View this post on Instagram A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial) Многу не растажија обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои ги споделија своите болни искуства, знаеме дека е многу тешко јавно да се излезе со тоа и им се восхитуваме – порачаа тие преку заеднички „твит“. Извор за Page Six раскажува: Крис ја загуби секоја работа што ја доби, но никогаш не добил тужба и не е покрената казнена пријава. Една од тие жени да отишла во полиција, власта би имала обврска да истражи без оглед на тоа што можеби случајот е застарен. Но ништо од тоа не се случило. Генерално, и кога нема полициски извештај или граѓански тужби, тоа не е доказ дека обвиненијата се лажни. Има бројни причини зошто обвинителите не поднесуваат тужби и не пријавуваат во полиција. Крис Нот, меѓутоа, призна дека ја изневерувал својата сопруга Тара Вилсон, со која е во брак од 2006 г., по што обвиненијата станаа јавни, а сопругата го напушти. Сепак тие успеаја да ги решат несогласувањата и да го сочуваат бракот. Парот денеска заедно ги одгледува синовите Орион (17) и Китс (5). Во меѓувреме, Нот се обидува да се врати во филмот „The Block“, но веднаш на почетокот од годината предизвика негодување во јавноста со своите коментари кон бившата телевизиска партнерка Сара Џесика Паркер. Таа неодамна ја освои престижната награда „Керол Барнет“ за исклучителниот придонес во телевизијата, а Нот на Инстаграм објави фотографија на која крева тегови со опис: Да ти’*ам новата година, одиме! Еден од неговите следачи напишал: „Мислиш, да ти ‘*ам Сара Џесика Паркер и наградата, така? На што Нот отворено одговорил: „Така е“. Ваквата размена на коментари не помина незабележано, а реакциите на публиката покажуваат дека неговиот обид за „големото враќање“, не се со воодушевување, туку со критика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter