Посетата на Петков со позитивни оценки во Скопје и во Софија

Ќе донесе ли дијалогот меѓу Ковачевски и Петков нов почеток во македонско-бугарските односи или надминувањето на спорот ќе остане без брз епилог?

Ден по нивната прва средба, бугарскиот премиер изјави дека со тоа што го дал првиот чекор, Бугарија постигнала огромен успех. Петков е задоволен од постигнатата согласност за соработка на повеќе полиња со Македонија, и потенцира дека е завршена една нивна голема цел- нотата која македонското МНР ја испрати до Обединетите Нации.

-Од една страна ние подадовме рака со тоа што отидовме таму први, а од друга страна тие ни дадоа нота која што се надевавме дека ќе ја добиеме пред две години. Таа нота е многу поважна од само кусото и долгото име. Таа нота покажува дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Тука треба да се разбере дека вчера беше огромен успех – Кирил Петков – претседател на Влада на Р. Бугарија.

Македонскиот премиер Ковачевски вчера изјави дека тоа што Бугарија се согласи за употреба на краткото име на земјава, е прв голем чекор во новото поглавје кое го ветуваат пред граѓаните на двете земји.

- Со колегата Петков си дадовме збор дека ќе ја искористиме новата енергија и преку нов пристап базиран на взаемна почит да ги унапредиме односите меѓу двете земји. И јас и тој имаме иста заедничка цел – да создадеме услови за подобра иднина за граѓаните на Република Северна Македонија и Република Бугарија, – Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Фокусот да биде на економската соработка, трговијата, инфраструкрурата, а историјата во втор план – оваа стратегија наиде на позитивни реакции од сите политичари.. Но, дали приближувањето на двете земји на овој начин, ќе бидат доволни да се деблокира евроинтегративниот пат на Македонија, или сепак нема да се заобиколат останатите барања од бугарскиот пакет 5+1? Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека времето ќе покаже дали поединечното елиминирање на точките е добра тактика.

-Во основа ние треба да почекаме да видиме дали оваа ситуација ќе вроди со некаков нов импулс за подобрување на односите и дали ќе следи втор чекор. И во Македонија и во Бугарија постои изреката дека една ластовичка не прави пролет. Да видиме дали оваа ластовичка е една од многуте, или ќе остане на оваа– Петар Аровски – политички аналитичар..

Една од бугарските барањеа е и признавањето на бугарското малцинство во Македонија. За претседателот Пендаровски тоа е мешање во внатрешните работи на државата, и уверува дека нема да дозволи да е донесат недостоинствени решенија.

-Не, нема шанси тоа да се случи. Не може да се протне такво решение. Прво јас ќе излезам на прес-конференција и ќе кажам “народе, јас ова не го прифаќам”. И не мислам дека кој било договор треба да се крие од македонската или бугарската јавност. На сила таа работа не оди, треба да им се каже на граѓаните - за ова разговараме и со ова не се рушат националните позиции.Стево Пендаровски – претседател.

За разлика од претседателот, според лидерот на ДУИ Али Ахмети нема ништо спорно да се вметне бугарското малцинство во македонскиот Устав.

Вчера и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со Петков, а од партијата соопштија дека тој на бугарскиот премиер му ги кажал неговите веќе познати ставови.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер