Португалската федерација побара од УЕФА минута молк по повод смртта на Жота и Силва - Канал 5

Португалската федерација побара од УЕФА минута молк по повод смртта на Жота и Силва

Португалската фудбалска федерација побара од УЕФА да одржи минута молк пред натпреварот меѓу Португалија и Шпанија на Европското првенство за жени по повод смртта на португалскиот репрезентативец од редовите на Ливерпул, Диого Жота

Португалската федерација побара од УЕФА минута молк по повод смртта на Жота и Силва

Португалската фудбалска федерација побара од УЕФА да одржи минута молк пред натпреварот меѓу Португалија и Шпанија на Европското првенство за жени по повод смртта на португалскиот репрезентативец од редовите на Ливерпул, Диого Жота, кој загина заедно со неговиот брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија.

„Португалската фудбалска федерација и целиот португалски фудбал се целосно скршени од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, што се случи синоќа во Шпанија“, напиша на Фејсбук претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса.

Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во близина на Замора, во северозападна Шпанија, непосредно по полноќ во четврток.

Автомобилот, од марката „Ламборџини“ во кој Диого патувал со својот брат Андре (25), исто така, професионален фудбалер, излетал од патот и се запалил.

Жота (28) неодамна се ожени и со сопругата Кардосо имаше три деца.

Неговиот помлад брат Андре Силва астапуваше за португалскиот второлигаш Пенафиел

„Многу повеќе од фантастичен играч, со речиси 50 настапи за сениорската репрезентација, Диого Жота беше извонредна личност, почитувана од сите негови колеги и противници. Изгубивме двајца шампиони. Смртта на Диого и Андре Силва претставува надоместлива загуба за португалскиот фудбал“, додаде првиот човек на португалскиот фудбал во објавата на социјалните мрежи.

Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Еден од синовите на мексиканскиот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, коосновач на картелот Синалоа, Овидио Гузман Лопез, се изјасни за виновен пред американски суд како дел од спогодбата за признавање на вина што обезбедува полесна затворска казна.

Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Познат по прекарот „Ел Ратон“ (глувчето), 35-годишниот Овидио е единствениот од четирите синови на водачот на картелот кој постигна спогодба со американското судство и ја призна вината.

Ел Чапо, отслужува доживотна казна затвор во САД, изречена во 2019 година.

Американскиот обвинител Џеј Клејтон изјави вчера на суд во Менхетен дека ова е „важен чекор во повикувањето на одговорност на картелот Синалоа и неговите водачи за нивната улога во епидемијата на фентанил, дрога што одзеде многу американски животи“.

Судот во Њујорк на 1 јули ги отфрли обвиненијата за трговија со дрога против Овидио Гузман како дел од спогодбата за признавање на вината, избегнувајќи судење и обезбедувајќи, според аналитичарите, полесна казна од казната на неговиот татко. Датумот на изрекување на пресудата сè уште не е закажан.

Како дел од спогодбата, Овидио Гузман се изјасни за виновен за заговор поврзан со трговија со дрога и учество во криминално здружение, објави Министерството за правда на САД. Тој, исто така, призна дека тој и неговите тројца браќа ја презеле улогата на нивниот татко во рамките на картелот.

Овидио беше уапсен во јануари 2023 година во операција во Кулијакан во северозападно Мексико, во која беа убиени најмалку 29 лица. Девет месеци подоцна, тој беше екстрадиран во САД.

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната

Во моментов контроли на внатрешните граници вршат 11 членки на Шенген зоната.

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната

Во годината кога се одбележува 40-годишнината од создавањето на Шенген зоната, повеќе европски земји, меѓу кои и оние кои некогаш беа движечката сила на заложбите за укинување на внатрешните граници во ЕУ, како Германија, денес воспоставуваат контроли на сите гранични премини и ги враќаат барателите на азил, правдајќи го ваквиот потег со зголемени безбедносни ризици и значителен прилив на илегални мигранти.

Од воведувањето на Шенген зоната во 1995 година, цела една генерација Европејци израснаа во услови на слободно движење меѓу земјите од зоната, што ја олесна мобилноста на работната сила и размената на стоки, создавајќи придобивки за трговијата во рамки на единствениот европски пазар. Отсуството на гранични контроли меѓу членките на ЕУ се толкуваше како симболична и физичка манифестација на слободното движење на граѓаните, како една од врвните вредности на Европската унија.

Но, од пред 10 години, како резултат на зголемениот мигрантски прилив, работите почнаа да се менуваат. Она што првично во 2015 година беше замислено како вонредна мерка - привремени гранични контроли на внатрешните граници во Шенген зоната, денес, десет години, подоцна станаа нормалност.

Поттикнати од енормниот прилив на мигранти, повеќето земји тогаш решија да го активираат членот 25 од Кодексот за границите во Шенген зоната, врз основа на кој се овозможува воведување гранични контроли на внатрешните граници поради закани по јавниот ред и безбедноста.

Од тогаш, повеќето земји членки на Шенген зоната, поради различни причини воведуваа привремени контроли на делови на своите граници, чија важност постојано се продолжува, со што се доведува под сомнеж нивниот времен карактер.

Како причини за воведување на „времените“ контроли на внатрешните граници се наведуваат одржувањето на масовни политички или спортски настани, опасност по јавното здравје – како што беше случај за време на Ковид пандемијата, терористички или безбедносни закани и „секундарните движења“ на илегалните мигранти, односно влез на лица од трети земји на кои им биле одбиени барањата за азил во држава од Шенген зоната во која првично пристигнале или претходно престојувале.

Во моментов контроли на внатрешните граници вршат 11 членки на Шенген зоната – Австрија, Бугарија, Германија, Данска, Италија, Норвешка, Полска, Словенија, Франција, Холандија и Шведска, првенствено поради „безбедносни парични“ или поради спречување на илегалната миграција. По правило, спречувањето на влезот на илегалните мигранти се правда со безбедносни или терористички ризици, иако доказите укажуваат дека мотивите за ваквите мерки повеќе се од социјални или локални причини, отколку поради заштита од криминал или тероризам.

Но, според берлинскиот Институт за европски политики (ИЕП), овие мерки не се премногу делотворни за ограничување на илегалната миграција, а уште помалку за спречување на терористичките закани. Иако, со контролите се оневозможува влез на илегалните мигранти преку граничните премини, тоа не ги спречува, заедно со криумчарите на луѓе, да изнаоѓаат нови рути и начини за влез во земјите.

Од друга страна, граничните контроли имаат негативно влијание врз трговијата поради чекањето на стоките на границите, а дополнително ја ограничуваат слободата на движење на граѓаните на Унијата и ја намалуваат меѓусебната доверба меѓу земјите членки на Шенген зоната.

Како резултат овие „привремени“ гранични контроли, зачестија критиките на сметка на Европската комисија, вклучително и од страна на некои европратеници, дека не ја одиграла најадекватно својата улога како „чувар на договорите“ на ЕУ. Според нив, во услови на сложените преговори за реформи на Заедничкиот европски систем за азил (ЦЕАС), Комисијата им дала приоритет на желбите на земјите членки пред правото на ЕУ, вклучително и барањето за зголемување на максималниот временски рок за привремени гранични контроли од шест месеци на дури три години, под одредени услови.

- Генерално, се чини дека навидум „привремени“, граничните контроли во одреден степен станаа прифатлива појава во наводно безграничната Шенген зона, оценува ИЕП.

Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено,...

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ годинава настпот на Грен слемот во Лондон го заврши во полуфиналето. Поуспешен од него беше Јаник Синер со 3:0 во сетови и за Италијанецот ова беше петта победа над Србинот во серија. 

Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено,...

Ѓоковиќ во мечот влезе со повреда од четвртфиналето и со пропуштен тренинг ден пред мечот, а по вториот сет му беше укажана и медицинска помош.

- Нема да се жалам на повредата, едноставно Синер беше подобар и заслужи пласман во финалето. Разочаран сум дека не можев добро да се движам. Не сметам дека беше лоша среќа, едноставно тоа се годините, телото е истрошено,... Колку турнирот трае подолго толку ми е потешко, еве играв полуфинале на сите грен слем турнири годинава. Потоа следува меч со Алкараз или Синер, тие се помлади подготвени, побрзо „се враќаат“ по одиграниот меч. Внимавам на телото, но тука се и повредите, изјави Ѓоковиќ.

Во однос на неделното финале Ѓоковиќ, предност му дава на Шпанецот Карлос Алкараз против Синер, поради двете титули кои ги има на Вимблдон. Но, сепак очекува неизвесен финален меч. /МИА

притисни ентер