Портрет на добитничката на наградата „Браќа Миладиновци" за 2020 година на СВП - Канал 5

Портрет на добитничката на наградата „Браќа Миладиновци" за 2020 година на СВП

Со читање на Константиновата „Т`га за југ" и палење на фестивалскиот оган, на летната тераса во хотел „Дрим" синоќа во Струга почна 60. јубилејно издание на Меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата".

Портрет на добитничката на наградата „Браќа Миладиновци" за 2020 година на СВП

Манифестацијата ја отвори министерката за култура Ирена Стефоска, со несекојдневно обраќање со акростихот „Т`га за југ" и поими карактеристични за Струга. Обраќањето, како што рече, им го посвети на поетите, посакувајќи им уште многу стихови и успешни години на Струшките вечери на поезијата. На манифесацијата на која низ годините присуствувале Блаже Конески, Десанка Максимовиќ, Вознесенски, Оден, Диздар, Гинсберг, Гилвик, Падрон, Хјуз, и многу други, како што рече, останаа нивните зборови и празни страници за уште поети.

Поради пандемијата со Ковид – 19, добитничката на Златниот венец, британската поетеса Керол Ен Дафи, не присуствува на Фестивалот, но имаше свое видео обраќање и читање поезија на отворањето. Таа изрази задоволство, што со признанието им се придружува на врвни поетски имиња, од кои читала поезија.

– Во овие сурови и мрачни времиња на светот, тргоната сум што пред мојот праг го наоѓам сјајот на Златниот венец. Тоа што им се придружувам на поети, кои толку многу ми значеле во текот на целиот мој живот, како читателка и писателка е извонреден подарок за кој што сум многу благодарна, Оваа прекрасна награда од Струга ми го врати духот и радосна сум што сум добредојдена во оваа голема Македонска традиција на вредноување на поезијата, рече Ен Дафи.

Осврнувајќи се на своите почетоци и љубовта кон поезијата, кои, како што посочи, биле наметнати од нејзината мајка, која постојано и читала поезија и детски песнички истакна дека на поезијата гледа на многу различни начини.

– На поезијата гледам на многу различни начини, некои од нив се противречни, а еден од нив е како штафета што се пренесува низ времето од поет до поет. Друг како бескрајна таписерија со поети кои во своето време го земаат своето пенкало и придонесуваат кон таа таписерија во времето и просторот некаде и некогаш, додаде Ен Дафи.

На јубилејното издание, свое обраќање имаше и Јован Стрезоски, еден од членовите на првиот основачки одбор и долгогодишен директор на Фестивалот. Истакнувајќи поважни моменти од почетоците на манифестацијата нагласи дека идејата за фестивалот произлегла со поетското читање во 1961 година, во чест на 100 години од издавањето на Зборникот на струшките браќа Димитар и Константин Миладинови.

– Името на Фестивалот го даде Гане Тодоровски и од 1962 започна СВП, кој секоја наредна година се ширеше со учество на поети од републиките од тогашна Југославија, а 1965 СВП прераснаа во меѓународна манифестација со учество на поети од неколку земји во светот. Растејќи се секоја година со учесници од сите континенти како и со доделување на меѓународната поетска награда Златен венец, манифестацијата добиваше се позначајно место од кое се ширеше поетскиот збор на сите јазици во светот, потсети Стрезоски, посочувајќи дека нацртот на Златниот венец е на академскиот сликар Димче Протуѓер.

Говорејќи за историјата со издвоени моменти заклучи дека СВП се фестивал кој ги зближува поетите, а поетите ги поздрави со мисла од Блаже Конески, која ја употребувал на крајот до секое писмо „Останете со добра мисла".

Во рамки на програмата за денеска предвиден е портрет на минатогодишната добитничка на наградата „Браќа Миладиновци" Ива Дамјановски, а поетски читања ќе имаат поетите од потесниот избор за оваа година. Предвидена е средба со издавачи, агенти и професионални посетители во рамките на платформата „ Версополис", како и поетски портрет со лауреатот Керол Ен Дафи. Дел од програмата се традиционалните „Ноќи без интерпункција".

Јубилејното фестивалско издание се одржува под посебни протоколи поради пандемијата со Ковид – 19, а учествуваат 30-тина поети од Србија, Грција Албанија, Косово, Црна Гора, Франција, Унгарија, Швајцарија, Хрватска, Австрија, Словенија, Германија, Бугарија, Италија, Монголија, Естонија, Палестина, САД, Индија, Литванија… Дел од нив се присутни во Струга, а дел ќе имаат видео читања.

Манифестацијата се одржува под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови", што го потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување на дрво од страна на лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот. Завршува на 30 август, в недела со меѓународното поетско читање Мостови" и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци" и „Мостови на Струга", на летната тераса во хотел „Дрим".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

​СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе на виделина вистината, не го закажуваат продолжетокот.

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка.

Со денови молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на тие како што велат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка.

Од страв дека може да се дознаат повеќе информации, продолжение на надзорната расправа во Собранието се уште не се закажува.

Сега на граѓаните им е јасно зошто СДС и Филипче толку зборат за некаков српски свет во Македонија.

Основоположници и негуватели на српскиот свет во Македонија се токму Филипче и СДС.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Украинските сили погодија и уништија дел од Кримскиот мост, само неколку часа откако Русија започна масивен напад врз Киев, насочен кон два клучни моста над реката Дњепар во украинскиот главен град.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Руската акција беше проследена со жесток украински одговор со напади со беспилотни летала врз Кримскиот мост и голема рафинерија во Башкортостан, длабоко на руска територија, објавува Би-Би-Си.

Според најновите информации, засновани на фотографии од Крим, централниот сообраќаен дел од мостот се чини дека се срушил по нападот.

Украинските сили го нападнаа Кримскиот мост, кој го поврзува Крим со руското копно, втора ноќ по ред, предизвикувајќи прекин на сообраќајот.

Украинските канали за следење на фронтовската линија објавија снимки од експлозии над мостот, но обемот на штетата сè уште не е официјално потврден.

Објавени се неколку видеа на кои наводно се гледа урнатиот главен лак на Кримскиот мост, со тврдења дека бил уништен од украински беспилотни летала или крстосувачки ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

Општина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност - II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации.

Во рамки на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Go Green“.

Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агри-фотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Community Solar Garden“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи.

Посебно признание беше упатено до здруженијата „Go Green“ и „Изгрејсонце“, како и до SmartAP - Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка.

Ваквите партнерства се особено важни за креирање и спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на иновативни идеи, здружување на капацитетите и воспоставување соработки кои создаваат долгорочни вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер