Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
2Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
АвтомобилизамПоршето на трагично загинатиот Пол Вокер е на продажба по цена од најмалку милион долари Поршето на трагично загинатата ѕвезда на Брзи и бесни излегува на аукција.На крајот на месецот ќе се најде на аукција од страна на Mecum Auctions, која предвидува дека најверојатно ќе достигне цена од повеќе од милион долари. Станува збор за Porsche Carrera RS 2.7 од 1973 година, модел произведен во само 1580 примероци. Станува збор за едно од најпосакуваните колекционерски Поршеа, кое во комбинација со сопственоста на познатата личност гарантира рекордна цена. Се очекува дека некогаш најбрзиот германски автомобил ќе предизвика огромен интерес. Ова е моделот со кој Порше го прослави спојлерот. Го придвижува 2,7-литарски мотор со шест цилиндри, кој произведуваше над 210 КС кога излезе од фабриката. Опремен со механичко вбризгување гориво на Bosch и менувач со пет брзини, овој модел го формира врвот на пирамидата на класиците на Porsche. За овој автомобил Вокер зборуваше и на гостувањето кај Џеј Лено во 2011 година, кога кажал дека на невидено го купил преку Интернет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 годинаМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка. Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот. Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители. Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот Фото: ВИТагови: затемнување на Сонцето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКараванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во ВелесПо Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.Таму е Сања Трајковска Ставров. Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНепоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град СкопјеЕдна чаша вода како одговор на информациите дека скопската вода не е безбедна за пиење. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред камерите испи вода од чешма, уверувајќи ги скопјани дека нема место за паника, дека во водата нема бактерии и дека таа е целосно безбедна за пиење. Откако изминативе денови на социјалните мрежи се ширеа предупредувања дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, Ѓорѓиевски на вонредна прес-конференција обвини за организирано ширење паника од опозициски структури. Најави дека ќе бидат идентификувани профилите кои ги ширеле дезинформациите и дека за нив соодветно ќе постапува МВР. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека водата секојдневно се испитува од околу 40 точки низ градот, а по појавата на информациите била направена и вонредна ПЦР-анализа, која исто така не покажала присуство на бактерии. -Ние имаме една од 5-те најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монстум кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен..Ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад и од утринава се сублимираат сите профили и лажните а и оние приватни а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје - Земен е уште еден вонреден примерок од водоснабдителниот систем, од мерно место фабрика Пивара и е направена брза ПСР анализа. Таа е брза анализа која за помалку од 4 часа имаме основни индикаторски параметри каде е констатирано дека не е утврдено присуство на ешерихија коли, ниту на колиформни бактерии, ниту на псевдомонас.- Емилија Јанеска – ЈП „Водовод и Канализација“ Покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство. Од АХВ посочија дека немаат информација за незадоволителни резултати од лабораториско испитување на водата за пиење, што е нивна законска обврска, додека од Министерството за здравство велат дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со пиење вода од скопскиот водовод. Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, вели дека дека иако бројот на пациенти е зголемен поради високите температури, кај ниту еден нема индикации дека причината за хоспитализација е водата. -Бројот е зголемен но не е над нормалата, споредбено со другите години тука е во очекуваниот раст, така што немаме податоци дека некој има гастро интестинални тегоби поради пиење на вода. - Фадил Цана – Директор на Клиника за инфективни болести Во меѓувреме, ОЈО соопшти дека по допрен глас оформило предмет за проверка на информациите за енормно загадување со отпад, во заштитено подрачје во близина на изворите Рашче. Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на обвинителството, посочувајќи дека иако депонијата не е во надлежност на Градот, градските служби во моментов ја чистат. Според него, депонијата се наоѓа на значително растојание од изворите Рашче и не може да предизвика загадување на водоснабдителниот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook