Порше на вработените во април ќе им исплати неверојатни бонуси - Канал 5

Порше на вработените во април ќе им исплати неверојатни бонуси

Порше потврди дека и оваа година ќе им плати значителен бонус на своите вработени.

Порше на вработените во април ќе им исплати неверојатни бонуси

И покрај кризата, па дури и фактот дека работниците со недели биле дома за време на карнатинот и производството било прекинато, Порше е задоволен од деловните резултати. И тие одлучија да го споделат тоа задоволство со сите работници, на многу опиплив начин.

Сега по дифолт, Порше во април им исплаќа бонуси на своите вработени во износи за кои повеќето други работници можат само да сонуваат. Значи, сите работници оваа година ќе добијат бонус од 7850 евра. Иако ова е значително помалку од скоро десет илјади евра што ги добија минатата година, тешко дека некој од 36.000 работници ќе биде незадоволен.

Порше мина низ пандемијата значително подобро од другите членови на групацијата VW. Приходите се рекордни, а бројот на продадени автомобили и профитот не се намалуваат, пред се благодарение на одличната продажба на кинескиот пазар.

Деловната 2020 година има рекорден промет - вредноста се искачи на 28,7 милијарди евра и ја надминала вредноста од претходната година за повеќе од 100 милиони евра. Во светски рамки, Порше испорачал 272.000 возила (-3%), додека вкупно 80.892 возила биле испорачани во Европа.

Оперативниот резултат е 4,2 милијарди евра. Во претходната година, изнесувал 4,4 милијарди евра. Оперативната маргина на профит во 2020 година била 14,6 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот.

Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен.

Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. 

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“.

Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup.

Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации.

Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот.

Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер