ТенисПораз за Ивановски во маратонски меч на Челинџерот во ЈакаичиМакедонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во првото коло на Челинџер 100 турнирот во Јакаичи, Јапонија. Поуспешен од него утрово беше Италијанецот Џовани Фонио (25 год., 285.АТП ранг) со 2:1, по сетови 4:6, 7:6(5) и 7:6(5) во меч што траеше 2 часа и 39 минути игра. Првиот сет му припадна на македонскиот тенсиер со 6:4 во гемови, кој го имаше и првиот брејк во мечот во седмиот гем за водство од 4:3. Во вториот сет повторно Ивановски поведе со брејк во третиот гем со 2:1 во гемови, а го освои и следниот гем за водство од 3:1. Но, противникот успеа со серија од четири гема да дојде до предност од 5:3, за да Ивановски направи нов брејк и мечот да стигне до тај брејк. Во 13.гем Фонио успеа да поведе со 6:3 на поени и сетот да го заврши со 7.5. Во решавачкиот сет повторно голема борба и без брејк до 10.гем и резултат од 5:5, кога Фонио успеа да поведе со 6:5 по одземениот гем на Ивановски, но македонскиот тенисер ја врати неизвесноста со ри-брејк и се избори за нов тај брејк. Повторно играта на поени беше клучна и му припадна на Италијанецот со 7.5. Инаку, Фонио на претходниот Челинџер во Јокохама како „среќен губитник“ успеа да влезе на главниот турнир и во четвртфиналето загуби од победникот Јосуке Ватануми од Јапонија. Турнирот се игра за награден фонд од 130.000 долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одморВеќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода. Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што не дојде. Тој замина на годишен одмор. Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ. Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност. Ова е односот на оваа власт кон луѓето. Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат. Пет недели. Ниту една посета. Годишен одмор. И кампања против сопствениот народ. Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО. Скопје, 12.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Очекувам свлечиштето на патот кон населбата Теферич да биде санирано за една годинаВицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во телевизиско тгостување рече дека проблемот со свлечиштето на патот кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода е комплициран и бара поголема експертиза.Николоски рече дека затоа министерството ќе ја преземе обврската да го санира. „ Имајќи предвид дека се работи за проблематика што е мошне сложена, за проблематика каде што е потребна голема стручност, сметавме дека е добро тоа да го преземе министерството за транспорт, со експертите што ги имаме и на тој начин да се санира проблемот. Рече Николоски. Тој нагласи и дека тендерот за изведувач сè уште трае, а по изборот на изведувач ќе започнат работите на терен и очекува за една година проблемот со лизгањето на земјиштето да биде решен.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД - Иран наидоа на нов ќорсокак И САД и Хутите од Јемен, кои се сојузници на Иран, објавија одделни напади врз бродови, додека изгледите за завршување на војната со Иран се чинеа слаби, а Техеран изјави дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен доколку Вашингтон не ги прифатНападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за брзо завршување на конфликтот. И Иран и САД ја засилија реториката во последните два дена. Највисокиот ирански безбедносен службеник, Мохсен Резаи ,вчера изјави дека виталниот бродски пат низ Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку САД не ги прифатат условите на Иран за завршување на војната - ослободување на замрзнатите средства на Иран и крај на конфликтите низ целиот регион, вклучително и во Либан и Газа. Тоа следеше по новото барање на Трамп во понеделникот дека Иран треба да плати отштета за луѓето убиени во 50-годишните војни, напади и протести.Тагови: Иран Ормутскиот теснец САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter