Поранешниот претседател на Авганистан го повика Бајден да ја смени одлуката за 7- те милијарди

Поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи го повика американскиот претседател Џо Бајден да ја преиспита својата одлука да ги расподели 7 милијарди долари замрзнати авганистански фондови меѓу жртвите од терористичките напади од 11 септемв

Говорејќи на прес-конференција во Кабул, Карзаи рече дека замрзнатите средства треба да се искористат за да се обезбеди стабилност на авганистанската валута и на финансискиот систем на земјата во целина.

„Авганистанскиот народ е исто толку жртва колку и жртвите и семејствата кои ги загубија своите најблиски. Задржувањето пари или земањето пари од авганистанскиот народ е неправедно и е злосторство против авганистанскиот народ“, рече Карзаи.

Истакнатиот авганистански лидер го повика американскиот народ да ги признае страдањата на авганистанскиот народ. Карзаи рече дека авганистанскиот народ ја платил цената иако Осама бин Ладен, кој е одговорен како организатор на нападите од 11 септември, помина извесно време во Авганистан, но подоцна се врати во Пакистан, каде на крајот беше убиен.

Нема Авганистанец меѓу терористите вклучени во нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001 година. Централната банка на Авганистан повика на укинување на одлуката и ослободување на средствата, велејќи дека тие не се во сопственост на влади, партии или групи.

Авганистан има имот од околу 9 милијарди долари, вклучително и 7 милијарди долари во САД. Останатите средства главно се чуваат во Германија, Обединетите Арапски Емирати и Швајцарија, објави АП..

Јанчев: Подготовки за асфалтирање на вториот дел од ул. Индустриска

Подготовки за асфалтирање на вториот дел од ул. Индустриска, откако првиот дел комплетно се заврши и беа поставени нови рабници и сливници, напиша на својот фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Претходно Ј.П. Комуналец Кавадарци преку нивна програма поставија нова водоводна, фекална и атмосферска канализација.

Проектот е со финансиска вредност од 10 500 000 денари и вкупна површина од 1300 метри квадратни.

Изведувач на работите е фирмата Градба Промет, стои во објавата на Јанчев.

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

 Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава се уште нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. 

Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната.

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции, Ангеловска-Бежоска истакна дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции.

-Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континурано намалување, но според последните податоци, се уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 - 18 отсто. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната.

Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

Студентите од штипскиот Правен факултет дел од симулација на Европски парламентарни избори

 Студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип денеска имаа можност да бидат дел од симулација на Европски парламентарни избори.

Универзитетската професорка по меѓународно право Ана Никодиновска-Крстевска истакна дека оваа Програма ќе продолжи со серија на предавања и презентации преку кои ќе бидат истражени различните аспекти на Европските парламентарни избори, со особен фокус на значењето и улогата на Европскиот парламент.

-Меѓу 6 и 9 јуни ќе се одржат Европските парламентарни избори и од тие причини решивме да споделиме и да го продлабочиме овој изборен процес, на кој начин се одвиваат се со цел да ги доближиме поблиску до студентите, меѓутоа се разбира и до граѓаните. Со цел да го прошириме познавањето, свесноста на кој начин се организираат и која е улогата на Европскиот парламент, вели Никодиновска-Крстевска.

Томазо дел Бакаро од Италија, кој беше дел од симулацијата на Европски парламентарни избори пред студентите го сподели искуството како во неговата земја се организираат изборите на пратеници во неговата земја во Европскиот парламент.

Присутни беа и ученици од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ од Кочани кои остварија посета на Euroscola во рамките на Европскиот парламент во Стразбур, под менторство на професорот во училиштето Александар Михајлов.

притисни ентер