Саутгејт негира дека разговарал со Манчестер јунајтед - Канал 5

Саутгејт негира дека разговарал со Манчестер јунајтед

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги коментираше информациите дека би можел да го замени Ерик тен Хег во Манчестер јунајтед.

Саутгејт негира дека разговарал со Манчестер јунајтед

- Несоодветно е да се зборува за ова. Немав никакви преговори. Има една работа на која треба да се фокусирам, успехот на Англија на Европското првенство, ги цитира „Телеграф“ зборовите на англискито селектор.

На 7 мај, „Фут Меркато“ објави дека Саутгејт е главен кандидат за позицијата главен тренер на Манчестер јунајтед.

На едно коло пред крајот на сезоната во Премиер лигата, Манчестер јунајтед се наоѓа на 8. место, далеку од очекувањата на раководството и навивачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елизабет Харли воодушевува и во седмата деценија од животот

Британската актерка и манекенка 61 годишната Елизабет Харли уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот на шоу-бизнисот. 

Фото: Елизабет Харли воодушевува и во седмата деценија од животот

Популарната кралица на бикини со серија фотки покажа зошто ја оправдува оваа титула.

Ѕвездата на бројни филмови ужива во летните денови, а своите следбеници ги воодушеви со нова објава на социјалните мрежи.

Познато е дека нејзината колекција на костими за капење и други додатоци за плажа секогаш привлекува внимание, а главна ѕвезда во секоја реклама е прекрасната Лиз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За секое прваче во Кисела Вода - бесплатен ранец и училишен прибор!

Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија.

За секое прваче во Кисела Вода - бесплатен ранец и училишен прибор!

Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, нагласи дека примарната цел на овој проект е финансиско олеснување за семејствата пред почетокот на учебната година.

- Првиот училишен ден е важен момент за децата и родителите, а нашата цел како Општина е тој да помине без дополнителен финансиски товар за семејниот буџет. Овој проект, кој како позитивен пример веќе се применува и во голем дел од другите општини, ја потврдува нашата континуирана заложба за директна поддршка на граѓаните. Затоа, апелирам до родителите на идните првачиња да не се изложуваат на трошоци и да не купуваат ранци и прибор. Сакам да нагласам дека за добивање на оваа поддршка не се потребни никакви критериуми, ниту дополнителни административни процедури, бидејќи мерката важи автоматски за сите запишани првачиња во општината-изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Москва имала таен план за Шведска?

Дали Москва имала таен план за Шведска? Безбедносната служба спречила руска операција. 

Дали Москва имала таен план за Шведска?

Шведската безбедносна служба „Сапо“ спречила руска разузнавачка операција насочена кон собирање информации и дискредитирање на Шведска, НАТО и Европската унија.

Шведската безбедносна служба „Сапо“ (Sapo) вчера објави дека спречила руска разузнавачка операција насочена кон дискредитирање на Шведска, во која бил вклучен агент што дејствувал во рамките на странска дипломатска мисија во Стокхолм.

„Сапо“ не откри за кое претставништво станува збор, пренесе „Еуроњуз“ (Euronews).

Контраразузнавачката агенција во соопштение наведе дека собрала информации за операцијата и преземала мерки против неа.

Според „Сапо“, операцијата била планирана и спроведена од Руската служба за надворешно разузнавање (СВР).

„Една од целите на операцијата беше собирање информации за шведскиот процес на одлучување, со цел да им се овозможи на руските разузнавачки служби да спроведуваат операции за вршење влијание преку теми што предизвикуваат поделби. Крајната цел беше да се поткопа шведскиот процес на одлучување и да се дискредитираат Шведска, НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението на „Сапо“.

Кристоф Виделин, заменик-началник за операции во „Сапо“ (Sapo), потврди дека агенцијата презела дејствија откако ги открила руските планови.

„Шведските безбедносни служби презедоа чекори за заштита на виталните шведски интереси и за спречување на понатамошно влијание“, изјави Виделин.

Разузнавачки закани и пристапувањето кон НАТО „Сапо“ претходно ја посочи Русија, заедно со Кина и Иран, како една од главните разузнавачки закани за Шведска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер