Поранешната прва тенисерка на светот: Сопругот мораше да ме влече од кревет - Канал 5

Поранешната прва тенисерка на светот: Сопругот мораше да ме влече од кревет

Поранешната данска тенисерка Каролин Возниацки зборуваше за нејзината борба со ревматоидниот артритис, тешка автоимуна болест ,која и била дијагностицирана во 2018 година.

Поранешната прва тенисерка на светот: Сопругот мораше да ме влече од кревет

Поранешната тенисерка број еден во светот вели дека нејзината состојба се влошила толку многу што не можела да стане од кревет без помош на сопругот.

Поради дијагнозата, победничката на Австралија опен 2018 морала да се повлече од тениските терени на само 29 години. „Бев на врвот на мојата кариера во 2018 година кога ми дијагностицираа ревматоиден артритис“, рече таа за Билд.

"Го освоив Австралија опен претходно истата година. Требаше да биде мојата златна година".

"Во пресрет на УС Опен, почнав да чувствувам болки во зглобовите, постојан замор и други необјаснети симптоми. Ги губев натпреварите што требаше да ги добијам", рече таа.

Вели дека ненадејниот пресврт во нејзината кариера ја натерал да размисли и да се преиспита, па решила да им помогне на другите луѓе со хронични воспалителни проблеми.

"Еден ден се разбудив со толку силна болка што мојот сопруг мораше да ме извлече од креветот. Едноставно не можев да го мрднам телото. Веднаш побарав медицинска помош и тоа беше почетокот на моето патување до дијагнозата".

„Не можев да ги кренам рацете и рамената, лактите, тупаниците и стапалата ме болеа“, објасни таа. „Тешко ми беше да ја четкам косата и да станам од креветот.

Иако беше врвна спортистка со пристап до најдобра медицинска нега, и требале неколку месеци за да добие точна дијагноза.

Возниацки сега сака да биде позитивен пример за другите кои се борат со слични здравствени проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер